Canon imageRUNNER ADVANCE C5255

imageRUNNER ADVANCE C5255

Овој интелигентен уред овозможува висококвалитетно комбинирање на бои со брзина од 51 стр./мин. Интеграцијата со моќни RIP уреди основани на Fiery го прави идеален избор за динамични канцеларии со огромни потреби за обработка на графика.

Придобивки

    • Печатење со брзина од 55 стр./мин. во црно-бело и 51 стр./мин. во боја
    • SVGA екран на допир во боја од 21,3 cm со можност за закосување
    • Избор од EFI контролери основани на Fiery со високи перформанси
    • Флексибилни медиуми и можност за завршна обработка
    • Врвна класа на енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C5255

Голема продуктивност


iR-ADV C5255 печати со брзина од 55 стр./мин. во црно-бело и 51 стр./мин. во боја и може да работи со медиуми до 256 gsm, со максимален капацитет на хартија од 5.000 листови. Двостраното скенирање на документи во едно поминување овозможува снимање на хартиени документи со брзина до 120 слики/мин. и конвертирање на истите во флексибилни формати, меѓу кои и Office Open XML PPT и Word, кои се подготвени за повторна дигитална обработка. Изборниот контролер ColorPASS-GX400 основан на Fiery додава дополнителна димензија на обработка со голема брзина, управување со задачи и автоматизирање на работните процеси, со цел да добиете испечатени содржини со врвни бои и богата графика.

Врвно корисничко доживување


Големиот прилагодлив екран на допир со можност за закосување нуди уникатно корисничко доживување. Често користените задачи може да се поедностават преку копчињата со еден допир за да заштедите време и напор. Работниците кои се во движење можат едноставно да печатат или скенираат преку нивните мобилни уреди¹.

Квалитетна комуникација


iR-ADV C5255 нуди остар текст и јасни слики со резолуција од 1200x1200 dpi, а тонерот pQ создава балансирани бои и одличен квалитет на слика. Усогласувањето на деловните бои може лесно да се постигне со алатките ColorWise на EFI, кои се дел од пакетот функции на контролорите imagePASS-B2 и ColorPASS-GX400, при што импресивните брошури, стационарните и директните е-mail пораки секогаш ќе ви бидат на дофат. Изборот на опции за завршна обработка ви овозможува да создавате различни материјали со завршна обработка кои оставаат голем впечаток.

Моќна интеграција


Интеграција во мрежи и деловни решенија, споделување ресурси со други уреди и можност за поврзување со услугите Cloud кои ќе ви овозможат флексибилно изработување и споделување на документи. Вградената платформа MEAP беспрекорно се интегрира со голем број на моќни софтвери кои ги поддржуваат и оптимизираат најважните деловни работни процеси.

Алатките за управување со уредот ви овозможуваат конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување.

Контрола врз вашата инвестиција


Интелигентната проверка на идентитетот на корисникот ви овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците за секоја функција, а нуди и прегледност и следење на активностите преку извештаи. Вашите информации се заштитени на највисоко ниво со повеќе стандардни и изборни функции за безбедност на уредот, мрежата и документите.

Грижа за екологијата


Овој уред кој се квалификува за ENERGY STAR® нуди една од најниските вредности на TEC² во индустријата, троши енергија од само 1W во режим на мирување и онаму каде што е можно, се изработува со користење на био и рециклирана пластика.

¹Поддршка за iPAD, iPhone и Android (TBC)
²Типична потрошувачка на електрична енергија - Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Награди

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C5255, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.

ImageRUNNER ADVANCE Brochure logo

Брошура

Откријте повеќе за портфоиото на imageRUNNER ADVANCE

Видео

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.

Корисни линкови

Поврзани производи

  • Canon
  • imageRUNNER ADVANCE C5255