Canon imageRUNNER ADVANCE C5240i

imageRUNNER ADVANCE C5240i

Овој интелигентен повеќефункционален уред овозможува висококвалитетно комбинирање на бои со брзина од 35 стр./мин. Функции за едноставна интеграција, безбедност и контрола на трошоците во еколошки пакет кои додаваат вистинска вредност на динамичните канцеларии.

Придобивки

  • Печатење со брзина од 40 стр./мин. во црно-бело и 35 стр./мин. во боја
  • SVGA екран на допир во боја од 21,3 cm со можност за закосување
  • Флексибилни медиуми и можност за завршна обработка
  • Издавање на извонредни документи од вашиот дом
  • Едноставна контрола на пристап и користење за секој корисник
  • Врвна енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C5240i

Голема продуктивност


Интелигентниот iR-ADV C5240i печати со брзина од 40 стр./мин. во црно-бело и 35 стр./мин. во боја и може да работи со медиуми до 256 gsm, со максимален капацитет на хартија од 5.000 листови. Двостраното скенирање на документи во едно поминување овозможува снимање на хартиени документи со брзина до 120 слики/мин. и конвертирање на истите во флексибилни формати, меѓу кои и Office Open XML PPT и Word, кои се подготвени за повторна дигитална обработка.

Врвно корисничко доживување


Големиот прилагодлив екран на допир со можност за закосување нуди уникатно корисничко доживување. Често користените задачи може да се поедностават преку копчињата со еден допир за да заштедите време и напор. Работниците кои се во движење можат едноставно да печатат или скенираат преку нивните мобилни уреди¹.

Квалитетна комуникација


iR-ADV C5240i печати со резолуција од 1200x1200 dpi при што се добива остар текст и јасни слики, а тонерот pQ обезбедува балансирани бои и одличен квалитет на слика. Благодарение на големиот избор на опции за завршна обработка и софтверот iW Desktop од Canon, создавањето на професионални захефтани, издупчени документи и брошури никогаш не било поедноставно. Оставете импресивен впечаток со неверојатни и персонализирани предлози за продажба, извештаи и материјали, создадени со едноставно повлекување. Подигнете ги перформансите и репродукцијата на бои на повисоко ниво со помош на изборниот контролор imagePASS-B2 основан на Fiery.

Моќно интегрирање и управување


Беспрекорна интеграција во мрежи и деловни решенија, споделување ресурси со други уреди и можност за поврзување со услугите Cloud кои ќе ви овозможат флексибилно изработување и споделување на документи. Вградената платформа MEAP беспрекорно се интегрира со голем број на моќни софтвери кои ги поддржуваат и оптимизираат најважните деловни работни процеси.
Алатките за управување со уредот ви овозможуваат да го конфигурирате, управувате и надградувате вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, а неговата функционалност ја гарантираат ефикасното следење, известувањето и дијагностиката на Canon.

Напредна контрола врз вашата инвестиција


Интелигентната проверка на идентитетот на корисникот ви овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност и следење на активностите преку извештаи. Згора на тоа, може да им забраните пристап на корисниците до одредени функции, со цел да ги контролирате трошоците. Вашите информации се заштитени на највисоко ниво со повеќе стандардни и изборни функции за безбедност на уредот, мрежата и документите.

Грижа за екологијата


Овој уред кој се квалификува за ENERGY STAR® нуди една од најниските вредности на TEC² во индустријата, троши енергија од само 1W во режим на мирување и онаму каде што е можно, се изработува со користење на био и рециклирана пластика.

¹Поддршка за iPAD, iPhone и Android (TBC)
²Типична потрошувачка на електрична енергија - Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C5240i, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.

ImageRUNNER ADVANCE Brochure logo

Брошура

Откријте повеќе за портфоиото на imageRUNNER ADVANCE

Видео

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.

Следни чекори

Корисни линкови

Поврзани производи

  • Canon
  • imageRUNNER ADVANCE C5240i