Црно-бело копирање, скенирање и печатење во A3 формат со брзина до 22 стр./мин. Идеален за мали работни групи кои сакаат мали трошоци. Достапен само во одредени региони¹
Подетално разгледување на Canon imageRUNNER 2204
Достапниот 2204 е совршен уред за мали динамични канцеларии кој ја олеснува и забрзува секојдневната работа со документи и нуди опции за печатење, копирање и скенирање сместени во компактен уред.
Одликувајќи се со издржлив дизајн, 2204 е одличен за споделување и може да ги замени другите решенија за печатење, копирање и скенирање во канцеларијата – заштедувајќи ви простор и пари.
Сигурно и продуктивно печатење, копирање и скенирање со брзина до 22 стр./мин. кој ги забрзува секојдневните задачи со документи.
Интуитивниот екран на допир од 3,5 инчи нуди практично и едноставно користење со голем избор на јазици, меѓу кои и арапски.
Паметната апликација MF Toolbox од Canon го забрзува скенирањето и овозможува испраќање на документи кон адреси за е-пошта и папки, како и претворање на документите во PDF формати со голема компресија и можност за пребарување. Функцијата за копирање документи за идентификација овозможува брзо и лесно копирање на документи за идентификација како пасоши или лични карти на една страна од хартијата.
imageRUNNER 2204 е комплетно решение подготвено за употреба кое може да се постави за неколку минути со помош на вградениот водич за поставување. Робустниот дизајн овозможува максимална продуктивност за малите динамични канцеларии.
Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши 2W или помалку во режим на мирување.
¹ Овој модел е достапен само преку Canon Middle East, Canon Eurasia, Canon South Africa, Canon Central and Eastern Europe, Canon North Africa и Canon Russia.
* Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER 2204, неговите функции и можности.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.