Canon imagePRESS C6011S

imagePRESS C6011S

Дизајниран за комерцијални печатачи и посебни оддели, imagePRESS C6011S нуди одличен квалитет на печатење, нови решенија за работните процеси и подобрени линиски завршни обработки за солидно враќање на инвестираните средства.

Придобивки

  • Квалитет на сликата кој изгледа како офсет печатење
  • Управување на ракувањето со Océ PRISMAsync R3
  • Конзистентни и предвидливи резултати
  • i1 контрола на процеси за контролирано дигитално печатење во боја.
  • Разновидни медиуми до 325 gsm
  • Брзина до 61 слика/мин.
  • Напредни можности за завршна обработка

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS C6011S

Ново дефинирање на печатењето во боја


Водечката технологија на Canon и работниот процес Océ PRISMAsync R3 му овозможуваат на iimagePRESS C6011S одново да ги дефинира можностите за печатењето во боја.

Уште повисок квалитет


V-тонерот од Canon во комбинација со напредните технологии за контрола на сликата нуди оптимизација на сјајноста, за врвна завршна обработка на сите медиум.

Постојан квалитет


Поголема палета на бои помага во одржувањето на збогатеното печатење, овозможувајќи верна репродукција го надополнуваат офсет печатењето. Системот за напредна контрола на слика (ARCDAT) од Canon и технологијата за стабилизирање на густината на бојата на тонерот овозможуваат исклучителна конзистентност на боите на долг период.

i1 контролата на процеси придонесува за непроменливо и контролирано дигитално печатење во боја. Едноставниот интерфејс на софтверот им овозможува на корисниците да направат профили на International Colour Consortium (ICC) за приказ и CMYK излезни уреди.

Нови стандарди во контролата на работниот процес


Целосното интегрирање со системот за контрола на Océ PRISMAsync R3 ги овозможува највисоките стандарди на работниот процес. Можноста за напредно управување со бои се инкорпорира со користење на едноставни шаблони или со понапредни функции. Моќната поддршка за VDP заедно со однесувањето на системот врз база на анализа и алатките за операторот ја зголемуваат продуктивноста.

Брзо продуктивно


Брзината на печатење изнесува 61 слики/мин. за медиуми до 135 gsm, а може да се печатат и потешки или обложени медиуми до 325 gsm. Подобрениот каталог на медиуми овозможува примена на разновидни апликации за графичка уметност и деловно опкружување. Залихата на медиуми од максимум 10.000 листови од 8 различни извори овозможува неколку часа непрекинато печатење.

Благодарение на можностите за печатење на поголеми медиуми и зголемената продуктивност на апликациите за печатење на различен број на страни, како извештаи и брошури, единицата за средишна завршна обработка ви овозможува апликации како Pitch Books.

Прецизно и сигурно


Интелигентната технологија за регистрација (IRT) на Canon нуди исклучителна прецизност при регистрацијата од напред кон назад или од една кон друга страна. Напредната технологија за рамномерност (AST) го подобрува квалитетот на печатењето со елиминирање на спојувањата поврзани со комбинациите на текст и сложена графика. Ефикасниот систем за резолуција врши интелигентни прилагодувања на сликата според начинот на кој отпечатоците се гледаат со човечко око.

Напредниот систем за снабдување со помош на воздух обезбедува високи нивоа на сигурност со ултрасоничен систем за откривање на двојното повлекување, кој ги открива повеќекратните повлекувања и ги отстранува без прекинување на работата.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS C6011S, неговите функции и можности.