Canon imagePRESS C7000VPe

imagePRESS C7000VPe

imagePRESS C7000VPe е нов фабрички произведен модел (FPNM) кој ги зголемува деловните можности за комерцијалните печатачи и нуди одлична заштеда за посебните оддели.

Придобивки

  • Квалитет на сликата кој изгледа како офсет печатење
  • Конзистентни и предвидливи резултати
  • Максимална продуктивност со сите медиуми до 300 gsm
  • Брзини до 71 слика/мин.
  • Напредни можности за завршна обработка
  • Грижа за екологијата
  • EFI Fiery работен процес

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePRESS C7000VPe

Нов фабрички произведен модел


C7000VPe е уред кој е земен од пазарот и испратен во фабриката на Canon за да биде расклопен до неговата конструкција. Расклопените делови темелно се чистат, целосно се тестираат и доколку е потребно се заменуваат. Машината потоа повторно се гради со комбинација од новите и постоечките делови, создавајќи ново издание на постоечкиот модел.

Овој модел е дизајниран за да им помогне на комерцијалните печатачи и одделите за внатрешно печатење со различни барања за буџетот да добијат пристап до најновите иновации во дигиталното печатење, за помала капитална инвестиција отколку нова машина.

Печатење со висока сигурност


Напредниот систем за снабдување со помош на воздух обезбедува високи нивоа на сигурност со ултрасоничен систем за откривање на двојното снабдување, кој ги открива повеќекратните снабдувања и ги отстранува без прекинување на работата.

Системот за подобрување на проток на воздух заедно со сензорите за температура и влажност ја одржуваат машината на оптималната температура која овозможува испорака на висок квалитет и конзистентност во ракувањето. Ова значи пократко време на чекање и висококвалитетни апликации.

Највисок можен квалитет


Производите на Canon се добро познати по нивните перформанси, издржливост и сигурност и ние сакаме да ги задржиме тие вредности. Овој FPNM ги исполнува сите стандарди како и најновите решенија на Canon и се нуди со истата гарантна заштита.

Извонредно ниво на продуктивност


Дури и при користење на потешки или обложени медиуми до 300 gsm, брзината на печатење се одржува на 71 слики/мин.

Напредни можности за завршна обработка


Достапни се повеќе можности за линиски завршни обработки. Благодарение на можностите за печатење на поголеми медиуми и зголемената продуктивност на апликациите за печатење на различен број на страни, како извештаи и брошури, единицата за средишна завршна обработка ви овозможува да додадете апликации како Pitch Books во вашето портфолио.

Најнови технологии за дигитално печатење


imagePRESS C7000VPe вклучува неколку ажурирања на технологијата од неговото оригинално претставување. Како резултат на тоа, тој е попродуктивен, поефикасен и е со намалени трошоци за користење од оригиналниот уред.

Моќна контрола на работниот процес


C7000VPe го вклучува работниот систем на imagePRESS A2300e кој нуди повпечатливи документи со живописни слики и бои кои ги надминуваат очекувањата на корисниците.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePRESS C7000VPe, неговите функции и можности.