Canon imagePRESS Server T1

imagePRESS Server T1

Обезбедувајќи работен тек без напор, imagePRESS Server T1 е вградена контролна опција за машината за печатење imagePRESS C1 која испорачува извонредни резултати на бојата.

Придобивки

  • Едноставно решение, без многу мака, при апликации на печатење-по-потреба
  • Големи брзини на обработка благодарение на Fiery System 8
  • Брзи времиња на обрт
  • Алатки, кои се лесни за користење, помагаат во минимизирање на грешките на ракувачот

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS Server T1

Брза обработка, брзи обрти


imagePRESS Server T1 е изграден со примена на Fiery System 8, кој овозможува брзини на обработка кои се водечки во индустријата, а кои помагаат во максимизирање на враќањето на инвестицијата (ROI) во вашата машина за печатење imagePRESS C1.

Контролорот вклучува бројни технологии кои обезбедуваат брза обработка на сите задачи за печатење на imagePRESS C1. Тие ги вклучуваат SmartRIP, RIP 1 While Print 2, и ECT компресија.

Ефикасен работен тек


Едноставните работни текови овозможуваат ракувачите да ги намалат времињата за поставување, а помагаат и во минимизирање на грешките. Ефикасноста за работни текови во PDF е уште повеќе зголемена, бидејќи imagePRESS Server T1 с во можност да исцртува датотеки во PDF кои содржат XObject-и.

Достапни се бројни алатки за да им помогнат на ракувачите да обезбедат брзо поставување и испорака на задачи од сите видови на комплексност. На пример, задачите кои честопати се јавуваат може однапред да се постават и да се сочуваат на сервер како шаблон за Нot Folder, виртуелен печатач или PPD.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS Server T1, неговите функции и можности.