Ова врвно канцелариско решение нуди печатење во боја со брзина од 65 стр./мин., разни опции и квалитет, совршено се вклопува во вашите работни процеси и истовремено ги заштитува информациите и животната средина.
Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C7270i
iR-ADV C7270i печати со брзина од 70 стр./мин. во црно-бело и 65 стр./мин. во боја и може да работи со медиуми до 300 gsm, со максимален капацитет на хартија од 6.900 листови. Моќното скенирање овозможува снимање и конвертирање на документи во флексибилни формати, меѓу кои и Office Open XML PPT и Word, кои се подготвени за повторна дигитална обработка. Ако сакате да добиете дополнителна димензија на обработка со голема брзина, управување со задачи и автоматизирање на работните процеси, надградете го вашиот уред со изборните контролори ColorPASS-GX400 или imagePASS-A2 основани на Fiery.
Големиот прилагодлив екран на допир од 21,3 cm овозможува ненадминато корисничко доживување. Често употребуваните задачи може да се поедностават преку копчињата со еден допир за да заштедите време и напор. Работниците кои се во движење можат едноставно да печатат или скенираат преку нивните мобилни уреди¹.
iR-ADV C7270i печати со резолуција од 1200x1200 dpi при што се добива остар текст и јасни слики, а тонерот pQ обезбедува балансирани бои и врвен квалитет на слика. Врвните опции за завршна обработка и софтверот iW Desktop од Canon ви овозможуваат прецизно и лесно захефтување, дупчење, вметнување додатоци, едноставно преклопување и создавање на брошури со средишно поврзување. Со печатењето на променливи податоци Fiery може да создавате целни комуникации, како на пример директни е-mail пораки, а постојат и многу други корисни функции кои ќе ги подобрат вашите деловни комуникации.
Беспрекорна интеграција во мрежи и деловни решенија, споделување ресурси со други уреди и можност за поврзување со услугите Cloud кои ќе ви овозможат флексибилно работење. Вградената платформа MEAP беспрекорно се интегрира со голем број на моќни софтверски решенија кои ги поддржуваат и оптимизираат најважните деловни работни процеси.
Алатките за управување со уредот ви овозможуваат конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување.
Интелигентната проверка на идентитетот на корисникот ви овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност и следење на активностите преку извештаи. Вашите информации се заштитени на највисоко ниво со повеќе стандардни и изборни функции за безбедност на уредот, мрежата и документите.
Овој уред кој се квалификува за ENERGY STAR® нуди една од најниските вредности на TEC*² во индустријата, благодарение на технологијата за фиксирање по потреба од Canon. Исто така, онаму каде што е можно, овој уред се изработува со користење на био и рециклирана пластика.
¹ Поддршка за iPAD, iPhone и Android (TBC)
²Типична потрошувачка на електрична енергија - Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C7270i, неговите функции и можности.
Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.