Canon imageRUNNER C1335iF

imageRUNNER C1335iF

Овој повеќефункционален A4 уред во боја е дизајниран за деловно работење со мали трошоци и продуктивна и висококвалитетна комуникација во боја која им е потребна на малите работни групи. Неговиот компактен дизајн совршено се вклопува во различни опкружувања и може да се постави на работна маса или на под.

Придобивки

  • Печатење, копирање, скенирање во боја, испраќање и функција на факс
  • Печатење во боја и црно-бело со брзина од 35 стр./мин.
  • Поддршка за печатење и скенирање преку мобилен уред
  • LCD екран на допир во боја од 8,9 cm со можност за прелистување
  • Капацитет до 2.300 листови
  • Снимање, контрола на трошоци и интеграција
  • Лесно управување со уредот и тимот
  • Потрошни материјали кои се едноставни за користење
  • Мала потрошувачка на енергија

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER C1335iF

Продуктивно печатење и снимање

imageRUNNER C1335iF е високопродуктивен повеќефункционален A4 уред во боја, кој овозможува брзо и ефикасно печатење во боја до 35 страници во минута. Технологијата за обработка на слики V² (живописно и динамично) од Canon ви овозможува да ги направите вашите документи импресивни и впечатливи во однос на останатите. Новиот кориснички интерфејс преку екран на допир во боја од 8,9 cm со можност за прелистување нуди практично и едноставно ракување. Флексибилните можности за печатење и скенирање од мобилни уреди како Apple AirPrint™, печатење преку Mopria™, како и апликации за печатење и скенирање од мобилни уреди кои ја зголемуваат ефикасноста на работниците во движење. Исто така, корисниците можат лесно да скенираат и испраќаат документи директно кон различни дестинации, вклучувајќи е-пошта и споделени папки.

Безбедност и контрола на трошоците

Погрижете се вашите информации да останат доверливи со функции како безбедно печатење, отклучување со PIN и изборна заштита на PDF документи со лозинка. Контролирањето на трошоците за печатење никогаш не било поедноставно со вградената поддршка за софтверот uniFLOW кој нуди поголема транспарентност и управување, овозможувајќи ви да следите и плаќате одредени задачи за печатење на индивидуалци, оддели, локации и проекти, како и да создавате кориснички извештаи.

Беспрекорно интегрирање и управување

Овој уред може да се вклопи во различни канцелариски опкружувања и е соодветен за мали работни групи во организации од секаков вид, а благодарение на неговите можности за флексибилно поставување на касети за хартија може да се постави на работна маса или на под.

Опремен со новиот контролер imageRUNNER, тој беспрекорно се интегрира во ИТ опкружувањата и поддржува стандарди како PCL и Genuine Adobe PS. imageRUNNER C1335iF го олеснува управувањето и администрацијата на вашиот тим со автоматско мерење, управување со потрошни материјали и дијагностика. Далечинските ажурирања на фирмверот може да се направат преку уредот со што дополнително се намалува времетраењето на прекинот на работата.

Грижа за екологијата

Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC* и троши само 1W или помалку во режим на мирување. imageRUNNER C1335iF е дизајниран да биде енергетски поефикасен, да ја намали потрошувачката на енергија при користењето и да го намали влијание врз животната средина.

* Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)
AirPrint™ и логото AirPrint се заштитни знаци на Apple Inc.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER C1335iF, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.