imageRUNNER C1225iF е повеќефункционален A4 уред во боја кој нуди голем број функции, брзо и ефикасно ракување со документи веднаш по отпакувањето за да можете да се фокусирате на вашите деловни приоритети.
Подетално разгледување на Canon imageRUNNER C1225iF
imageRUNNER C1225iF е продуктивен повеќефункционален A4 уред во боја, кој печати до 25 страници во минута со висок квалитет во боја. Новиот кориснички интерфејс преку екран на допир во боја од 8,9 cm со можност за прелистување нуди практично и едноставно ракување. Флексибилните можности за печатење и скенирање од мобилни уреди како Apple AirPrint™, печатење преку Mopria, како и апликации за печатење и скенирање од мобилни уреди кои ја зголемуваат ефикасноста на работниците во движење. Исто така, корисниците можат лесно да скенираат и испраќаат документи директно кон различни дестинации, вклучувајќи е-пошта и споделени папки.
imageRUNNER C1225iF, кој е ефикасен во однос на трошоците, ја применува технологијата за обработка на слики V² colour (живописно и динамично) од Canon за да ги направи вашите документи импресивни и впечатливи во однос на останатите. imageRUNNER се испорачува со целосен комплет шишиња со тонер во пакувањето, за да можете веднаш да започнете да го користите уредот. Намалете ја потрошувачката на хартија со автоматското двострано печатење, копирање и скенирање.
Корисниците можат да го постават и инсталираат уредот на брз и едноставен начин доколку го следат водичот за поставување кој е достапен преку корисничкиот интерфејс. Уред кој може да се користи веднаш по отпакувањето и кој се испорачува со тонер и гаранција за да можат корисниците да се чувствуваат сигурни и да добијат сè што им е потребно за да започнат со користењето. Потрошните материјали можете да ги купувате кога ќе ви затребаат, а можете и да го интегрирате imageRUNNER C1225iF со основните услуги за печатење кои овозможуваат автоматско мерење и далечинско дијагностицирање.
Со својот компактен дизајн, imageRUNNER C1225iF може да се вклопи во различни канцелариски опкружувања и е соодветен за мали работни групи во организации од секаков вид, а благодарение на неговите можности за флексибилно поставување на касети за хартија може да се постави на работна маса или на под. Опремен со новиот контролер imageRUNNER, тој беспрекорно се интегрира во ИТ опкружувањата и поддржува стандарди како PCL и Genuine Adobe PS.
Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC² и троши само 1W или помалку во режим на мирување. Тој е дизајниран да биде енергетски поефикасен, да ја намали потрошувачката на енергија при користењето и да го намали влијанието врз животната средина. imageRUNNER C1225iF се одликува со врвни еколошки признанија, а квалификуван е и за најпрестижниот сертификат Blue Angel.
¹ Вистинските резултати ќе се разликуваат и може да бидат поголеми или помали од 12 месеци, во зависност од индивидуалното користење. 12-месечното печатење во боја е основано врз месечен обем на печатење од 1.000 страници, 30% страници во боја и 5% покриеност на A4 со ISO стандард (ISO/IEC 24712). Стандардна потрошувачка на црн тонер изнесува 12.000 страници. Потрошувачката на тонер во жолта, магента и цијан боја изнесува 7.300 страници.
² Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
AirPrint™ и логото AirPrint се заштитни знаци на Apple Inc.
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER C1225iF, неговите функции и можности.
Автоматски двонасочен механизам за вовлекување документи
Супер G3 ФАКС
USB поврзување
PCL печатење
PostScript печатење
Скенирање преку мрежа
Скенирање кон e-mail и фолдер
Безбедно печатење
Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред
Панел на допир
AirPrint
Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.