Canon imageRUNNER 1750i

imageRUNNER 1750i

Овој уред за А4 формат кој е компактен, заштедува простор и се одликува со голема брзина, е идеален за динамичните канцеларии. Продуктивните повеќефункционални можности ви заштедуваат време, а функциите за намалување на трошоците ви помагаат да заштедите и пари.

Придобивки

  • Печатење, копирање, скенирање, испраќање и изборен факс
  • Брзина на печатење до 50 стр./мин.
  • Поголем капацитет на хартија до 2300 листови
  • LCD екран на допир од 5,7” со можност за закосување
  • Изборна компактна единица за завршна обработка со захефтување
  • Можност за поврзување во мрежа, PCL и поддршка за PS
  • Енергетска ефикасност
  • uniFLOW и можност за e-Maintenance

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon imageRUNNER 1750i

Напредна продуктивност


Со брзина на печатење до 50 стр./мин., максимален капацитет на хартија од 2300 A4 листови и единица за завршна обработка која заштедува простор, компактниот imageRUNNER1750i е изработен за постигнување на високи нивоа на продуктивност кај работните групи во најдинамичните канцеларии. Интуитивниот 5,7-инчен екран на допир може да се закоси за да одговара на секој корисник.

LDAP пребарувањето го забрзува и олеснува дистрибуирањето на e-mail преку брза резолуција на адреси, при што се заштедува време и се подобруваат работните процеси во канцеларијата. Исто така, уредот овозможува директно испраќање на скенираните документи во боја на e-mail. Освен тоа, imageRUNNER1750i нуди практично скенирање на - или печатење од - USB мемориски уред*.

Контрола на трошоците


Компатибилноста со софтверот uniFLOW на Canon обезбедува поголема транспарентност на трошоците, овозоможувајќи ви следење и плаќање на одредени задачи за печатење на индивидуални лица, оддели, локации и проекти.

Компатибилноста со e-Maintenance на Canon може дополнително да го подобри времето на активна работа преку далечинско дијагностицирање, автоматско мерење и надгледување на потрошните материјали за намалување на времето за вршење административна дејност. А со плаќањето со кликнување, плаќате само за она што ќе го испечатите, а тоа ви овозможува поголема контрола на трошоците.

Безбедност


Вградената функција за безбедност го “одложува” печатењето на материјалите сè додека соодвентиот корисник не се идентификува со помош на PIN број. Тоа го спречува насобирањето на документи во излезниот фах и нивното прегледување од страна на неовластени лица. Може да се складираат до 100 одеднаш. Или, пак, ако го користите решението uniFLOW на Canon, може да направите комбинација со системи за безбедност со картички, кои на корисниците ќе им овозможат директно да пристапат и печатат задачи по нивна желба. По печатењето документите се бришат, при што се добива одлична контрола на документите.

Уште помало влијание врз животната средина


imageRUNNER1750i може да се квалификува за ENERGY STAR®, се одликува со исклучително мала оценка за TEC (вкупна потрошувачка на струја) и троши енергија од само 1 ват во режим на мирување. Високо-продуктивното двострано печатење ви заштедува повеќе пари и време - а исто така и хартија.

Интегрирање во мрежа


imageRUNNER1750i лесно може да се приклучи на вашата мрежа и беспрекорно да се интегрира во вашата постоечка IT структура и работно опкружување за печатење, со помош на поддршката за UFRII-LT/PCL и PostScript. Компатибилноста со uniFLOW му овозможува на уредот да биде во чекор со сите imageRUNNER ADVANCE уреди за ефикасно справување со различните трошоци. Штом ја поврзете, iW конзолата за управување (iWMC) обезбедува централизирано и далечинско надгледување и управување на сите уреди.

*Достапно само за JPEG и TIFF фајлови.
Уредот кој е прикажан на сликата погоре има изборни касети за хартија.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 1750i, неговите функции и можности.