Canon imageRUNNER ADVANCE 6555iPRT

imageRUNNER ADVANCE 6555iPRT

imageRUNNER ADVANCE 6555i PRT нуди брзо, сигурно и квалитетно црно-бело печатење и е практичен за користење во динамични канцеларии благодарение на неговиот интелигентен и практичен екран на допир.

Придобивки

  • Црно-бело печатење со брзина од 55 стр./мин.
  • Прилагодлив WVGA екран на допир во боја од 10,1 инчи (25,6cm), сличен на екраните на паметните телефони
  • Капацитет до 7.700 листови и флексибилно управување со медиуми
  • Издавање документи во домот и моќни опции за завршна обработка
  • Напредни опции за безбедност
  • Лесно управување со уредот и тимот
  • Мала потрошувачка на енергија

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE 6555iPRT

Контролирајте ги вашите трошоци


imageRUNNER ADVANCE 6555i PRT е дизајниран за да ги намали различните трошоци за деловно работење поврзани со печатењето, почнувајќи од директните трошоци поврзани со уредот и потрошните материјали, па сè до помалите трошоци кои подеднакво ги трошат вашите ресурси и се поврзани со администрација на уредите, ИТ поддршката и времето и трудот на корисниците потребни за создавање и печатење на документите.

Модуларниот дизајн ви овозможува да ја оптимизирате вашата инвестиција преку конфигурирање на уредот што целосно ќе ги задоволи вашите потреби. Можете да ги контролирате правата и пристапот на корисниците, а ќе имате и евиденција на користењето по уред и корисник преку извештаи од следење на активностите. Политиките за печатење можат да се постават да забрануваат пристап на корисниците до одредени функции за дополнителна контрола на трошоците. Одличната интеграција со решенија за управување со печатењето како uniFLOW овозможува поголеми заштеди преку поврат на средствата и распределба на трошоците.

Алатките за ефикасно управување со уредите ги намалуваат администраторските обврски на вашиот тим, а наградуваните* функции за издавање и печатење им овозможуваат на крајните корисници брзо комбинирање на документи и применување завршни обработки за ефикасно создавање и печатење документи. Сите овие аспекти помагаат во намалување на трошоците и заштедување време.

Заштитете ги вашите доверливи информации


Лесно поставувајте, управувајте и применувајте политики и поставки за зголемување на безбедноста на едно место, на пример, оневозможете ги USB приклучоците или воведете безбедно печатење за сите корисници. Контролирајте го пристапот до уредот за да спречите неовластено користење, па дури и забранети им одредени функции на корисниците заради поголема безбедност. Функциите за безбедно печатење, поштенско сандаче, како и функциите за безбедно бришење задачи и шифрирање на целиот хард диск, се стандардно достапни за да ја подобрат доверливоста на документите. Филтрирањето на IP и MAC адреси ја заштитува вашата мрежа, а IPSec го заштитува преносот на информации кон или од вашиот уред.

Многубројните изборни функции за безбедност на уреди, мрежи и документи овозможуваат усогласеност со највисоките стандарди, опфаќајќи ги сите аспекти на безбедноста на информациите. Дополнителната можност за користење на uniFLOW нуди уште поголема ефикасност и безбедност преку безбедно издавање на задачи преку My Print Anywhere, како и спречување на губењето податоци при печатење.

Ефикасно управување со вашите уреди


Вградената поддршка за индустриските стандарди како Genuine Adobe Postscript и PCL овозможува интеграција во мрежи и деловни решенија. Доследното функционирање и управување со палетата imageRUNNER ADVANCE, во комбинација со обемната палета на централизираните опции за следење и администрација на уреди и корисници, вклучувајќи го и автоматизираното снимање со бројач и управување со потрошни материјали, како и можноста за конфигурирање на уредите и корисниците пред инсталацијата, придонесуваат за намалување на обврските на вашите ИТ ресурси.

По инсталацијата ќе можете ефикасно да го конфигурирате, управувате и надградувате вашиот уред, независно дали тоа ќе биде поединечно или како дел од поголема група.

Печатење со сигурен квалитет


imageRUNNER ADVANCE 6555i PRT има цврст дизајн и механизам со максимален капацитет за хартија од 7.700 листови, поради што овозможува обработка на голем обем на задачи без напор. Одликувајќи се со големи брзини за печатење, напредни опции за сиви тонови и разновидни завршни обработки кои нудат врвни и сигурни резултати во секое време, тој е совршен за потребите на динамичните работни групи.

Вашиот оператор на услуги, преку алатките на Canon за далечинска дијагностика и помош, ќе ви обезбеди проактивно и брзо одржување и поддршка, овозможувајќи ви сигурно и непрекинато функционирање на уредот и максимален поврат на инвестицијата.

Поедноставете ги вашите работни процеси со документи


Големиот екран на допир со брз одзив, функции за прелистување и штипкање на екранот како кај паметните телефони, интуитивни менија и можност за создавање работен простор во зависност од корисниците преку персонализација, нуди уникатно корисничко доживување и едноставно ракување. Вградениот водич и видеоснимките за поддршка ќе ви помогнат во основното одржување за максимизирање на времето на активност.

Палетата интелигентни функции ќе ви помогне да ги поедноставите работните процеси со документи и да ја максимизирате продуктивноста, како на пример, технологијата за сензор за движења која го активира уредот од режим на мирување за да се намали времето на чекање. Одличната интеграција со голем избор на моќни софтвери за печатење и информации ги оптимизира вашите процеси со документи, благодарение на интелигентната платформа со веб-апликации MEAP и MEAP.

Флексибилните решенија за работа во движење и поддршката за индустриските стандарди, заедно со вградените опции за Wifi и поле за комуникации во близина (NFC), овозможуваат полесно печатење за работниците во движење од нивните мобилни уреди. imageRUNNER ADVANCE 6555i PRT може да се користи со речиси сите уреди, благодарение на поддршката за апликации како Google Cloud Print и Mopria, а може да се поврзе и директно со многубројни услуги базирани на Cloud.

imageRUNNER ADVANCE 6555i PRT нуди напредни опции за завршна обработка, како захефтување, печатење брошури, вметнување документи, правење дупки, како и C/Z превиткување. Овие опции, во комбинација со софтверот за издавање iW Desktop од Canon нудат едноставно создавање и печатење на висококвалитетни документи со професионален изглед. Новата функција за захефтување на барање овозможуваат едноставна завршна обработка како никогаш досега.

Бидете одговорни кон животната средина


Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC** и троши 0,9W или помалку во режим на мирување. Различните технологии, во кои спаѓаат и функции за фиксирање по потреба, сензори за движење, далечинско и закажано исклучување и опрема за тивка завршна обработка, го подобруваат работното опкружување и придонесуваат за поголема енергетска ефикасност. Одредени делови на imageRUNNER ADVANCE 6555i PRT се изработени од био и рециклирана пластика, а новата еко единица за захефтување ја спојува хартијата без потреба од метални хефталки, поради што отпадните материјали дополнително се намалуваат.

* Алатката за брзо печатење iW Desktop на Canon ја доби наградата BLI за исклучително достигнување во иновативноста за 2013 година.
** Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE 6555iPRT, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.

ImageRUNNER ADVANCE Brochure logo

Брошура

Откријте повеќе за портфоиото на imageRUNNER ADVANCE

Решенија за мобилни уреди

Едноставно печатење од мобилни уреди

Палета на канцелариски уреди во боја

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.

  • Canon
  • imageRUNNER ADVANCE 6555iPRT