Canon imageRUNNER ADVANCE 500i

imageRUNNER ADVANCE 500i

Создаден за динамични работни групи, овој компактен imageRUNNER ADVANCE нуди комбинација од ефикасно црно-бело печатење и интелигентно ракување со документи за оптимизирање на работните процеси, заштеда на пари и заштита на доверливи информации.

Придобивки

  • Ефикасно црно-бело печатење на A4 формат со брзина до 50 стр./мин.
  • Дизајн кој ќе ви заштеди простор
  • Прилагодлив SVGA екран на допир во боја од 17,8 cm со можност за закосување
  • Капацитет до 2.300 листови
  • Моќно снимање, контрола на трошоци и интеграција
  • Напредни опции за безбедност
  • Врвна класа на енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE 500i

Продуктивно печатење и снимање


imageRUNNER ADVANCE 500i може да се справи со работните задачи на динамичните работни групи и оддели, благодарение на робустниот дизајн, капацитетот за хартија од 2.300 листови и големата брзина на печатење до 50 стр./мин. Големиот екран на допир во боја, интуитивните менија и интелигентната проверка на идентитетот на корисникот обезбедуваат уникатно персонализирано доживување и ракување без напор. Едноставно ракување со документи, брзо скенирање во боја и конверзија во голем избор на формати. Документите можат да се следат, заштитат, потпишат, архивираат и испратат на повеќе дестинации. За потполна оптимизација на процесите, сите imageRUNNER ADVANCE уреди беспрекорно се интегрираат со голем број на моќни софтвери за печатење и управување со информации.

Контролирајте ги трошоците


Наградуваната¹ интелигентна проверка на идентитетот на корисникот ви овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност и следење на активностите преку извештаи. За намалување на трошоците за управување, овој компактен уред нуди функции од повеќе уреди во еден уред кој може постојано да се управува, како дел од палетата на imageRUNNER ADVANCE уреди. Софтверот uniFLOW нуди дополнителна ефикасност преку избор на центар за трошоци, пренасочување на задачите за печатење и детални извештаи.

Обезбедете ги вашите информации


Вашите информации се заштитени со повеќе стандардни функции како безбедно печатење, контрола на пристапот и правата на корисниците, извештај за активностите и безбедно бришење на задачите од хард диск драјвот. Дополнителните безбедносни опции нудат усогласеност со највисоките нивоа на безбедност, како и можности кои се водечки во индустријата како на пр. можност за откривање или спречување на узурпирање преку спречување на губењето податоци од материјалите при печатење, копирање, скенирање и испраќање на факсови.

Ефикасно интегрирање и управување


Поддршката за индустриските стандарди комбинирана со моќната платформа MEAP на imageRUNNER ADVANCE обезбедува беспрекорна интеграција во IT опкружувања и одлична врска со наградуваната палета на решенија за документи на Canon². Постојаната платформа на imageRUNNER ADVANCE и алатките за управување ви овозможуваат централно и ефикасно конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување.

Грижа за екологијата


Врз основа на наградуваните технологии³, овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши само 1 W или помалку во режим на мирување. Придржувајќи се до највисоките нивоа на усогласеност за заштита на животната средина, одредени делови во уредот се изработени со користење на био и рециклирана пластика.

¹ Универзалниот управувач за најавување на Canon ја доби BLI наградата за исклучително достигнување во иновативноста за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
² Canon ја доби BLI наградата за палета на годината за решенија за обработка на слика и документи за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
³ Canon ја доби BLI наградата за енергетски ефикасна палета на годината за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
* Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE 500i, неговите функции и можности.

colleagues discussing data

uniFLOW Online Express

Преземете ја контролата врз управувањето и трошоците за печатење преку оптимизирање на вашите уреди од Canon со безбедно решение основано врз Cloud. Софтверот uniFLOW Online Express, што е достапен кај најновите канцелариски уреди од Canon, ќе ја подобри продуктивноста и ќе ја врати вашата инвестиција. Надградете ги вашите уреди преку регистрација на интернет.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.