Canon imagePRESS Server J100

imagePRESS Server J100

Надворешниот контролор imagePRESS Server J100 обезбедува моќ, перформанси и брзина за работните средини со најголеми потреби.

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS Server J100

Високи перформанси со моќна автоматизација на работните процеси


Моќниот двоен процесор се грижи сите потреби за печатење да бидат обработени со голема брзина. Дополнително, големиот број алатки за проследување на задачите и автоматизирање на работниот процес придонесуваат за одржување ниски трошоци, намалување на грешките и минимизирање на потребата за дополнителен кадар во производството.

Efi Command Workstation® оперира во срцето на вашиот дигитален работен производен процес, нудејќи одлични можности сѐ да работи во рамките на своето оптимално ниво. На пример, функцијата за Запирање при несовпаѓање ги предупредува операторите ако печатачот содржи поинаков медиум од оној што е одреден за програмираната задача за печатење. Исто така вклучени се автоматски фолдери (Hot folders), при што задачите можат да се повлекуваат и префрлуваат од работната површина за автоматско составување на документите.

Додавајте можности по потреба


Како што се зголемуваат вашите побарувања, imаgePRESS Server J100 е дизајниран да расте паралелно со нив. Програмите за редослед и составување на страници (EFI Impose и EFI Compose) можат да се конфигурираат по потреба.

Алатката Compose обезбедува напреден преглед и околина за уредување. Нејзиниот широк опсег на софистицирани алатки за составување на документи и напреден WYSIWYG кориснички интерфејс ја подобрува проверката на документите, го забрзува составувањето и им овозможува на помалку искусните оператори да изведуваат сложени функции на документите.

Безбеден и сигурен


Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS Server J100, неговите функции и можности.

  • Canon
  • imagePRESS Server J100