imagePRESS C600i

Првиот канцелариски печатач со технологија за производствено печатење и исклучителен квалитет кој беспрекорно и безбедно се интегрира во секое опкружување

Придобивки

  • Исклучителен квалитет на слика
  • Импресивна прецизност и постојаност на боите
  • Регистрација со голема прецизност
  • Сеопфатна продуктивност со обемна палета на медиуми со голема тежина
  • Автоматско двострано печатење на медиуми со тежина до 300 gsm и со големина на медиуми до SRA3
  • Лесно за користење во опкружувања со повеќе корисници и работни опкружувања
  • Лесна, безбедна интеграција во постоечките и идните работни процеси
  • Подобра контрола на трошоците и извештај за користењето
  • Енергетска ефикасност

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS C600i

Извонреден квалитет на печатење


imagePRESS C600i нуди подобра конзистентност на боите и прецизност кај голем број различни медиуми - вклучувајќи хартија со тешка текстура и рециклирана хартија - благодарение на Consistently Vivid (CV) тонерот на Canon и средната еластична лента за пренос која ја оптимизира ефикасноста на пренос кај тонерот. Тој нуди најдобри резултати во својата класа без разлика дали печатите само една или илјадници листови со компактната технологија за регистрација со висока прецизност, додека исклучителната резолуција од 2.400 dpi овозможува висока прецизност и во печатењето на текст и слики. Овие технологии, заедно со подобрената калибрација на бои во реално време, обезбедуваат врвен квалитет за печатење дури и за опкружувањата со најголеми потреби.

Максимална продуктивност


imagePRESS C600i нуди континуирана импресивна брзина на печатење до 60 слики во минута на голем број различни медиуми. Таа може да работи на максимална брзина со медиуми со тежина до 220 gsm и да печати двострано на медиуми со тежина до 300 gsm на брз и едноставен начин. Огромните подобрувања во технологијата за спојување овозможува печатење на посложени задачи на голем избор на медиуми, додека иновативните опции за завршна обработка обезбедуваат максимално време на оперативност. Ракувањето е практично и едноставно со големиот HD екран на допир во боја со можност за вртење каде што лесно може да се изберат медиумите, додека флексибилното печатење од мобилни уреди и опциите за скенирање ја максимизираат деловната ефикасност дури и кога се движите.

Безбедност и контрола на трошоците


Погрижете се вашите информации да останат доверливи низ животниот циклус, од складирањето на податоците до преносот и дистрибуцијата, преку повеќе стандардни и изборни опции за безбедноста на уредот, мрежата и документите. Контролата на трошоците за печатење е подобрена со поддршка за софтверот uniFLOW на Canon, кој ви овозможува следење и плаќање на одредени задачи за печатење на индивидуални лица, оддели и проекти, како и извештај на база на корисниците.

Беспрекорно интегрирање и управување


Овој уред се интегрира беспрекорно во вашите постоечки и идни канцелариски работни процеси со поддршка за индустриски IT стандарди како PCL и Genuine Adobe PostScript®*. Големиот избор на алатки овозможува лесно конфигурирање, управување и администрација на вашиот уред во опкружувања со повеќе од еден корисник. imagePRESS C600i исто така функционира беспрекорно со повеќе решенија за зачувување и управување со документи како uniFLOW, eCopy и многу други.

Одржлив дизајн


imagePRESS C600i ви помага да го минимизирате влијанието на вашата организација врз животната средина и ги намалува трошоците за енергија. Овој уред со ENERGY STAR® сертификат нуди водечки вредности на TEC**.

* Изборно
** Типична потрошувачка на енергија. Методологијата е дефинирана според ENERGY STAR (www.eu-energystar.org)

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS C600i, неговите функции и можности.

ImageRUNNER ADVANCE logo

Алатка за конфигурирање на производ

Искористете ја оваа алатка за да ги откриете и за да ги прилагодите конфигурациите според вашите потреби.