Canon imageRUNNER ADVANCE C3320i

imageRUNNER ADVANCE C3320i

Овој компактен и практичен повеќефункционален уред во боја за A3 формати нуди висококвалитетна комуникација во боја и овозможува поедноставни работни процеси со документи. Неговата безбедност и контрола на трошоците го прават идеален за динамични работни групи.

Придобивки

  • Печатење, копирање, скенирање, испраќање и изборна функција за факс
  • Печатење во боја и црно-бело со брзина од 20 стр./мин.
  • Прилагодлив WVGA екран на допир во боја од 17,8 cm со можност за закосување
  • Капацитет до 2.300 листови и флексибилно управување со медиуми
  • Издавање документи во домот и моќни опции за завршна обработка
  • Паметно снимање документи и управување со процесите
  • Напредни опции за безбедност
  • Лесно управување со уредот и тимот
  • Потрошни материјали кои се едноставни за користење
  • Мала потрошувачка на енергија

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C3320i

Контролирајте ги вашите трошоци


Интелигентната проверка на идентитетот на корисникот овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност на користењето преку извештаи од следење на активностите. Поставете ги политиките за печатење да го ограничуваат пристапот на корисниците до одредени функции за да ги контролирате трошоците, на пример ограничете го печатењето во боја на корисници кои имаат потреба од тоа. Одличната интеграција со решенија за управување со печатењето како uniFLOW овозможува поголеми заштеди преку повраток на средства и распределба на трошоците.

Платформата imageRUNNER ADVANCE на Canon е дизајнирана да ги намали вашите вкупни трошоци за печатење со своите наградувани¹ функции за објавување документи, управување со уреди и беспрекорно снимање документи, а истовремено и да ги заштити вашите информации.

Поедноставете ги вашите работни процеси со документи


Ги подобрува работните процеси со документи на секоја динамична работна група. Големиот екран на допир во боја, интуитивните менија и интелигентната проверка на идентитетот на корисникот обезбедуваат уникатно персонализирано доживување и едноставно ракување. Снимањето документи е многу едноставно заради брзото скенирање и конверзија во голем број формати, меѓу кои Office Open XML PPT и Word, кои се подготвени за повторна дигитална обработка. Одличната интеграција со голем избор на моќни софтвери за печатење и информации ги оптимизира вашите процеси со документи, благодарение на интелигентната платформа со веб-апликации MEAP и MEAP.

Флексибилните решенија за работа во движење и поддршката за индустриските стандарди овозможуваат полесно печатење или скенирање за работниците во движење кон нивните мобилни уреди.

Корисниците можат автоматски да создаваат брошури и конечни документи со професионален изглед. Новата функција за захефтување на барање и еко единицата за захефтување без иглици овозможуваат едноставна завршна обработка како никогаш досега и го намалуваат отпадот.

Ефикасно управување со вашите уреди


Вградената поддршка за индустриските стандарди како Genuine Adobe PostScript и PCL ensure овозможува интеграција во мрежи и деловни решенија. Доследното функционирање и управување со палетата imageRUNNER ADVANCE, во комбинација со обемната палета на напредни функции за управување, помагаат во намалување на товарот за управување и администрација на вашиот тим. Конфигурирајте, управувајте и надградувајте го вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, со алатките за управување со уреди кои овозможуваат и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување. Дизајнот на iR-ADV C3320i, за кој не е потребно големо одржување, придонесува за пократко време на чекање благодарение на лесното заменување на потрошните материјали.

Добивајте неверојатни резултати во секое време


imageRUNNER ADVANCE C3320i има цврст дизајн и механизам, како и максимален капацитет за хартија од 2.300 листови, совршено за управување со обемните задачи на динамичните работни групи. Новата технологија за обработка на слики V² (живописно и динамично) од Canon ви овозможува постојано да ги правите вашите документи импресивни и впечатливи во однос на останатите.

Заштитете ги вашите доверливи информации


Стандардни и изборни функции за безбедност на уреди, мрежи и документи, кои нудат усогласеност со највисоките стандарди за безбедност. Безбедното печатење и безбедното бришење на задачи од хард дискот за ќе ви помогнат да ги заштитите вашите податоци. Можноста за користење на uniFLOW нуди дополнителна ефикасност и безбедност преку безбедно издавање на задачи преку My Print Anywhere, како и спречување на губењето податоци при печатење, копирање и скенирање.

Бидете одговорни кон животната средина


Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши 1W или помалку во режим на мирување. Освен тоа, одредени делови на iR-ADV C3320i се изработени со користење на био и рециклирана пластика.

¹Универзалниот управувач за најавување на Canon ја доби BLI наградата за исклучително достигнување во иновативноста за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
* Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C3320i, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.