Canon imagePRESS Server J200

imagePRESS Server J200

imagePRESS Server J200 е врвен модел на надворешен контролор кој обезбедува оптимална моќ, перформанси и брзина за работните средини со најголеми потреби.

Придобивки

  • Врвен сервер за imagePRESS машините во црно-бел формат
  • Моќна производна и операторска контрола
  • Управуван од EFI Command Workstation
  • Вклучен EFI Compose и EFI Impose софтвер
  • Софистицирани сигурносни функции

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS Server J200

Високи перформанси со моќна автоматизација на работните процеси


Моќниот Intel Core 2 Duo процесор се грижи сите потреби за печатење да бидат обработени со голема брзина и овозможува извонредно брза двојна обработка. Дополнително, големиот број алатки за проследување на задачите и автоматизирање на работниот процес придонесуваат за одржување ниски трошоци, намалување на грешките и минимизирање на потребата за дополнителен кадар во производството.

Efi Command Workstation® оперира во срцето на вашиот дигитален работен производен процес, нудејќи одлични можности сѐ да работи во рамките на своето оптимално ниво. На пример, функцијата за Запирање при несовпаѓање ги предупредува операторите ако печатачот содржи поинаков медиум од оној што е одреден за програмираната задача за печатење. Исто така вклучени се автоматски фолдери (Hot folders), при што задачите можат да се повлекуваат и префрлуваат од работната површина за автоматско составување на документите.

Софистицирани можности за составување и распоред


imagePRESS Server J200 е опремен со познатиот софтвер Compose од EFI, кој обезбедува напреден преглед и околина за уредување. Нејзиниот широк опсег на софистицирани алатки за составување на документи и напреден WYSIWYG кориснички интерфејс ја подобрува проверката на документите, го забрзува составувањето и им овозможува на помалку искусните оператори да изведуваат сложени функции на документите. Исто така, достапен е и софтверот EFI Impose како помош при процесот на формирање редослед на документите.

Безбеден и сигурен


Пакетот сигурносни функции кои се усогласени со индустриските стандарди се грижи доверливите информации да останат такви.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS Server J200, неговите функции и можности.