Canon imageRUNNER 2202N

imageRUNNER 2202N

imageRUNNER 2202N е повеќефункционален A3 уред кој заштедува простор и нуди мрежно печатење што ги задоволува вашите основни потреби за црно-бело печатење со брзина од 22 стр./мин. Идеален за мали работни групи.

Придобивки

  • Црно-бело мрежно печатење, копирање и скенирање во боја во A3 формат
  • Брзина на печатење од 22 стр./мин.
  • Скенирање кон e-mail, поддршка за PDF со можност за пребарување(OCR) преку MF Toolbox
  • Поддршка за дополнителни јазици (арапски, руски, турски)
  • Може да се прилагоди за да одговара на вашите деловни потреби
  • Едноставна интеграција
  • Енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon imageRUNNER 2202N

Евтина цена


imageRUNNER 2202N е A3 уред со евтина цена кој користи тонер од Canon и технологија за долг работен век на барабанот, така што корисниците можат да ги користат нивните уреди подолг временски период без потреба за често менување на потрошните материјали.
Благодарение на својот компактен дизајн, тој може беспрекорно да се вклопи во секој канцелариски простор, независно дали тоа ќе биде на работна маса или на под со изборно рамно подножје. imageRUNNER 2202N е идеален за мали работни групи кои сакаат продуктивно и ефикасно решение за нивните основни потреби за печатење, копирање и скенирање.

Продуктивни


Лесно ракување со практичниот 5-линиски екран со задно осветлување кој им овозможува на корисниците да ги обработуваат нивните задачи побрзо. Поддршката за A4 и A3 формати нуди флексибилност при печатење на документи, а вградената можност за мрежно поврзување нуди директна интеграција во мрежата на вашата компанија, овозможувајќи едноставно споделување на уредот. Исто така, можете да ја зголемите продуктивноста и да заштедите хартија со изборната функција за автоматско двострано печатење.
Со интелигентната апликација MF Toolbox, корисниците можат да скенираат и испраќаат документи до однапред дефинирани e-mail адреси или да складираат во фолдери на компјутерот. Форматите како што се PDF фајловите со можност за пребарување и со висока компресија, како и прилагодувањето на подесувањата за скенирање, дополнително го олеснуваат снимањето, споделувањето и пронаоѓањето на податоците.

Флексибилен, за да одговара на индивидуалните деловни потреби


Без разлика дали вашето деловно работење има потреба од наједноставно или прилагодено решение за печатење, imageRUNNER 2202N ви нуди палета на стандардни или изборни функции кои ќе одговараат на вашите основни потреби. Поедноставете го копирањето или скенирањето на повеќе документи со изборен ADF или зголемете го капацитетот на хартија со изборна касета.
Поддршката за повеќе јазици за корисничкиот интерфејс и драјверите за печатење, вклучувајќи арапски, руски и турски, го прават овој уред соодветен за опкружувања со различни култури.

Безгрижно користење и контрола


Водичот за брза инсталација и едноставно поставување, кој можете да го отворите преку корисничкиот интерфејс, ви нудат решение кое е достапно веднаш по отпакувањето. Компатибилноста со e-Maintenance на Canon преку изборниот агент E-RDS овозможува подолго време на активна работа преку далечинско дијагностицирање и следење на потрошните материјали, а прецизното плаќање со автоматско исчитување на вредностите ви овозможува да се фокусирате на вашите деловни приоритети.

Енергетска ефикасност


imageRUNNER 2202N троши само 2 вати во режим на мирување, а технологијата за фиксирање по потреба на Canon овозможува брзо враќање во функција од режим на мирување, така што заштедувате енергија без да влијаете врз продуктивноста. Машината ги исполнува условите и за ENERGY STAR® сертификат.

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 2202N, неговите функции и можности.