Ова решение за обемни задачи нуди печатење во боја со брзина од 70 стр./мин., разни опции и квалитет, совршено се вклопува во вашите работни процеси и истовремено ги заштитува информациите и животната средина.
Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C7280i
iR-ADV C7280i печати со брзина од 80 стр./мин. во црно-бело и 70 стр./мин. во боја и може да работи со флексибилни медиуми до 300 gsm и SRA3 големина, со максимален капацитет на хартија од 9.300 листови. Моќното скенирање овозможува снимање и конвертирање на документи во флексибилни формати, меѓу кои и Office Open XML PPT и Word, кои се подготвени за повторна дигитална обработка. Ако сакате да добиете дополнителна димензија на обработка со голема брзина, управување со задачи и автоматизирање на работните процеси, надградете го вашиот уред со изборните контролори ColorPASS-GX400 или imagePASS-A2 основани на Fiery.
Големиот прилагодлив екран на допир од 21,3 cm овозможува ненадминато корисничко доживување. Често употребуваните задачи може да се поедностават преку копчињата со еден допир за да заштедите време и напор. Работниците кои се во движење можат едноставно да печатат или скенираат преку нивните мобилни уреди¹.
iR-ADV C7280i печати со резолуција од 1200x1200 dpi при што се добива остар текст и јасни слики, а тонерот pQ обезбедува балансирани бои и непроменет квалитет на слика. Професионалната линиска завршна обработка и софтверот iW Desktop на Canon ви овозможуваат да создавате отсечени брошури, захефтани, издупчени и превиткани документи со професионален изглед на едноставен начин. Со печатењето на променливи податоци Fiery може да создавате целни комуникации, како на пример директни е-mail пораки, а постојат и многу други корисни функции кои ќе ги подобрат вашите деловни комуникации.
Интеграција во мрежи и деловни решенија, споделување ресурси и можност за поврзување со услугите Cloud кои ќе ви овозможат флексибилно изработување и споделување на документи. Вградената платформа MEAP беспрекорно се интегрира со голем број на моќни софтвери кои ги поддржуваат и оптимизираат најважните деловни работни процеси.
Алатките за управување со уредот ви овозможуваат конфигурирање, управување и надградување на вашиот уред, поединечно или како дел од поголема група, како и следење, известување и дијагноза заради проактивно и ефикасно одржување.
Интелигентната проверка на идентитетот на корисникот ви овозможува контролирање на пристапот и правата на корисниците, а нуди и прегледност и следење на активностите преку извештаи. Вашите информации се заштитени на највисоко ниво со повеќе стандардни и изборни функции за безбедност на уредот, мрежата и документите.
Овој уред кој се квалификува за ENERGY STAR® нуди една од најниските вредности на TEC² во индустријата, благодарение на технологијата за фиксирање по потреба од Canon. Исто така, онаму каде што е можно, овој уред се изработува со користење на био и рециклирана пластика.
¹Поддршка за iPAD, iPhone и Android (TBC)
²Типична потрошувачка на електрична енергија - Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C7280i, неговите функции и можности.
Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.