Canon imageRUNNER 1435P

imageRUNNER 1435P

Издржлив црно-бел ласерски печатач со високи перформанси кој нуди економично и сигурно печатење.

Придобивки

  • Црно-бело печатење со брзина од 35 стр./мин.
  • Капацитет за хартија до 1.100 листови
  • Поддршка за беспрекорна интеграција во ИТ системи
  • Контрола на трошоците и сигурносни функции
  • Лесно управување со уредот и тимот
  • Потрошни материјали кои се едноставни за користење
  • Мала потрошувачка на енергија

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon imageRUNNER 1435P

Продуктивно црно-бело печатење со високи перформанси


Процесорот со високи перформанси и брзина од 35 стр./мин., во комбинација со капацитетот за хартија од максимум 1.100 листови и цврстиот дизајн, му овозможува на imageRUNNER 1435P да биде совршен за динамични и мали работни групи. Многубројните опции за поврзување наменети за работниците кои се во движење, меѓу кои и печатење од USB мемориски уреди и мобилни уреди, ја одржуваат продуктивноста на работниците кои патуваат.

Контролирајте ги вашите трошоци


Технологијата на Canon за одделување на тонерот и барабанот го намалува отпадот и овозможува економично црно-бело печатење за малите работни групи.
Автоматско двострано печатење и сигурно печатење како стандардна опција за намалување на отпадот и намалување на трошоците. За тимовите може да се врши дополнителна контрола на трошоците со помош на вградената поддршка за софтверот uniFLOW на Canon кој им овозможува на организациите да следат и да наплаќаат одредени задачи за печатење на индивидуалци, оддели, локации и проекти, а овозможува и создавање кориснички извештаи.

Ефикасно управување со вашите уреди


Благодарение на новиот контролoр imageRUNNER, уредот може да се управува ефикасно и на сличен начин како и нашата серија imageRUNNER ADVANCE. Можностите за далечински услуги за автоматско управување со тонерот, дијагностика и мерење ги отстрануваат административните потреби кај корисниците.
За поголемите тимови, imageRUNNER 1435P нуди и можности за далечинско сериско конфигурирање и ажурирање на фирмверот, со цел да обезбеди едноставно и доследно управување со тимовите.
Вградената поддршка за индустриските стандарди како PCL и Genuine Adobe® PostScript 3™ овозможува интеграција на уредот во ИТ опкружувањата без потешкотии.

Заштитете ги вашите доверливи информации


Чувствителните информации се заштитени со повеќе стандардни функции како вградено безбедно печатење, како и поддршка за сигурносни протоколи за мрежи со индустриски стандарди како IP Sec. За поголеми тимови и претпријатија, imageRUNNER 1435P се одликува со вградена компатибилност со решението за управување со печатењето uniFLOW кое е водечко во индустријата и нуди сигурносно издание на My Print Anywhere, интеграција на читач за картички и централизирана контрола на пристап.

Бидете одговорни кон животната средина


Овој уред со ENERGY STAR® сертификат ги исполнува најновите услови за еколошки стандарди како што е ознаката Blue Angel, нуди мала оценка за TEC* и троши само 2 W или помалку во режим на мирување.
* Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 1435P, неговите функции и можности.

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.