Canon imageRUNNER 1435i

imageRUNNER 1435i

Овој повеќефункционален A4 уред е дизајниран за деловно работење со мали трошоци и нуди брзо и ефикасно печатење во боја. Компактниот дизајн му овозможува совршено вклопување во различни опкружувања и може да се постави на работна маса или на под.

Придобивки

  • Печатење, копирање, скенирање во боја и испраќање
  • Црно-бело печатење на A4 формат со брзина до 35 стр./мин. кое е ефикасно во поглед на трошоците
  • Капацитет до 1100 листови
  • Скенирајте кон различни дестинации со поддршка за PDF (OCR) документи со можност за пребарување
  • Genuine Adobe Postscript и PCL
  • Лесно управување со уредот и тимот со интеграција на контрола на трошоци
  • Потрошни материјали кои се едноставни за користење
  • Поддршка за печатење и скенирање преку мобилен уред *
  • Мала потрошувачка на енергија

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER 1435i

Поедноставете ги вашите работни процеси со документи


imageRUNNER 1435i може да се справи со работните задачи на малите динамични работни групи, благодарение на робустниот дизајн, максималниот капацитет за хартија од 1.100 листови и големата брзина на печатење до 35 стр./мин. Едноставно и интуитивно ракување со документи, како и брзо скенирање во боја и конверзија во голем избор на формати. Исто така, корисниците можат лесно да скенираат и испраќаат документи директно кон различни дестинации, вклучувајќи е-пошта и споделени папки. Можностите за печатење и скенирање од мобилни уреди, како можноста за директно скенирање кон или печатење од USB меморија, нудат зголемена флексибилност.

Контролирајте ги вашите трошоци


Овој уред нуди комбинација од можности на повеќе уреди во еден уред и нуди ефикасно печатење во однос на трошоците. Вкупните трошоци за печатење можат дополнително да се намалат преку опциите кои ги елиминираат административните и раководните обврски, односно автоматско мерење, управување со тонерот и далечинско дијагностицирање, како и опции за централизирано управување со уреди и тимови.
Згора на тоа, контролирањето на трошоците за печатење никогаш не било поедноставно со вградената поддршка за софтверот uniFLOW кој нуди поголема транспарентност и управување, овозможувајќи ви да следите и плаќате одредени задачи за печатење на индивидуалци, оддели, локации и проекти, како и да создавате кориснички извештаи.

Заштитете ги вашите доверливи информации


Вашите информации се заштитени со повеќе стандардни функции како вградено безбедно печатење, како и поддршка за сигурносни протоколи за мрежи со индустриски стандарди како IP Sec. Дополнителните сигурносни опции, вклучувајќи контрола на пристап за корисници и шифрирани PDF документи нудат зголемени нивоа на сигурност за заштита на вашите доверливи информации.

Ефикасно управување со вашите уреди


Опремен со новиот контролер imageRUNNER, тој беспрекорно се интегрира во ИТ опкружувањата и поддржува стандарди како PCL и Genuine Adobe PS. imageRUNNER 1435i го олеснува управувањето и администрацијата на вашиот тим со автоматско мерење, управување со потрошни материјали и дијагностика. Далечинските ажурирања на фирмверот може да се направат преку уредот со што дополнително се намалува времетраењето на прекинот на работата. imageRUNNER 1435i со својот компактен дизајн, независно дали е поставен на работна маса или самостојно, во комбинација со опциите за напредно управување е совршен за балансирана употреба со поголемите палети imageRUNNER и imageRUNNER ADVANCE.

Бидете одговорни кон животната средина


Овој уред со ENERGY STAR® сертификат ги исполнува најновите услови за еколошки стандарди како што е ознаката Blue Angel, нуди мала оценка за TEC и троши само 2 W или помалку во режим на мирување. Освен тоа, одредени делови на imageRUNNER 1435i е изработен од рециклирани пластики и биопластики.

*некои апликации се достапни преку надградба на фирмверот

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 1435i, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.