Моќен ласерски печатач во боја кој може да се постави на работна маса или на под и нуди импресивно печатење со високи перформанси.
Подетално разгледување на Canon imageRUNNER ADVANCE C350P
imageRUNNER ADVANCE C350P е идеален за потребите на динамичните работни групи, благодарение на неговиот моќен дизајн и процесор, како и максималниот капацитет за хартија од 2.300 листови. Новата технологија за обработка на слики V² (живописно и динамично) од Canon ви овозможува постојано да ги правите вашите документи импресивни и впечатливи во однос на останатите. Опцијата за автоматско захефтување во комбинација со решението iW Desktop за издавање документи на Canon не само што ви заштедуваат време, туку ви овозможуваат и да создавате персонализирани документи за ефикасна комуникација со вашата публика и корисниците.
Овој печатач, како и останатите од палетата imageRUNNER ADVANCE, се одликува со голем екран на допир во боја, интуитивни менија и интелигентна проверка на идентитетот на корисникот кои овозможуваат уникатно персонализирано доживување и едноставно ракување. Одличната интеграција со голем избор на софтвери за управување со печатењето ги оптимизира вашите процеси со документи, благодарение на интелигентната платформа со веб-апликации MEAP и MEAP.
Флексибилните решенија за работа во движење и поддршката за индустриските стандарди овозможуваат полесно печатење за работниците во движење од нивните мобилни уреди.
Интелигентната проверка на идентитетот на корисникот овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност на користењето преку извештаи од следење на активностите. Поставете ги политиките за печатење да го ограничуваат пристапот на корисниците до одредени функции за да ги контролирате трошоците, на пример ограничете го печатењето во боја на корисници кои имаат потреба од тоа. Одличната интеграција со решенија за управување со печатењето како uniFLOW овозможува поголеми заштеди преку повраток на средства и распределба на трошоците.
Платформата imageRUNNER ADVANCE на Canon е дизајнирана да ги намали вашите вкупни трошоци за печатење со своите наградувани¹ функции за објавување документи и управување со уреди, а истовремено и да ги заштити вашите информации.
Вградената поддршка за индустриските стандарди како Genuine Adobe PostScript и PCL ensure овозможува интеграција во мрежи и деловни решенија. Конфигурирајте, управувајте и надградувајте го вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, со алатките за управување со уреди кои овозможуваат и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување. Можностите за далечински услуги за автоматско управување со тонерот и мерење ги отстрануваат административните потреби и ви овозможуваат да се фокусирате на вашите деловни приоритети. Дизајнот на imageRUNNER ADVANCE C350P, за кој не е потребно големо одржување, придонесува за пократко време на чекање благодарение на лесното заменување на потрошните материјали.
Стандардни и изборни функции за безбедност на уреди, мрежи и документи, кои нудат усогласеност со највисоките стандарди за безбедност. Безбедното печатење и безбедното бришење на задачи од хард дискот за ќе ви помогнат да ги заштитите вашите податоци. Можноста за користење на uniFLOW нуди дополнителна ефикасност и безбедност преку безбедно издавање на задачи преку My Print Anywhere, како и спречување на губењето податоци при печатење.
Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши 1W или помалку во режим на мирување. Освен тоа, одредени делови на imageRUNNER ADVANCE C350P се изработени со користење на био и рециклирана пластика.
¹Универзалниот управувач за најавување на Canon ја доби BLI наградата за исклучително достигнување во иновативноста за 2013 година. Извор: www.buyerslab.com
* Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C350P, неговите функции и можности.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.