Canon imageRUNNER ADVANCE 6265i

imageRUNNER ADVANCE 6265i

Нудејќи брзо и ефикасно црно-бело печатење за опкружувања со големи потреби, овој интелигентен повеќефункционален уред ќе ги подобри работните процеси со вашите документи, ќе ги заштити доверливите информации и ќе го намали штетното влијание врз животната средина.

Придобивки

  • Ефикасно и сигурно печатење до 65 стр./мин.
  • Прилагодлив SVGA екран на допир во боја од 21,3 cm
  • Капацитет за хартија до 7.700 листови
  • Брзо снимање и одлични можности за интеграција
  • Напредни опции за завршна обработка и безбедност
  • Врвна енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE 6265i

Продуктивна комуникација


iR-ADV 6265i на сигурен начин ќе се справи со работните задачи на динамичните канцеларии благодарение на робустниот дизајн, големата брзина на печатење и капацитетот за хартија до 7.700 листови. Флексибилното управување со медиуми во комбинација со бројните напредни опции за софтверска и завршна обработка овозможуваат публикувањето на документите да се претвори во брза и ефикасна задача. Можно е да се изврши автоматско захефтување, вметнување документи, правење дупки, печатење брошури, како и C/Z превиткување.

Моќните можности за снимање ќе ви зачуваат време преку брзо двострано скенирање на документи во едно поминување до 200 слики/мин. Документите може да се конвертираат во повеќе формати вклучувајќи PDF со можност за пребарување и Office Open XML (PowerPoint), како и да бидат следени, обезбедени, потпишани, архивирани и испратени на различни одредишта.

Ненадминато корисничко доживување


Големиот екран на допир од 21,3 cm, интуитивните менија и интелигентната проверка на идентитетот на корисникот обезбедуваат уникатно персонализирано доживување и ракување без напор. Исто така, корисниците може да ги регистрираат своите секојдневни задачи како копчиња со еден допир заради полесен пристап.

Обезбедете ги вашите информации


Вашите информации се заштитени со повеќе стандардни функции како безбедно печатење, контрола на пристапот и правата на корисниците, извештај за активностите, како и безбедно бришење на задачите од хард диск драјвот. Дополнителните безбедносни опции нудат усогласеност со највисоките нивоа на безбедност, како и можности кои се водечки во индустријата како на пр. можност за откривање или спречување на узурпирање преку спречување на губењето податоци од материјалите при печатење, копирање, скенирање и испраќање на факсови.

Ефикасно интегрирање и управување


Поддршката за индустриските стандарди комбинирана со моќната платформа MEAP обезбедува беспрекорна интеграција во IT опкружувања, работни процеси со документи и решенија за управување, како и во услугите базирани на Cloud. Алатките за управување со уредот ви овозможуваат централно и ефикасно конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување. uniFLOW софтверот на Canon нуди дополнителна ефикасност преку избор на центар за трошоци, пренасочување на задачите за печатење и детални извештаи.

Грижа за екологијата


Овој уред кој се квалификува за ENERGY STAR® нуди една од најниските вредности на TEC* во својата класа и троши енергија од само 1W во режим на мирување. Копчето за заштеда на енергија, плус вградените тајмери за дневно и неделно исклучување, дополнително ја намалуваат потрошувачката на енергија. Исто така, онаму каде што е можно, овој уред се изработува со користење на био и рециклирана пластика.

* Типична потрошувачка на електрична енергија - Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE 6265i, неговите функции и можности.

  • Canon
  • ARCH 000 imageRUNNER ADVANCE 6265i