VarioStream 4000

Системи за еднобојно печатење со континуирано снабдување и голема флексибилност кои нудат највисоко ниво на квалитет и продуктивност за опкружувања на кои им е потребно печатење во голем обем, лесно и интуитивно ракување и беспрекорна интеграција во работните процеси.

Придобивки

  • Флексибилен избор на медиуми и брзини
  • Подобар квалитет на печатење
  • Конфигурации за еднострано, двострано и двојно еднострано
  • Компатибилност со најновите стандарди за светски јазици и баркодови
  • Технологија Quick Change Developer Station
  • Беспрекорна интеграција во работни процеси во боја
  • Интуитивно ракување преку практичниот екран на допир
  • Можност за надградба

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon VarioStream 4000

Флексибилност со високи перформанси


Дизајнирана за висококвалитетно печатење со среден до многу голем обем на многубројни медиуми, цврстата и сигурна серија VarioStream 4000 составена од компактни црно-бели системи за печатење со континуирано снабдување нуди ненадмината флексибилност за да ги задоволи различните потреби. Може да печатите со брзини од 27 до 89 метри/минута или од 180 до 1200 A4 страници во минута, на медиуми од 35 до 160gsm, со ширина на печатење до 463,5mm – и да уживате во врвни резултати во секое време. Печатете еднострани задачи, двострани задачи, па дури и две еднострани задачи истовремено и лесно избирајте помеѓу квалитет на производствено печатење и печатење графика или, пак, изберете систем за печатење MICR со помош на Quick Change Developer Stations (QCDS).

Одличен квалитет на печатење


Документите во боја и црно-белите документи се печатат со одличен квалитет, 256 нијанси на сиво и порамни површини за разлика од другите системи. Системот со валјаци за пренос овозможува попрецизно нанесување на тонерот врз страниците, со што се подобрува квалитетот на сликата кај конфигурациите за пренос без игли. Вградениот оригинален софтвер Adobe PDF Print Engine нуди оптимален квалитет за печатење PDF документи.

Печатете ги најважните задачи на безбеден начин


Без разлика дали треба да ги отпечатите сите европски јазици или некои други светски јазици со уникатни знаци, поддршката за Unicode Complex Text ќе ви понуди повеќе опции за вашите документи. Освен тоа, ако ви требаат најновите баркодови и 2D кодови, како што се GS1-Databar и Royal Mail MailMark, серијата VarioStream 4000 е подготвена за сè.

Интуитивно ракување преку екранот на допир


Панелот со голем екран на допир го олеснува ракувањето, го минимизира времето за поставување на задачи и ја зголемува севкупната продуктивност.

Можност за лесна надградба


Системот VarioStream 4000 може лесно да се надгради во иднина за да ги задоволи вашите потреби за печатење кои се менуваат и за да ја заштити вашата инвестиција. Можете да извршите надградба од еднострано во двострано печатење, да ја зголемите продуктивноста од 27 метри/минута во 89 метри/минута и да го подобрите квалитетот на печатење со додавање врвен тонер.

Беспрекорна интеграција во работните процеси


VarioStream 4000 е опремен со најновиот SRA® контролор со вградена функција за управување со бои за да може лесно да се интегрира во работните процеси во боја на сите најнови машини за печатење во боја. Тој може да обработува повеќе резолуции и ги поддржува најновите напредоци кај AFP/IPDS IS/3. Системот за автоматско откривање на резолуцијата ви овозможува моментално комбинирање на ресурси со различни резолуции, како на пример, текст со 240 dpi, лого ознаки со 300 dpi и слики со 600 dpi, без да вршите рачни прилагодувања или конверзии однапред. Благодарение на софтверскиот пакет PRISMAproduction, системите можат да се интегрираат беспрекорно во сите работни процеси со индустриски стандарди.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon VarioStream 4000, неговите функции и можности.

Сликите од производите имаат само илустративна намена. Одредени функции се изборни. Ве молиме погледнете ги спецификациите на производот или обратете се кај вашиот претставник за продажба од Canon за дополнителни информации.