Canon imageRUNNER ADVANCE C5030i

imageRUNNER ADVANCE C5030i

imageRUNNER ADVANCE C5030i е компактно решение за документи за фирми кои имаат потреба од исклучителна вредност и извонредна комуникација.

Придобивки

  • Продуктивно печатење од 30 стр/мин во боја и црно-бел формат
  • Интуитивен кориснички интерфејс
  • Повеќефункционален уред кој нуди печатење, копирање, скенирање и факс
  • Заштедува простор со внатрешната конфигурација за завршна обработка
  • Неверојатен квалитет на печатење
  • Моќна соработка при користење на документите

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C5030i

Лесно користење и прилагодување



C5030i располага со голем 8,4-инчен SVGA екран во боја со висока дефиниција и можност за завртување, на кој се наоѓаат икони кои го олеснуваат ракувањето. Корисниците можат да го прилагодат бројот на копчиња на екранот, па дури и сликата за позадина на екранот, со избор од 8 позадини за вклопување во секоја канцелариска околина. Сложените или често извршуваните задачи можат да се претворат во едноставни задачи со едно допирање на копче, преку поставување на лични работни процеси.

Продуктивно, висококвалитетно печатење



C5030i ги нуди најострите и најживописните печатени материјали во боја кои можат да се замислат. Без разлика дали печатите во боја или во црно-бел формат, уредот нуди брзина од 30 стр/мин. Широката компатибилност во поглед на медиумите и моќниот опсег на опции за завршна обработка обезбедуваат безброј начини за подобрување на вашата комуникација.

Ефективна соработка и трансформација



Брзината на скенирање до 100 слики/мин им овозможува на корисниците брзо и без напор да скенираат кон мноштво дестинации како е-mail, FTP и споделени фолдери. Или пак, можно е интегрирање во канцелариските системи како Microsoft SharePoint™.

Поддршката за различни формати на фајлови - како PDF, PDFa1b, OOXML и компактни PDF фајлови со можност за пребарување, ги подобрува можностите за користење на документите, зголемувајќи ја продуктивноста. Понатаму, Adobe Reader Extensions PDF софтверот овозможува скенираните документи лесно да се коментираат и уредуваат со функционалноста на Adobe Reader - далеку поефикасно од работните процеси базирани на хартија.

Ефикасен и безбеден



Голем број алатки ви дозволуваат да ја зголемите контролата врз трошоците, на пр. со ограничување на пристапот на уредот кон некои функции. Неколку функции ви помагаат да ги заштитите документите во текот на нивниот животен циклус, како што се безбедносен воден печат, отстранување на хард дискот, шифрирање на податоците и проверка на идентитетот на уредот.

Револуционерни еколошки признанија



Серијата imageRUNNER ADVANCE е прва во светот која користи висококвалитетна био-пластика која е отпорна на оган, истовремено задоволувајќи ги еколошките стандарди како што е Energy Star преку намалување на потрошувачката на енергија и RoHS. Вклучената функција за двострано печатење ја намалува потрошувачката на хартија.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C5030i , неговите функции и можности.