Canon imagePRESS C6011VP

imagePRESS C6011VP

Дизајниран за комерцијални печатачи и посебни оддели, imagePRESS C6011VP нуди одличен квалитет на печатење, нови решенија за работните процеси и подобрени линиски завршни обработки за солидно враќање на инвестираните средства.

Придобивки

    • Квалитет на сликата кој изгледа како офсет печатење
    • Конзистентни и предвидливи резултати
    • i1 контрола на процеси за контролирано дигитално печатење во боја.
    • Разновидни медиуми до 325 gsm
    • Брзина до 61 слика/мин.
    • Напредни можности за завршна обработка
    • EFI Fiery или CREO Color работен процес

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS C6011VP

Поставување на нови стандарди во печатењето во боја


Врз основа на одличната репутација на својот претходник, imagePRESS C6011VP е следен чекор во еволуцијата на дигиталното печатење во боја со квалитет на сликата кој изгледа како офсет печатење. Одликувајќи се со уште поголем квалитет при печатењето, оваа разновидна печатачка машина обезбедува одлично враќање на инвестираните средства.

Уште повисок квалитет


V-тонерот од Canon со своите неверојатно мали честички и карактеристики за спојување без масло во комбинација со напредни технологии за контрола на сликата нуди врвна завршна обработка на сите медиуми.

Постојан квалитет


Предвидливите и постојани бои се загарантирани на речиси сите должини благодарение на системот за напредна контрола на слика (ARCDAT) од Canon и нашата нова технологија за стабилизирање на густината на бојата на тонерот.

i1 контролата на процеси придонесува за непроменливо и контролирано дигитално печатење во боја. Едноставниот интерфејс на софтверот им овозможува на корисниците да направат профили на International Colour Consortium (ICC) за приказ и CMYK излезни уреди.

Неверојатна брзина и продуктивност


Дури и при користење на потешки или обложени медиуми до 325gsm, брзината на печатење се одржува на 61 слики/мин. Можност за конфигурирање на залиха на медиуми од максимум 10.000 листови од 8 различни извори.

Можностите за печатење на поголеми медиуми, подобрениот каталог на медиуми и зголемената продуктивност на апликациите за печатење на различен број на страни, го прави imagePRESS C6011VP идеален за графичка уметност и деловно опкружување. Продуцирајте извештаи, упатства и импресивни pitch books со леснотија.

Печатење со голема прецизност


Интелигентната технологија за регистрација (IRT) на Canon нуди исклучителна прецизност при регистрацијата од напред кон назад или од една кон друга страна. Напредната технологија за рамномерност (AST) го подобрува квалитетот на печатењето со елиминирање на спојувањата поврзани со комбинациите на текст и сложена графика. Ефикасниот систем за резолуција врши интелигентни прилагодувања на сликата според начинот на кој отпечатоците се гледаат со човечко око.

Напредниот систем за снабдување со помош на воздух обезбедува високи нивоа на сигурност со ултрасоничен систем за откривање на двојното повлекување, кој ги открива повеќекратните повлекувања и ги отстранува без прекинување на работата.

Моќна контрола на работниот процес


Достапни се неколку моќни опции на серверот, кои можат да се справат со најсложените задачи со леснотија, без разлика дали податоците се статични или променливи. Деталните извештаи пред и по печатењето влеваат огромна доверба.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS C6011VP, неговите функции и можности.

Корисни линкови