Дизајниран да понуди извонредна вредност за производните работни околини, imageRUNNER ADVANCE C9060 PRO обезбедува одличен квалитет на сликата, напредна завршна обработка и моќна интеграција во работниот процес.
Погледнете подетални информации за Canon imageRUNNER ADVANCE C9060 PRO
imageRUNNER ADVANCE C9060 PRO е дизајниран за максимална
продуктивност кај CRD салите за печатење, комерцијалното печатење и
услугите "печатење за плаќање". Благодарение на
неверојатно практичното користење, многу лесно се изведуваат
сложени работни задачи за печатење на мали тиражи во боја.
Брзината на печатење до 60 стр/мин во боја или црно-бел формат,
максималната залиха на хартија од 9.300 листа и тонерот кој може да
се дополни во текот на печатењето само ги истакнуваат високите
перформанси. Сето тоа може дополнително да се подобри со помош на
софтверот eMaintenance Advanced на Canon, кој овозможува заштеда на
време, автоматско мерење и нарачка на потрошни материјали.
Понудете им голем избор на вашите клиенти благодарение на
неверојатно флексибилните можности за работа со медиуми кои ги нуди
imageRUNNER ADVANCE C9060 PRO. Необложена хартија, сјајни медиуми,
максимална стандардна големина на хартија од SRA3 (или 330,2 x
487,7mm за неправилна големина), како и тешките медиуми до 300 g/m2
нудат широк избор на можности.
Професионалното правење дупки, превиткувањето (Z-превиткување,
внатрешно-C, надворешно-C, двојно паралелно и централно
превиткување), вметнувањето и средишната завршна обработка со
отсекување се постигнуваат сосема лесно, овозможувајќи ви да им
понудите исклучителен избор на своите клиенти.
imageRUNNER ADVANCE C9060 PRO вклучува бројни иновации кои
придонесуваат за достигнување највисок квалитет на печатење.
Системот тонери на Canon го проширува спектарот на репродуцирани
бои, нудејќи исклучително спојување и квалитет за најостар текст и
најчиста графика.
ARCDAT технологијата на Canon за калибрирање во реално време
овозможува постојано постојано добивање на бои, преку
автоматизирано мерење и прилагодување на густината на сликата за
време на секое печатење.
Интеграцијата со софтверското решение HELIX Production Workflow на
Canon овозможува значајни придобивки во однос на заштедата на време
и трошоци, со функции како онлајн нарачки, доделување "билети" за
задачите и плаќање и директна интеграција со апликации за печатење
различни видови податоци.
imageRUNNER ADVANCE ColorPASS-GX300 RIP ги оптимизира машината и
корисничките перформанси за подобрување на продуктивноста и враќање
на инвестираните средства.
Дознајте повеќе за Canon imageRUNNER ADVANCE C9060 PRO, неговите функции и можности.