Canon imageRUNNER ADVANCE C9280 PRO Спецификации

ОСНОВНИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Тип на машина

Повеќефункционален ласер во боја (одделно читач/печатач)

Најважни достапни функции

imageRUNNER ADVANCE 4035i: печатење*, копирање**, скенирање**, испраќање** и изборен факс
* Потребен е imagePASS-A2 или ColorPASS-GX400
* Потребна е ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-F1
За верзијата само за печатење потребен е КАПАК НА ПЕЧАТАЧ-B1

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ПЕЧАТАЧ

Брзина на печатење (Ц-Б/БОЈА)

A4 обична хартија:
52-105 gsm: 80/70 стр./мин.
106-220 gsm: 40/35 стр./мин.
221-300 gsm: 26,7/23,3 стр./мин.
Со прекривен слој:
106-180 gsm: 23,3/21,6 стр./мин. или 40/35 стр./мин.
181-300 gsm: 23,3/21,6 стр./мин. или 26,7/23,3 стр./мин.
во зависност од режимот
A3 обична хартија:
52-105 gsm: 40/35 стр./мин.
106-220 gsm: 20/17,5 стр./мин.
221-300 gsm: 13,3/11,6 стр./мин.
Со прекривен слој:
106-180 gsm: 11,7/10,8 стр./мин. или 20/17,5 стр./мин.
181-300 gsm: 11,7/10,8 стр./мин. или 13,3/11,6 стр./мин.
во зависност од режимот

Метод на печатење

Печатење во боја со ласерски зраци

Резолуција на печатење

1200 dpi x 1200 dpi, 600 dpi x 600 dpi

Двострано печатење

Стандардно автоматско неограничено двострано печатење

Печатење од мемориски медиуми

Поддржани мемориски медиуми:
USB мемориски уред, мемориски картички (SD, Compact Flash и Memory Stick преку изборна ЕДИНИЦА ЗА ЧИТАЊЕ/ЗАПИШУВАЊЕ НА МУЛТИМЕДИЈАЛНИ КАРТИЧКИ-A2)
Поддржани типови на фајлови за директно печатење, како и печатење со RemoteUI, Advanced Space и Web Access: JPEG, TIFF, PDF*, XPS*
* потребно е КОМПЛЕТ ЗА ДИРЕКТНО ПЕЧАТЕЊЕ (за PDF/XPS)-H1за PDF/XPS. Не е достапно директно печатење на XPS од отстранливи медиуми.

Капацитет за хартија

Стандарден: 2 x касети за 1.100 листови (80 gsm)
2 x касети за 550 листови (80 gsm)
Повеќенаменски фах за 100 листови

Капацитет на хартија (опција)

Опција: 1 x страничен магацин за хартија за 3500 листови (A4) (МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-C1)
1 x страничен магацин за хартија за 3500 листови (A4/A3/SRA3) (POD DECK LITE-A1)
1 x страничен магацин за хартија за 6000 листови (A4/A3/SRA3) (МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА СО ПОВЕЌЕ ФИОКИ-A1)

Максимален капацитет за внес на хартија

9300 листови (A4); 7100 листови (A3)

Капацитет на излезно лежиште за хартија

4250 листови (горен фах: 1500 листови, среден фах: 250 листови, долен фах: 2500 листови) (A4 80 gsm)

Можности за завршна обработка

Подредување, групирање (стандардно), офсет печатење, захефтување, средишно спојување, правење дупки (повеќе шаблони), отсекување, вметнување, превиткување (C-превиткување, Z-превиткување, половично, двојно паралелно, наизменично Z превиткување)

Поддржани типови на медиуми

Касети:
Тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, хартија за банкноти, меморандуми, хартија за картички
Повеќенаменски фах:
Тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, обложена хартија, однапред издупчена хартија, хартија за картички, хартија за банкноти, транспарентна хартија, етикети, пликови, меморандуми, паус
Изборен магацин за хартија:
Тенка хартија, обична хартија, рециклирана хартија, хартија во боја, тешка хартија, однапред издупчена хартија, обложена хартија*, хартија со текстура*, хартија за банкноти*, транспарентна хартија*, етикети*, меморандуми*, хартија за картички**
*Потребен е POD DECK LITE-A1 или МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА СО ПОВЕЌЕ ФИОКИ-A1
** Потребен е МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА СО ПОВЕЌЕ ФИОКИ-A1

Поддржани големини на медиуми

Касети за хартија 1, 2:
Стандардна големина: A4
Касети за хартија 3, 4:
Стандардна големина: A4, A4R, A5, A5R, A3, SRA3, 13"x19" (330 x 483 mm)
Слободна големина: 139,7 mm x 182 mm до 330,2 mm x 487,7 mm
Повеќенаменски фах:
Стандардна големина: A4, A4R, A5, A5R, A3, SRA3, 13"x19" (330 x 483 mm)
Слободна големина: 100 x 148 mm до 330,2 x 487,7 mm
Пликови: бр.10 (COM10), Monarch, ISO-C5, DL

Поддржани тежини на медиуми

Касети: 52 до 220 gsm
Повеќенаменски фах: 52 до 300 gsm
Двострано: 52 до 220 gsm

Јазик(ци) за опис на страница

PCL / Adobe Postscript Level 3 (изборно)

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА КОПИРАЊЕ

Брзина на копирање (Ц-Б/БОЈА)

До 80/70 стр./мин. (A4), до 40/35 стр./мин. (A3), up to 56,6/49,5 стр./мин. (A4R), up to 80/70 стр./мин. (A5R)

Потребно време до излегување на првата копија (FCOT) (Ц-Б/БОЈА)

Прибл. 4,4/6,0 секунди

Резолуција на копирање

Читање: 600 dpi x 600 dpi
Печатење: 1200 dpi x 1200 dpi

Повеќекратно копирање

До 9999 копии

Намалување/зголемување

Зум: 25-400% со чекор на зголемување од 1%
Фиксен сооднос на зумирање: 25%, 50%, 70%, 100%, 141%, 200%, 400%

СПЕЦИФИКАЦИИ НА КОНТРОЛОРОТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ FIERY

Име

вграден imagePASS-A2, надворешен ColorPASS-GX400

Јазик(ци) за опис на страница

PCL5/6 (само за imagePASS-A2)
Adobe Postscript Level 3

Резолуција

1200 dpi x 1200 dpi, 600 dpi x 600 dpi

Меморија

imagePASS-A2: 2GB
ColorPASS-GX400: 2GB

Хард диск драјв

imagePASS-A2: 160GB
ColorPASS-GX400: 500GB

Брзина на процесор

imagePASS-A2: 2,6GHz (Intel Pentium dual core E5300 2,6GHz, FSB800MHz)
ColorPASS-GX400: 3,3GHz (Intel Core i5-660 3,33GHz до 3,6GHz со Turbo boost)

Фонтови

138 Adobe PS фонтови, 113 PCL фонтови (само за imagePASS-A2)

Поддржани оперативни системи

Windows XP, Server 2003, Server 2008, Vista, 7, MacOS 10.5, 10.6, 10.7

Интерфејс

Ethernet 1000Base-T/100Base-TX/10Base-T), USB, D-sub 15-пин. приклучок (само за ColorPASS-GX400)

Мрежни протоколи

TCP/IP, AppleTalk, Bonjour, SNMP, IPP, FTP, SMB, IPv6

СПЕЦИФИКАЦИИ НА СКЕНИРАЊЕ

ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-F1

Изборен скенер во боја со рамно лежиште и двостран автоматски механизам за снабдување со документи за 300 листови (двострано скенирање во едно поминување)

Тип

Рамно лежиште во боја плус двостран автоматски механизам за снабдување со документи во едно поминување

Поддржана големина(и) на медиуми

A3, A4, A4R, A5, A5R, слободни големини (Ш x Д): мин. 139,7 mm x 128 mm, макс. 432 mm x 304,8 mm

Поддржани тежини на медиуми (Ц-Б/БОЈА)

Еднострано скенирање (Ц-Б/БОЈА): 38 до 220 gsm/64 до 220 gsm; двострано скенирање (Ц-Б/БОЈА): 50 до 220 gsm/64 до 220 gsm

Резолуција на скенирање

100 dpi, 150 dpi, 200 x 100 dpi, 200 dpi, 300 dpi, 200 x 400 dpi, 400 x 200 dpi, 400 dpi, 600 dpi

Двострано скенирање

2-страно на 2-страно (автоматски)

Брзина на скенирање

Еднострано (A4, 300 dpi): (Ц-Б/БОЈА) 120/120 слики/мин.
Двострано (A4, 300 dpi): (Ц-Б/БОЈА) 200/140 слики/мин.
Еднострано (A4, 600 dpi): (Ц-Б/БОЈА) 120/70 слики/мин.
Двострано (A4, 600 dpi): (Ц-Б/БОЈА) 120/70 слики/мин.

Методи на скенирање

Директно скенирање: функцијата за испраќање е достапна кај сите модели.
Скенирање со повлекување: скенирањето со повлекување од тип TWAIN/WIA е достапно кај сите модели.
Скенирање на USB мемориски уред: достапно кај сите модели.

Спецификации на скенирање со повлекување

TWAIN преку мрежен TWAIN драјвер (Colour Network ScanGear)
Поддржани оперативни системи: Windows 2000/Windows XP/Windows Server 2003/Windows Vista/Windows Server 2008/Windows 7/Windows 8 (32-битен, 64-битен во компатибилен режим) (драјверите се достапни на http://software.canon-europe.com/)
WIA преку мрежен WIA драјвер
Поддржани оперативни системи: Windows Vista/Windows Server 2008/Windows 7/Windows 8 (32-битен, 64-битен) (драјверите се достапни на http://software.canon-europe.com/)

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ИСПРАЌАЊЕ

Изборен/стандарден

Стандардно кај сите модели (потребна е ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-F1)

Резолуција на испраќање

100 dpi, 150 dpi, 200 x 100 dpi, 200 dpi, 300 dpi, 200 x 400 dpi, 400 x 200 dpi, 400 dpi, 600 dpi

Дестинации

E-mail/интернет факс (SMTP), PC (SMB, FTP), WebDAV. Google Docs со апликацијата iR-ADV Cloud Connect за MEAP

Адресар/ броеви за брзо бирање

LDAP (1000)/Local (макс. 500)

Формати на фајлови

TIFF, JPEG, PDF, XPS, PDF/XPS со висока компресија, PDF/A-1b, PDF/XPS со можност за пребарување, Office Open XML (PowerPoint, Word)

Универзални комплети на функции за испраќање

УНИВЕРЗАЛЕН КОМПЛЕТ НА НАПРЕДНИ ФУНКЦИИ ЗА ИСПРАЌАЊЕ-E1 (изборно): создавајте PDF скици (траг и рамномерност), Adobe Reader дополнителни компоненти за PDF (PDF/XPS со можност за пребарување е стандардна функција.)
УНИВЕРЗАЛЕН КОМПЛЕТ НА БЕЗБЕДНОСНИ ФУНКЦИИ ЗА ИСПРАЌАЊЕ-D1 (изборно): испраќајте шифриран PDF и додавајте дигитален потпис на уредот кај PDF/XPS фајловите.
УНИВЕРЗАЛЕН КОМПЛЕТ ЗА ИСПРАЌАЊЕ СО ДИГИТАЛЕН ПОТПИС НА КОРИСНИК-C1 (изборно): додавајте дигитален потпис на корисникот кај PDF/XPS фајловите.

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ФАКС

Изборен/стандарден

Изборно кај сите модели

Брзина на модем

Super G3 33,6kbps (до 3 секунди/страница¹)

Резолуција на факс

Стандардно: 200 x 100 dpi
Фино: 200 x 200 dpi
Супер фино: 200 x 400 dpi
Ултра фино: 400 x 400 dpi

Факс меморија

До 6000 страници¹

Броеви за брзо бирање

Макс. 200

Групно бирање/одредишта

Макс. 199 броеви за бирање

Секвенцијално пренесување

Макс. 256 адреси од адресарот плус 256 нови одредишта

Резервна копија на меморија

3 часа

Други опции

Проследување преку факс, двоен пристап, PC факс (само TX)

ОПШТИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Потребно време за загревање

Прибл. 31 секунда од моментот на вклучување. Во режим на брзо вклучување 7 секунди од моментот на вклучување

Тип на интерфејс

USB 2.0 Hi-speed
Ethernet: 1000BaseT/100Base-TX/10Base-T
Стандардно: 2 x USB Host

Мрежни протоколи

TCP/IP* (LPD/ Port 9100/ WSD/ IPP/ IPPS/ SMB/ FTP), IPX/ SPX (NDS, Bindery), AppleTalk
*Поддршка за IPv4/IPv6

Брзина на процесор

1,66 Ghz

Меморија

2,5 GB

Хард диск драјв

Стандарден хард диск драјв од 160 GB (простор за користење 160 GB), проширување до 1TB

Контролен панел

26,4 cm (10,4 инчи) TFT SVGA LED екран на допир во боја со задно осветлување

Димензии (Ш x Д x В)

1180 mm x 932 mm x 1403 mm (со исправен панел и ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-F1)

Простор за инсталирање (Ш x Д)

Стандардна конфигурација: 2381 mm x 1450 mm (со ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1 и POD DECK LITE-A1)
Со сите опции: 3977 mm x 1450 mm (со МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА СО ПОВЕЌЕ ФИОКИ-A1, ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1, ЕДИНИЦА ЗА ВМЕТНУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ-H1, ЕДИНИЦА ЗА ПРЕВИТКУВАЊЕ ХАРТИЈА-G1 и ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ ДУПКИ-C1 (вклучувајќи и ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА-B1)

Тежина

Прибл. 279 kg (со ЕДИНИЦА ЗА ДВОСТРАНО ИСЧИТУВАЊЕ НА СЛИКИ ВО БОЈА-F1)

Работни услови

Температура: 10 до 30ºC (50 до 86ºF)
Влажност: 20 до 80 % RH (без кондензација)

Извор на напојување со енергија

220-240 V (±10 %), 50/60 Hz (±2 Hz), 15A x 2 (рејтинг на влезно напојување: 11A)

Потрошувачка на енергија

Максимум: прибл. 2,5 KW
Режим на подготвеност: прибл. 200 W
Режим на мирување: прибл. 1 W или помалку¹
Вредност на типична потрошувачка на електрична енергија (TEC)²:
9,9 kwh

Ниво на шум

Звучен притисок¹
Активен режим: 58 dB
Режим на подготвеност: 33 dB

Софтвер и управување со печатач

iW конзола за управување за централизирано управување со уредот (следење и предупредувања за потрошни материјали и грешки, адресар, конфигурација и ажурирање на firmware, дистрибуција на MEAP апликации, снимање на бројач, управување со драјвери и ресурси);
Компатибилност со услугите eMaintenance преку вграден RDS (овозможува снимање на бројач, автоматско управување со потрошни материјали и далечинско дијагностицирање);
Систем за испорака на содржини (далечинска дистрибуција на Firmware, iR опции и MEAP апликации);
Алатка за конфигурирање на драјвер на Canon
Далечински кориснички интерфејс (RUI);
Network ScanGear
инсталатор за NetSpot уред;
MEAP (Повеќефункционална платформа за вградени апликации)
MEAP Web

Сигурносни функции

Стандардно: филтрирање на IP/Mac адреса, IPSEC, SNMP V3.0, IEEE 802.1X, Trusted Platform Module (TPM), безбедно печатење, заклучување на хард диск со лозинка, бришење на хард диск, MEAP за најавување, ID на оддел, SSO, SSO-H, поштенско сандаче, систем за управување со пристап.
Изборно: шифрирано безбедно печатење, шифриран PDF, пресликување и шифрирање на хард диск драјв, потписи на корисник и уред, безбедносни водени печати, заклучување на скенирањето на документи, отстранување на хард диск.
За следните елементи потребен е uniFLOW: функција My Print Anywhere за безбедно печатење, спречување на губењето на податоци.

ПОТРОШНИ МАТЕРИЈАЛИ

Картриџ(и) со тонер

C-EXV 44 ТОНЕР BK/CY/MG/YL (потрошувачка: 72K страници, CMY: 54K страници¹)

ВНЕСУВАЊЕ НА ХАРТИЈА И ОПЦИИ ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА

МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА-C1

Големина на хартија: A4
Тежина на хартија: 52 до 220 gsm
Капацитет за хартија: 3500 листови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 323 mm x 583 mm x 570 mm
Тежина: прибл. 37kg

POD DECK LITE-A1

Големина на хартија: A3, A4, A4R, SRA3, 13"x19"
Тежина на хартија: 52 до 300 gsm
Капацитет за хартија: 3500 листови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 601 mm x 621 mm x 570 mm
Тежина: прибл. 50kg

МАГАЦИН ЗА ХАРТИЈА СО ПОВЕЌЕ ФИОКИ-A1

Големина на хартија: A3, A4, A4R, A5R, SRA3, 13"x19"
Тежина на хартија: 52 до 300 gsm
Капацитет на хартија: 3 x 2000 листови, вкупно 6000 листови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 950 mm x 797 mm x 1040 mm
Тежина: прибл. 150kg

ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-K1

Капацитет на фах:
Горен фах (A): A4/A5R 1.500 листови, A3/A4R/SRA3/13"x19" 750 листови
Среден фах (B): A4/A5R 250 листови, A3/A4R 125 листови, SRA3/13"x19" 30 листови
Долен фах (C): A4 2.500 листови, A5R 1.500 листови, A3/A4R/SRA3/13"x19" 750 листови
Тежина на хартија: 52 до 300 gsm
Позиција на единица за захефтување: во агол, двојно
Капацитет на единица за захефтување: 100 листови A4, 50 листови A3/A4R
Димензии (Ш x Д x В):
782 mm x 765 mm x 1040 mm (со извлечен фах)
654 mm x 765 mm x 1040 mm (кога фахот е затворен)
Тежина: прибл. 64kg

ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1

Исто како ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-K1 со дополнителна функција за изработка на брошури
Позиција на единица за захефтување: во агол, двојно, спојување на брошури
Капацитет на единица за захефтување: 100 листови A4, 50 листови A3/A4R
Големина на хартија за спојување на брошури: A3, A4R, SRA3, 13"x19", слободна големина (210 x 279,3 mm до 330,2 x 487,7 mm)
Капацитет на единицата за захефтување за спојување на брошури: 20 листови (80 страници, 80gsm)
Димензии (Ш x Д x В):
896 mm x 765 mm x 1040 mm (со извлечен фах)
767 mm x 765 mm x 1040 mm (кога фахот е затворен)
Тежина: прибл. 110kg

ВНАТРЕШНА ЕДИНИЦА ЗА ОТСЕКУВАЊЕ БРОШУРИ-A1

Потребна е ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1
Отсекување на еден раб (страна на отворање)
Отсекување по ширина: 2 до 20 mm
Отсекување по дебелина: до 20 листови (вклучува корици)
Тежина на хартија: 60 до 300 gsm
Тежина: прибл. 32kg

ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ ДУПКИ-BG1/BH1

Потребна е или ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1 или ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-K1)
Вид на правење дупки:
BG1: со избор од 2 дупки и 4 дупки (FRN), BH1: 4 дупки (Swe)
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 52 до 256 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки: 2 дупки: A3, A4, A4R 4 дупки: A3, A4

ЕДИНИЦА ЗА ВМЕТНУВАЊЕ ДОКУМЕНТИ-H1

Број на фахови: 2 фахови
Големина на хартија: A3, A4, A4R, SRA3, 13"x19", Слободна големина (182 × 182 mm до 330,2 × 487,7 mm)
Тежина на хартија: 52 до 300 gsm
Капацитет на хартија: 200 листови x 2 фахови (80 gsm)
Димензии (Ш x Д x В): 336 mm × 793 mm × 1407 mm
Тежина: прибл. 61kg

ЕДИНИЦА ЗА ПРЕВИТКУВАЊЕ ХАРТИЈА-G1

Z-превиткување: големина на хартија: A3, A4R, тежина на хартија: 52 до 105 gsm
C-превиткување: големина на хартија: A4R, тежина на хартија: 52 до 105 gsm
Наизменично Z-превиткување: големина на хартија: A4R, тежина на хартија: 52 до 105 gsm
Двојно паралелно: големина на хартија: A4R, тежина на хартија: 52 до 90 gsm
Превиткување на половина: големина на хартија: A4R, тежина на хартија: 52 до 105 gsm
Капацитет за печатење: C-превиткување и наизменично Z-превиткување: 40 листови, двојно паралелно: 20 листови
Димензии (Ш x Д x В): 336 mm × 793 mm × 1190 mm
Тежина: прибл. 71kg

ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ ДУПКИ-C1

Потребна е или ЕДИНИЦА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1 или ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-K1, ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА СО ПРАВЕЊЕ ДУПКИ-B1
Прифатлива тежина на хартија при правење дупки: 75-216 gsm (обична хартија), Pro Click: 75-176 gsm
Прифатлива големина на хартија при правење дупки: A4
Алатки за правење дупки: пластичен чешел 21 дупка, двојна јамка 23 дупки (кружно), двојна јамка 34 дупки (кружно), спирала во боја 47 дупки, поврзување со пластична лента 12 дупки, прстени со отворање 4 дупки, прстени со отворање 2 дупки, прстени со отворање 4 дупки (шведски), прстени со отворање 3 дупки, Pro Click 34 дупки
Димензии (Ш x Д x В): 305 mm × 792 mm × 1040 mm
Тежина: прибл. 80kg

ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА СО ПРАВЕЊЕ ДУПКИ-B1

Потребна е ПРОФЕСИОНАЛНА ЕДИНИЦА ЗА ПРАВЕЊЕ ДУПКИ-C1
Димензии: 250 × 792 × 1040 mm
Тежина: прибл. 40kg

ДОПОЛНИТЕЛНИ ОПЦИИ

Хардверска дополнителна опрема 1

КАПАК НА ПЕЧАТАЧ-B1: Капакот на печатачот се користи кога на уредот е потребна функцијата за скенирање/копирање.
КОМПЛЕТ ЗА ОТКРИВАЊЕ НА ДВОЈНО ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ХАРТИЈА-A1: овозможува откривање на двојно повлекување од магацинот за хартија со повеќе фиоки со цел да ја зголеми прецизноста при снабдувањето со хартија.
ФАХ ЗА АЛАТКИ-A2: овозможува дополнително проширување на работната површина, за да можете да поставите тастатура.
ЕДИНИЦА ЗА МЕНУВАЊЕ КЛУЧЕВИ-B1: на администраторите им овозможува да активираат и/или деактивираат системски функции кои се достапни до сите корисници, со користење на физички клуч.

Хардверска дополнителна опрема 2

ЧИТАЧ НА КАРТИЧКИ СО КОПИРАЊЕ-F1: Систем за пристап со магнетни физички картички кој го ограничува пристапот само на овластени корисници, исотвремено помагајќи ја контролата на трошоците преку следење на активноста на корисниците.
ДОДАТОК СО ЧИТАЧ НА КАРТИЧКИ СО КОПИРАЊЕ-A2: дополнителен комплет за читачот на картички со копирање-F1.

Дополнителна опрема за контролорот за печатење

КОМПЛЕТ ЗА ДИРЕКТНО ПЕЧАТЕЊЕ (ЗА PDF/XPS)-H1: на корисниците им овозможува да печатат PDF/XPS фајлови директно во уредот.
КОМПЛЕТ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ НА БАР-КОДОВИ-D1: овозможува печатење на бар-кодови преку употреба на технологијата Jet Caps.

Контролор базиран на EFI-Fiery

X-RITE i1 PROCESS CONTROL: содржи спектрофотометар за мерење на боите, следење и контрола на квалитетот на печатењето, и поддржува создавање на ICC профили за монитори и CMYK печатачи.
ОТСТРАНЛИВ HDD КОМПЛЕТ-B1: на корисникот му нуди можност за заклучување на хард диск драјвот од серверот во системот за да обезбеди нормално функционирање и можност за отстранување и пренесување на драјвот на безбедна локација по исклучување на серверот.
КОМПЛЕТ СО ДРЖАЧ И GUI ЗА СЕРВЕР: вклучува монитор, тастатура, глувче и држач за ColorPASS-GX400.

Контролор базиран на EFI-Fiery - опции 2

ПАКЕТ ЗА ПРОДУКТИВНОСТ: придодава функции за напредна продуктивност и управување со задачите. Во компонентите се вклучени: Hot folders, Postflight, ImageViewer.
ПАКЕТ GRAPHIC ARTS, PREMIUM EDITION, V.2.2: обезбедува моќни можности за пробно печатење и оптимизирани работни процеси со излезни симулации за опкружувања со графичка уметност.
SEEQUENCE IMPOSE: решение за распоредување страници на документи кое е достапно преку алатката Command WorkStation на контролорот базиран на FIERY.
SEEQUENCE COMPOSE: решение за составување и правење композиција на документи за контролорот базиран на FIERY со WYSIWYG интерфејс, кое е достапно преку алатката Command WorkStation.
SEEQUENCE SUITE: решение за распоредување страници и правење композиција на документи за контролорот базиран на FIERY, кое во еден пакет ги вклучува модулите SeeQuence Impose и SeeQuence Compose.

Системска дополнителна опрема

SUPER G3 ФАКС КАРТИЧКА-AD2: ја придодава функцијата за испраќање факсови на вашиот уред.
SUPER G3 ФАКС КАРТИЧКА ЗА ВТОРА ЛИНИЈА-AD1: Додадете втора факс линија на вашиот уред.
КОМПЛЕТ ЗА ДАЛЕЧИНСКИ ФАКС-A1: на уредот му овозможува примање и праќање факсови преку друг уред imageRUNNER ADVANCE на мрежата.
СОФТВЕР ЗА ПРИСТАП НА ИНТЕРНЕТ-H1: Ви овозможува пристап на веб-страници, така што можете да превземате и печатите без потреба од компјутер.
КОМПЛЕТ ЗА СЕРИСКИ ИНТЕРФЕЈС-K1: за Cost recovery Solution. Со користење на комплетот за сериски интерфејс-K1, кај уредите се активира вградениот режим MFP Charge Mode.
КОМПЛЕТ ЗА ИНТЕРФЕЈС ЗА КОНТРОЛА НА КОПИРАЊЕ-A1: за Cost recovery Solution. Овозможува поврзување (CCVI I/F) помеѓу терминал за контрола на копирање од трети страни и серијата imageRUNNER ADVANCE од Canon заради намалување на трошоците.

Дополнителна опрема за безбедност на уред

КОМПЛЕТ ЗА ШИФРИРАЊЕ И ПРЕСЛИКУВАЊЕ НА HDD ПОДАТОЦИ-C1: дополнителен комплет за хард диск кој обезбедува шифрирање и пресликување на привремените и трајните податоци. Со шифрирањето се овозможува копираните или скенираните слики да бидат шифрирани ПРЕД да бидат зачувани на хард дискот од уредот. Функцијата за пресликување овозможува копирање на сите податоци во реално време, обезбедувајќи извонредно сигурна заштитна копија.
2,5 ИНЧИ/160GB HDD-G1: дополнителен HDD за функцијата за пресликување.
2,5 ИНЧИ/1TB HDD-H1: резервен HDD за зголемување на просторот за складирање на уредот. За користење на функцијата за HDD пресликување, ќе ви биде потребен втор HDD од 1TB.
ОТСТРАНЛИВ HDD КОМПЛЕТ-AC1: овозможува физичко отстранување на хард диск драјвот кога уредот не е под надзор или не се користи, за да се заштитат доверливите податоци и да се обезбеди поголемо ниво на безбедност.

Дополнителна опрема за безбедност на документи

КОМПЛЕТ ЗА ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА СКЕНИРАЊЕТО НА ДОКУМЕНТИ-B1: се зголемува нивото на безбедност на документите преку вметнување на скриена лента и код за заклучување во рамките на ископираните или отпечатените документи, за да се спречи неовластено копирање, испраќање и испраќање по факс.
БЕЗБЕДНОСЕН ВОДЕН ПЕЧАТ-B1: го спречува умножувањето на чувствителните отпечатени документи преку вметнување на скриени водени печати кои стануваат видливи при копирање.

Дополнителна опрема за пристапност

РАЧКА ЗА ПРИСТАП НА ADF УРЕДОТ-A1: се прикачува на механизмот за снабдување со документи, олеснувајќи го пристапот за корисниците кои седат.
СОФТВЕРСКИ КОМПЛЕТ ЗА ДАЛЕЧИНСКИ ПРИСТАП-B1: овозможува користење на екранот на контролниот панел на уредот од оддалечени компјутери.
КОМПЛЕТ ЗА ГЛАСОВЕН ВОДИЧ-F2: снимениот глас обезбедува потврда за основните подесувања на менито, правејќи го системот поедноставен за користење за луѓето со оштетен вид.
КОМПЛЕТ ЗА ГЛАСОВНО УПРАВУВАЊЕ-C2: на корисникот му овозможува да постави разни функции на уредот користејќи гласовни инструкции и звуци.

Други опции

КАРТРИЏ ЗА МАСТИЛО ЗА ПЕЧАТЕЊЕ-C1
ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-N1: картриџ за обично захефтување за ЕДИНИЦАТА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1 и ЕДИНИЦАТА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА СО ЗАХЕФТУВАЊЕ-K1
ЕДИНИЦА ЗА ЗАХЕФТУВАЊЕ-P1: картриџ за средишно захефтување за ЕДИНИЦАТА ЗА ЗАВРШНА ОБРАБОТКА НА БРОШУРИ-K1

Одрекување од одговорност

Сите спецификации се подложени на промена без претходна најава

Фуснота

¹ Врз основа на стандардот ITU-T табела бр. 1

¹ Врз основа на стандардот ITU-T табела бр. 1

¹ Режимот на мирување со потрошувачка од 1 ват не е достапен во сите околности. Одредени опции и конфигурации на мрежата може да го спречат уредот да премине во режим на мирување. Ве молиме погледнете го водичот за корисници за да добиете повеќе информации
² Типичната потрошувачка на електрична енергија (TEC) ја означува типичната потрошувачка на електрична енергија на уредот во период од 1 недела, измерена во киловат-часови (kWh). Методологијата за тестирање е дефинирана од страна на ENERGY STAR (http://www.eu-energystar.org).

¹ Декларирана емисија на шум во согласност со ISO 7779

¹ Врз основа на покриеност од 6%