Canon imageRUNNER ADVANCE 6275i Спецификации

ОСНОВНИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Тип на машина

Повеќефункционален црно-бел ласер. (одделно читач/печатач)

Најважни достапни функции

iR-ADV 6255i: печатење, копирање*, скенирање*, испраќање* и изборен факс
iR-ADV 6265i: печатење, копирање*, скенирање*, испраќање* и изборен факс
iR-ADV 6275i: печатење, копирање*, скенирање*, испраќање* и изборен факс
* Потребна е ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-E1
За верзијата само за печатење потребен е КАПАК НА ПЕЧАТАЧ-B1

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ПЕЧАТАЧ

Брзина на печатење

iR-ADV 6255i: 55 стр./мин. (A4), 32 стр./мин. (A3), 40 стр./мин. (A4R), 35 стр./мин. (A5R)
iR-ADV 6265i: 65 стр./мин. (A4), 32 стр./мин. (A3), 47 стр./мин. (A4R), 35 стр./мин. (A5R)
iR-ADV 6275i: 75 стр./мин. (A4), 37 стр./мин. (A3), 54 стр./мин. (A4R), 35 стр./мин. (A5R)

Метод на печатење

Црно-бело печатење со ласерски зраци

Резолуција на печатење

1200 dpi x 1200 dpi, 600 dpi x 600 dpi

Двострано печатење

Автоматски (стандардно)

Печатење од мемориски медиуми

Директно од USB мемориски уред, мемориски картички (SD, Compact Flash и Memory Stick преку изборна единица за ЧИТАЊЕ/ЗАПИШУВАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ КАРТИЧКИ-A2), далечински кориснички интерфејс, напреден простор и веб пристап
Поддржани типови на фајлови: JPEG, TIFF, PDF*, XPS*. * Потребен е PS КОМПЛЕТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ-AV1 за PDF или КОМПЛЕТ ЗА ДИРЕКТНО ПЕЧАТЕЊЕ (за PDF/XPS)-H1 за PDF/XPS. Не е достапно директно печатење на XPS од отстранливи медиуми.

Поддршка за печатење од мобилни уреди и печатење преку Cloud

Достапен е широк избор на софтверски и решенија базирани на MEAP за да се обезбеди печатење од мобилни уреди или уреди поврзани на интернет и услуги базирани на Cloud во зависност од вашите потреби. Ве молиме обратете се кај вашиот претставник за продажба за дополнителни информации.

Внес на хартија (стандарден)

2 x касети за 1500 листови + 2 x касети за 550 листови (80 gsm)
Повеќенаменски фах за 100 листови

Внес на хартија (опција)

1x страничен магацин за хартија за 3500 листови (A4, 80 gsm) (МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-A1 за A4)
1x страничен магацин за хартија за 3500 листови (A4, 80 gsm) (МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-D1 за A3)

Максимален капацитет за внес на хартија

7700 листови (80 gsm)

Капацитет на излезно лежиште за хартија

Со фах за копирање : 250 листови(A4, 80 gsm).
Со фах за поместување : 500 листови(A4, 80 gsm).
Со надворешни единици за завршна обработка: макс. 4000 листови(A4, 80 gsm).

Можности за завршна обработка

Со единици за завршна обработка: подредување, групирање, офсет печатење, захефтување, средишно спојување, правење дупки, вметнување, C и Z превиткување

Поддржани типови на медиуми

Горна лева/десна касета(1/2):
Тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, меморандуми, хартија за поврзување
Долни касети (3/4):
Тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, меморандуми, хартија за поврзување, хартија за картички*.
*Хартијата за картички може да се повлекува од касетите 3 и 4 кога е инсталиран изборниот ДОПОЛНИТЕЛЕН КОМПЛЕТ ЗА СНАБДУВАЊЕ СО КАРТИЧКИ-B1.
Повеќенаменски фах:
Тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, за поврзување, транспарентна хартија, етикети, меморандуми, хартија за поврзување, пликови
МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-A1: тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, меморандуми, хартија за поврзување
МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-D1: тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, меморандуми, хартија за поврзување

Поддржани големини на медиуми

Горна лева/десна касета(1/2):
Стандардна големина: A4, B5
Долни касети (3/4):
Стандардна големина: A4, A4R, A3, A5R, B5, B5R
Слободна големина: 139,7 mm x 182 mm до 297 mm x 487,7 mm
Повеќенаменски фах:
Стандардна големина: A4, A4R, A3, A5R, B5, B5R, пликови(бр. 10(COM 10), ISO-B5, Monarch, ISO-C5, DL)
Слободна големина: 100 mm x 148 mm до 297 mm x 487,7 mm
МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-A1: A4
МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-D1: A4, A3

Поддржани тежини на медиуми

Касети: 52 до 220 gsm
Повеќенаменски фах: 52 до 256 gsm
Двострано: 52 до 220 gsm

Јазик(ци) за опис на страница

UFRII / PCL5e/6 (стандардно)
Genuine Adobe Postscript ниво 3 (опција)

Фонтови

PCL фонтови: 93 Roman, 10 Bitmap фонтови, 2 OCR фонтови, Andalé Mono WT J/K/S/T* (Јапонски, Корејски, едноставен и традиционален Кинески) *потребен е изборен КОМПЛЕТ МЕЃУНАРОДНИ PCL ФОНТОВИ-A1.
PS фонтови: 136 Roman

Компатибилност со оперативни системи

UFRII: Windows XP/ Server 2003/ Vista/ Server 2008/ Windows 7/ Server 2008 R2/Windows 8, MAC OS X (10.4.9 или понов)
PCL: Windows XP/ Server 2003/ Vista/ Server 2008/ Windows 7/ Server 2008 R2/Windows 8
PS: Windows XP/ Server 2003/ Vista/ Server 2008/ Windows 7/ Server 2008 R2/Windows 8, MAC OS X (10.4.9 или понов)
PPD: MAC OS 9.1 или понов, MAC OS X (10.2.8 или понов), Windows Server 2003/ Server 2008/ XP/ Vista/ Windows 7/Windows 8
Ве молиме погледнете на http://software.canon-europe.com/ за достапноста на решенијата за печатење за други оперативни системи и опкружувања, вклучувајќи AS/400, UNIX, Linux и Citrix. За некои од овие решенија треба да се плати.
Уредите од типот SAP се достапни преку пазарот за SAP.

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА КОПИРАЊЕ

Брзина на копирање

iR-ADV 6255i: 55 стр./мин. (A4), 32 стр./мин. (A3), 40 стр./мин. (A4R), 35 стр./мин. (A5R)
iR-ADV 6265i: 65 стр./мин. (A4), 32 стр./мин. (A3), 47 стр./мин. (A4R), 35 стр./мин. (A5R)
iR-ADV 6275i: 75 стр./мин. (A4), 37 стр./мин. (A3), 54 стр./мин. (A4R), 35 стр./мин. (A5R)

Потребно време до излегување на првата копија (FCOT)

iR-ADV 6255i: прибл. 3,3 секунди или помалку
iR-ADV 6265i: прибл. 3,3 секунди или помалку
iR-ADV 6275i: прибл. 3,1 секунди или помалку

Резолуција на копирање

Читање: 600 dpi x 600 dpi
Печатење: 1200 dpi x 1200 dpi

Повеќекратно копирање

До 999 копии

Намалување/зголемување

Зум: 25-400 % со чекор на зголемување од 1 %
Фиксен сооднос на зумирање: 25 %, 50 %, 70 %, 100 %, 141 %, 200 %, 400 %

СПЕЦИФИКАЦИИ НА КОНТРОЛОРОТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ FIERY

Изборен/стандарден

Изборно кај сите модели

Име

imagePASS-U2 (надворешно)

Јазик(ци) за опис на страница

PCL и Adobe Postscript 3

Меморија

2 GB

Хард диск драјв

250 GB

Брзина на процесор

Intel Pentium dual core E5300 2,6GHz

Фонтови

PS: 136 Adobe PS фонтови
PCL: 113 PCL фонтови

Поддржани оперативни системи

Windows XP(SP3)/Server 2003 (SP2)/ Server 2008 (SP2)/ Vista (SP2)/ Vista SP1/
Windows 7, MAC OS (10.5 или понов)

Интерфејс

2 x Етернет (1000Base-T/100Base-TX/10Base-T), USB x 5 (преден x 1, заден x 4)

Мрежни протоколи

TCP/IP (LPD/ Port 9100/ IPP/ SMB/ FTP), ATP/ DDP (AppleTalk)

Друго

SEEQUENCE COMPOSE, SEEQUENCE IMPOSE, SEEQUENCE SUITE

СПЕЦИФИКАЦИИ НА СКЕНИРАЊЕ

Изборен/стандарден

ЕДИНИЦАТА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-G1 овозможува: скенер во боја со рамно лежиште и двостран автоматски механизам за снабдување со документи за 300 листови (двострано скенирање во боја во 1 поминување).

Тип

Рамно лежиште во боја плус двостран автоматски механизам за снабдување со документи во едно поминување (двострано скенирање во 1 поминување)

Поддржана големина(и) на медиуми

A3, A4, A4R, A5, A5R, слободни големини (Ш x Д): мин. 139,7 mm x 128 mm, макс. 432 mm x 304,8 mm

Поддржана тежина(и) на медиуми

Еднострано скенирање: 38 до 220 gsm/64 до 220 gsm (Ц-Б/БОЈА); двострано скенирање: 50 до 220 gsm/64 до 220 gsm (Ц-Б/БОЈА)

Резолуција на скенирање

100 dpi, 150 dpi, 200 x 100 dpi, 200 dpi, 300 dpi, 200 x 400 dpi*, 400 dpi*, 600 dpi*
* Потребна е изборна меморија од 512MB

Двострано скенирање

2-страно на 2-страно (автоматски)

Брзина на скенирање

Еднострано скенирање (A4, 300 dpi): 120/85 слики/мин. (Ц-Б/БОЈА); двострано (A4, 300 dpi): 200/100 слики/мин. (Ц-Б/БОЈА)

Методи на скенирање

Функцијата за испраќање е достапна кај сите модели
Скенирање на USB мемориски уред: достапно кај сите модели
Скенирање на мобилни уреди или уреди поврзани на интернет: достапен е широк избор на решенија за да се обезбеди скенирање на мобилни уреди или уреди поврзани на интернет во зависност од вашите потреби. Ве молиме обратете се кај вашиот претставник за продажба за дополнителни информации.
Скенирање кон услуги базирани на Cloud: достапен е широк избор на решенија за да се обезбеди скенирање кон услуги базирани на Cloud во зависност од вашите потреби. Ве молиме обратете се кај вашиот претставник за продажба за дополнителни информации.
Скенирањето со повлекување од тип TWAIN/WIA е достапно кај сите модели

Спецификации на скенирање со повлекување

TWAIN преку мрежен TWAIN драјвер (Colour Network ScanGear)
Поддржани оперативни системи: Windows 2000/Windows XP/Windows Server 2003/Windows Vista/Windows Server 2008/Windows 7/Windows 8 (32-битен, 64-битен во компатибилен режим)
WIA преку мрежен WIA драјвер
Поддржани оперативни системи: Windows Vista/Windows Server 2008/Windows 7/Windows 8 (32-битен, 64-битен)

Изборен/стандарден

Стандардно кај сите модели (потребна е ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-E1)

Резолуција на испраќање

100 dpi, 150 dpi, 200 x 100 dpi, 200 dpi, 300 dpi, 200 x 400 dpi*, 400 dpi*, 600 dpi*
* Потребна е изборна меморија од 512MB

Дестинации

E-mail/интернет факс (SMTP), PC (SMB, FTP), WebDAV

Адресар/ броеви за брзо бирање

LDAP (1000)/локално (макс. 500)

Формати на фајлови

TIFF, JPEG, PDF, XPS, PDF/XPS со висока компресија, PDF/XPS со можност за пребарување, PDF/A-1b, Office Open XML (PowerPoint)

Универзални комплети на функции за испраќање

УНИВЕРЗАЛЕН КОМПЛЕТ НА НАПРЕДНИ ФУНКЦИИ ЗА ИСПРАЌАЊЕ-E1 (изборно): креирајте PDF скици (траг и рамномерност) и Adobe Reader дополнителни компоненти на PDF
УНИВЕРЗАЛЕН КОМПЛЕТ НА БЕЗБЕДНОСНИ ФУНКЦИИ ЗА ИСПРАЌАЊЕ-D1 (изборно): испраќајте шифриран PDF и додавајте дигитален потпис на уредот кај PDF/XPS фајловите.
УНИВЕРЗАЛЕН КОМПЛЕТ ЗА ИСПРАЌАЊЕ СО ДИГИТАЛЕН ПОТПИС НА КОРИСНИК-C1 (изборно): додавајте дигитален потпис на корисникот кај PDF/XPS фајловите.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ФАКС

Изборен/стандарден

Изборно кај сите модели

Брзина на модем

Super G3 33,6kbps (до 3 секунди/страница)¹

Резолуција на факс

Стандардно: 200 x 100 dpi
Фино: 200 x 200 dpi
Супер фино: 200 x 400 dpi
Ултра фино: 400 x 400 dpi

Факс меморија

До 8000 страници¹

Броеви за брзо бирање

Макс. 200

Групно бирање/одредишта

Макс. 199 броеви за бирање

Секвенцијално пренесување

Макс. 256 адреси од адресарот плус 256 нови одредишта

Резервна копија на меморија

3 часа

Други опции

Проследување преку факс, двоен пристап, PC факс (само TX)

ОПШТИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Потребно време за загревање

Прибл. 30 секунди од вклучување (нормален режим), 7 секунди од вклучување (режим на брзо вклучување),
30 секунди од режим на мирување

Тип на интерфејс

USB 2.0 Hi-Speed
Етернет 1000BaseT/100Base-TX/10Base-T
2 x USB Host (2.0)

Мрежни протоколи

TCP/IP* (LPD/ Port 9100/ WSD/ IPP/ IPPS/ SMB/ FTP), IPX/ SPX (NDS, Bindery), AppleTalk
*Поддршка за IPv4/IPv6

Брзина на процесор

1,8 Ghz

Меморија

2GB (изборна меморија од 512MB за скенирање во боја и испраќање документи со над 300 dpi)

Хард диск драјв

Стандарден хард диск драјв од 160 GB (простор за користење 160 GB)/ изборен хард диск драјв од 1 TB (простор за користење 1 TB)

Контролен панел

TFT LCD SVGA екран на допир во боја од 21,3 cm (8,4 инчи), изборен TFT SVGA екран на допир во боја од 26,4 cm (10,4 инчи) со можност за завртување

Димензии (Ш x Д x В)

645 mm x 770 mm x 1220 mm (со ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-G1)

Простор за инсталирање (Ш x Д)

1362 mm x 1289 mm (основно: само повеќенаменскиот фах + отворени фиоки на касети + фах за копирање)
2381 mm x 1353 mm (целосна конфигурација: вклучена единица за завршна обработка на брошури + A3 магацин за хартија + единица за вметнување и превиткување + единица за правење дупки + отворени фиоки на касети)

Тежина

Прибл. 234 kg (со ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-G1)

Работни услови

Температура: 10 до 30 ºC (50 до 86 ºF)
Влажност: 20 до 80 % RH (без кондензација)

Извор на напојување со енергија

220-240 V (±10 %), 50/60 Hz (±2 Hz), 10 Amp

Потрошувачка на енергија

Максимум: прибл. 2,4 KW
Режим на подготвеност: прибл. 246 W
Режим за заштеда на енергија: прибл. 223 W
Режим на мирување: прибл. 0,9 W или помалку¹
Вредност на типична потрошувачка на електрична енергија (TEC)²
5,3 kWh (iR-ADV 6255i)
5,8 kWh (iR-ADV 6265i)
6,7 kWh (iR-ADV 6275i)
Lot26 (http://www.canon-europe.com/For_Work/Lot26/index.aspx)

Ниво на шум

Звучен притисок¹
Активен режим:
56 dB (iR-ADV 6255i)
57 dB (iR-ADV 6265i)
57 dB (iR-ADV 6275i)
Режим на подготвеност:
36 dB

Софтвер и управување со печатач

iW конзолата за управување: софтвер базиран на сервер, за централизирано управување со група на уреди (вклучувајќи следење на потрошни материјали, следење на статусот и предупредувања, дистрибуција на адресари, подесувања на конфигурација, firmware и MEAP апликации, снимање на бројач и известување, управување со драјвери и ресурси);
eMaintenance: компатибилност со услугите eMaintenance преку вграден RDS (овозможува снимање на бројач, автоматско управување со потрошни материјали, далечинско дијагностицирање и известување за обезбедувачите на услуги, за да се добие ефикасно, брзо и проактивно одржување)
Систем за испорака на содржини: овозможува далечинска дистрибуција на firmware, iR опции и MEAP апликации;
Далечински кориснички интерфејс (RUI) - веб-базиран интерфејс до секој уред, кој помага да се обезбеди далечинско управување и контрола врз уредите.
Network ScanGear: Драјвер за скенер усогласен со TWAIN, кој овозможува компјутерите на мрежата да ја искористат функционалноста на уредот за скенирање со повлекување.
Алатка за конфигурирање на драјвер на Canon: алатка за менување на фабричките зададени подесувања на драјверите за печатење на Canon (достапна само при сервисирање)
Инсталатор на уреди NetSpot: едноставна софтверска алатка која ви овозможува да ги поставите мрежните протоколи за уредите од Canon кои се поврзани на вашата мрежа.
MEAP (Multifunctional Embedded Application Platform - Повеќефункционална платформа за вградени апликации): моќна платформа со вградена JAVA за уреди од Canon, која обезбедува одлично поврзување помеѓу широк избор на софтверски решенија и уредот.
MEAP Web: веб услуга која е алтернатива на MEAP и овозможува равивање и активирање на MFP апликациите преку веб услуги

Сигурносни функции

Стандардно: филтрирање на IP/Mac адреса, IPSEC, SNMP V3.0, IEEE 802.1X, Trusted Platform Module (TPM), безбедно печатење, заклучување на хард диск со лозинка, бришење на хард диск, универзален управувач за најавување, ID на оддел, SSO, SSO-H, поштенско сандаче, систем за управување со пристап.
Изборно: шифрирано безбедно печатење, шифриран PDF, пресликување и шифрирање на хард диск драјв, потписи на корисник и уред, безбедносни водени печати, заклучување на скенирањето на документи, отстранување на хард диск.
За следните елементи потребен е uniFLOW: функција My Print Anywhere за безбедно печатење, спречување на губењето на податоци.

ПОТРОШНИ МАТЕРИЈАЛИ

Картриџ(и) со тонер

C-EXV 36 ЦРН ТОНЕР (потрошувачка 56000 страници¹)

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА ИЗБОРНИТЕ УРЕДИ

Единица за завршна обработка со захефтување

Име: ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА СО ЗАХЕФТУВАЊЕ-P1 (надворешно)
Број на фахови: 3
Капацитет на фах A (горе): A4 1300 листови, A3/A4R/A5 650 листови
Капацитет на фах B (средина): A4 2450 листови, A3/A4R/A5 650 листови
Капацитет на фах C (долу): A4/A5R 250 листови, A3/A4R 125 листови
Тежина на хартија: 60 до 256 gsm
Позиција на единица за захефтување: во агол, двојно
Капацитет на единица за захефтување: A4: 50 листови; A3/A4R: 30 листови;
Димензии (Ш x Д x В): 644 mm × 656 mm × 1121 mm (кога фахот за проширување не е извлечен)
Тежина: прибл. 48 kg

Единица за завршна обработка на брошури

Име: ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-P1 (надворешно)
Број на фахови: 3
Капацитет на фах A (горе): A4 1300 листови, A3/A4R/A5 650 листови
Капацитет на фах B (средина): A4 2450 листови, A3/A4R/A5 650 листови
Капацитет на фах C (долу): A4/A5R 250 листови, A3/A4R 125 листови
Тежина на хартија: 60 до 256 gsm
Позиција на единица за захефтување: во агол, двојно
Капацитет на единица за захефтување: A4: 50 листови; A3/A4R: 30 листови;
Големина на хартија за спојување на брошури: A3, A4R
Капацитет на единицата за захефтување за спојување на брошури: 16 листови (64 страници, 64-81gsm) x 10 брошури
Димензии (Ш x Д x В): 646 mm × 656 mm × 1121 mm (кога фахот за проширување не е извлечен)
Тежина: прибл. 70,5kg

Магацин за хартија

Име: МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-A1
Големина на хартија: A4
Тежина на хартија: 52 до 220 gsm
Капацитет за хартија: 3500 листови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 323 mm x 583 mm x 570 mm
Тежина: прибл. 37 kg
Име: МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-D1
Големина на хартија: A4/A3/A4R
Тежина на хартија: 52 до 220 gsm
Капацитет за хартија: 3500 листови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 601 mm x 621 mm x 570 mm
Тежина: прибл. 57 kg

Единица/и за правење дупки

НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 2 ДУПКИ-A1*: 2 дупки
НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 4 ДУПКИ-A1*: 4 дупки (шведски)
НАДВОРЕШНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ 2/4 ДУПКИ-A1*: 2 дупки, 4 дупки (француски)
*Потребна е или ЕДИНИЦАТА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-P1 или ЕДИНИЦАТА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА СО ЗАХЕФТУВАЊЕ-P1
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 52 до 256 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки: 2 дупки A3, A4, A4R; 4 дупки: A3, A4

Единица за вметнување/превиткување документи

Единица за вметнување/превиткување документи-H1 (потребна е или единицата за завршна обработка на брошури-P1 или единица за завршна обработка со захефтување-P1)
Број на фахови за вметнување: 1 фах
Големина / тежина на хартија за вметнување: A3, A4, A4R, 60 до 256 gsm
Капацитет за вметнување: 100 листови (80 gsm)
Големина / тежина на хартија за C-превиткување: A4R/ 60 до 105 gsm
Капацитет за печатење со C-превиткување: 40 листови
Големина / тежина на хартија за Z-превиткување: A3, A4R/ 60 до 105 gsm
Капацитет за печатење со Z-превиткување: 40 листови
Димензии (Ш x Д x В): 662mm x 679mm x 1242mm
Тежина: прибл. 76kg

Единица за вметнување документи

Единица за вметнување документи-L1 (изборна, а за неа е потребна или единицата за завршна обработка на брошури-P1 или единица за завршна обработка со захефтување-P1)
Број на фахови за вметнување: 1 фах
Големина / тежина на хартија за вметнување: A3, A4, A4R, 60 до 256 gsm
Капацитет за вметнување: 100 листови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 662mm x 679mm x 1242mm
Тежина: прибл. 40kg

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ

Хардверска дополнителна опрема 1

КАПАК НА ПЕЧАТАЧ-B1: капак за печатач за главно тело без единица за исчитување на слики во боја.
ФАХ ЗА КОПИРАЊЕ-Q1: се обезбедува едноставен фах за основни излезни потреби. Капацитет: 250 листови (A4).
ФАХ ЗА ПОМЕСТУВАЊЕ-E1: капацитет: 500 листови
Дополнителен комплет за снабдување со картички-B1: на корисниците им овозможува печатење на хартија за картички со A4 големина, која се става во касетите за хартија 3 и 4

Хардверска дополнителна опрема 2

ЧИТАЧ НА КАРТИЧКИ ОД МАЛО РАСТОЈАНИЕ MiCARD PLUS: читач на картички од мало растојание наменет за проверка на идентитет на корисници базирана на картички, кој поддржува повеќе технологии на картички (HID, HiTag, Casi Rusco, Indala и MiFare итн.). Интеграција со Универзален управувач со најавување и uniFLOW.
ЧИТАЧ НА КАРТИЧКИ-F1: систем за пристап со магнетни физички картички. (Интеграција со ID на оддел, не се користи со uniFLOW)
ДОДАТОК СО ЧИТАЧ НА КАРТИЧКИ СО КОПИРАЊЕ-A2: само дополнителен комплет за читач на картички со копирање-F1.
ФАХ ЗА АЛАТКИ-A2: дополнителен фах за држење на надворешна USB тастатура.
ЕДИНИЦА ЗА ПЕЧАТИ-B1
КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ ВО ИСПРАВЕНА ПОЛОЖБА-B1: изборен TFT SVGA екран на допир во боја од 26,4 cm (10,4 инчи) со можност за завртување
ЛИСТ ЗА КОНТРОЛЕН ПАНЕЛ-E1

Дополнителна опрема за контролорот за печатење

КОМПЛЕТ МЕЃУНАРОДНИ PCL ФОНТОВИ-A1: додава PCL поддршка за Andalé Mono WT J/K/S/T (Јапонски/ Корејски/ едноставен Кинески/ традиционален Кинески).
PS КОМПЛЕТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ-AV1: додава поддршка за Genuine Adobe Postscript. Исто така, на корисниците им овозможува да печатат PDF/PS/EPS фајлови директно во уредот.)
КОМПЛЕТ ЗА ДИРЕКТНО ПЕЧАТЕЊЕ (ЗА PDF/XPS)-H1: на корисниците им овозможува да печатат PDF/XPS фајлови директно во уредот.
КОМПЛЕТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА БАР-КОДОВИ-D1: овозможува печатење на бар-кодови во SAP R/3 опкружувања, во други софтвери за планирање на ресурсите на претпријатијата (ERP), како и во апликации базирани на Windows.

Публикување на документи

IW DESKTOP: моќен софтвер за публикување на отпечатени материјали кој овозможува лесно комбинирање на документи од различни извори и формати на фајлови, примена на завршна обработка со прегледи и шаблони, заради создавање на документи со професионален изглед. Вклучува креирање на PDF, внесување коментари и можности за компресија за едноставните дигитални работни процеси како пробно печатење и овластување.

Контролор базиран на EFI-Fiery

IMAGEPASS-U2: Canon и EFI заеднички развија контролор за печатење базиран на FIERY кој е дизајниран за канцелариските работни групи со големи барања, кај кои е потребна висока продуктивност и прецизно печатење на бои. Поддржува PCL и Adobe PS3 печатење.
КОМПЛЕТ СО ОТСТРАНЛИВ ХАРД ДИСК ДРАЈВ-B4: на корисникот му обезбедува можност за отстранување на хард диск драјвот од серверот (кога не се користи) заради складирање на безбедна локација.

Контролор базиран на EFI-Fiery - опции 2

SEEQUENCE IMPOSE: решение со вкрстени платформи за распоредување страници на документи кое е достапно преку алатката Command WorkStation на контролорот базиран на FIERY.
SEEQUENCE COMPOSE: решение со вкрстени платформи за составување и правење композиција на документи за контролорот базиран на FIERY, кое е достапно преку алатката Command WorkStation.
SEEQUENCE SUITE: решение за распоредување страници и правење композиција на документи за контролорот базиран на FIERY, кое во еден пакет ги вклучува модулите SeeQuence Impose и SeeQuence Compose.

Системска дополнителна опрема

СОФТВЕР ЗА ПРИСТАП НА ИНТЕРНЕТ-H1: обезбедува пристап до веб-страници и други онлајн содржини на интернет.
SUPER G3 ФАКС КАРТИЧКА-AL1: придодава функција на факс.
SUPER G3 ФАКС КАРТИЧКА ЗА ВТОРА ЛИНИЈА-AL1: придодава втора линија за факс.
КОМПЛЕТ ЗА ДАЛЕЧИНСКИ ФАКС-A1: на уредот му овозможува примање и праќање факсови од друг уред поврзан со факс картичка.
ЕДИНИЦА ЗА ЧИТАЊЕ/ЗАПИШУВАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ КАРТИЧКИ-A2: надворешна единица со повеќе влезови, за читање/запишување на мемориски картички.
КОМПЛЕТ ЗА СЕРИСКИ ИНТЕРФЕЈС-K1: сериски интерфејс за Cost Recovery Solutions.
КОМПЛЕТ ЗА ИНТЕРФЕЈС ЗА КОНТРОЛА НА КОПИРАЊЕ-A1: овозможува поврзување (CCVI I/F) помеѓу терминал за контрола на копирање од трети страни и серијата imageRUNNER ADVANCE од Canon заради намалување на трошоците.
ДОПОЛНИТЕЛНА МЕМОРИЈА ОД ТИП D (512MB)

Дополнителна опрема за безбедност на уред

КОМПЛЕТ ЗА ШИФРИРАЊЕ И ПРЕСЛИКУВАЊЕ НА HDD ПОДАТОЦИ-C5: обезбедува шифрирање и пресликување на привремените и трајните податоци. Со шифрирањето се овозможува копираните или скенираните слики да бидат шифрирани ПРЕД да бидат зачувани на хард дискот од уредот. Комплетот вклучува Canon MFP безбедносен комплет 2.01 со Common Criteria level EAL3 сертификат. Со пресликувањето се копираат сите податоци во реално време, обезбедувајќи извонредно сигурна заштитна копија.
2,5INCH/160GB HDD-J1: дополнителен HDD е потребен за функцијата за пресликување на хард диск.
2,5 ИНЧИ/1TB HDD-K1: резервен HDD за зголемување на просторот за складирање на уредот. Забелешка: за функцијата за пресликување е потребен втор HDD од 1TB.
ОТСТРАНЛИВ HDD КОМПЛЕТ-AG1: овозможува физичко отстранување на хард диск драјвот кога уредот не се користи, за да се заштитат доверливите податоци.

Безбедност на документите

КОМПЛЕТ ЗА ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА СКЕНИРАЊЕТО НА ДОКУМЕНТИ-B1: се зголемува безбедноста на документите преку вметнување на скриена лента и код за заклучување во рамките на ископираните или отпечатените документи, за да се спречи неовластено копирање, испраќање и испраќање по факс.
БЕЗБЕДНОСЕН ВОДЕН ПЕЧАТ-B1: го спречува умножувањето на чувствителните отпечатени документи преку вметнување на скриени водени печати кои стануваат видливи при копирање.
СОФТВЕР ЗА ШИФРИРАНО БЕЗБЕДНО ПЕЧАТЕЊЕ-D1: шифрирање на задачите за печатење кои се на пат кон уредот и потребно внесување на лозинка во печатачот пред да може да се отпечатат документите.

Дополнителна опрема за пристапност

РАЧКА ЗА ПРИСТАП НА ADF УРЕДОТ-A1: се прикачува на механизмот за снабдување со документи, олеснувајќи го пристапот за корисниците кои седат.
СОФТВЕРСКИ КОМПЛЕТ ЗА ДАЛЕЧИНСКИ ПРИСТАП-B1: овозможува користење на екранот на контролниот панел на уредот од оддалечени компјутери.
КОМПЛЕТ ЗА ГЛАСОВЕН ВОДИЧ-F2: снимениот глас обезбедува потврда за основните подесувања на менито за копирање, правејќи го системот поедноставен за користење за луѓето со оштетен вид.
КОМПЛЕТ ЗА ГЛАСОВНО УПРАВУВАЊЕ-C2: на корисникот му овозможува да постави разни функции на уредот користејќи гласовни инструкции и звуци.

Други опции

КАРТРИЏ ЗА МАСТИЛО ЗА ПЕЧАТЕЊЕ-C1
КАРТРИЏ ЗА ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-D3: (R) GP за единица за завршна обработка на брошури-P1.
КАРТРИЏ ЗА ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-J1: GP за единица за захефтување J1 и единица за завршна обработка на брошури-P1.

Одрекување од одговорност

Сите спецификации се подложени на промена без претходна најава.

Фуснота

¹ Врз основа на стандардот ITU-T табела бр. 1

¹ Режимот на мирување со потрошувачка од 0,9 ват не е достапен во сите околности. Одредени опции и конфигурации на мрежата може да го спречат уредот да премине во режим на мирување. Ве молиме погледнете го водичот за корисници за да добиете повеќе информации
² Типичната потрошувачка на електрична енергија (TEC) ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела, измерена во киловат-часови (kWh). Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star (http://www.eu-energystar.org).

¹ Декларирана емисија на шум во согласност со ISO 7779

¹ Врз основа на покриеност од 6%

¹ Врз основа на стандардот ITU-T табела бр. 1