Canon imagePROGRAF iPF5100

imagePROGRAF iPF5100

Подгответе се за извонредни отпечатоци А2 со помош на уникатниот систем на пигментно мастило со 12 бои, на Canon. Печатачот на iPF5100 за големи формати испорачува брзи, постојани отпечатоци, кои секогаш ќе остават впечаток, правејќи го идеален за фотографија, ликовна уметност, проверка и изработка на постери.

Придобивки

  • Сјајни А2 отпечатоци без раб за помалку од 2 минути.
  • Мастила со 12-бои, брзи како светлината, за извонредна скала на бои
  • Високоефикасен работен тек со 4 патеки за медиуми
  • Интуитивен софтвер, лесен за користење
  • Со повеќе бои, а помалку мастила, ова е одлична инвестиција

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePROGRAF iPF5100

Величествен квалитет



iPF5100 произведува отпечатоци со извонреден квалитет на А2 медиуми благодарение на системот на Canon за пигментно мастило со 12 бои LUCIA II, со двојна глава, кој е прв во индустријата. 12-те бои не се само способни да испорачуваат извонредно широка скала на бои; намалувајќи ја потребата од мешање бои, тие користат помалку мастило отколку вообичаените системи, за уште поефикасни работни трошоци. Исто така, мастилата LUCIA испорачуваат отпечатоци со мазна градација на бојата, намалена зрнетост и бронзирање, за резултати кои се постојано впечатливи

Постојано и точно



iPF5100 содржи вграден систем за калибрирање на бојата кој е лесен-за-користење, за одлични резултати без непотребно трошење-време. Покрај тоа што обезбедува постојаност ширум уредите, една уникатна опција му овозможува на iPF5100 (откако ќе биде калибриран) да го регулира исфрлувањето на мастило зависно од користените медиуми - така што нема потреба од надворешни уреди за калибрирање. Освен тоа, почетниот процес на калибрирање трае неполни 10 минути.

Величествена продуктивност



Како и сите печатачи на Canon за широк формат imagePROGRAF, iPF5100 користи глава за печатење со двојна глава за висока густина, која е во можност да смести 30.720 дизни во само две 1” глави за печатење. Резултатот од капки мастило од 4-pl (пиколитри) обезбедува деликатна градација на бојата, израз со висока дефиниција и точност. Покрај овие највисоки стандарди, iPF5100 е способен за производство на A2 отпечатоци на скици, за само 41 секунда.

3-насочен систем за вовлекување на медиуми обезбедува вистинска флексибилност - од платно до сјајни цврсти материјали, во опсег од 0,07mm до 1,5mm дебелина.

Достапна е палета на моќни софтверски апликации, обезбедувајќи дека iPF5100 може да се користи како во корпоративни средини, така и во средини на специјализирано печатење.

- imagePROGRAF Digital Photo Front Access овозможува уредување на сликата со притискање на копче.
- imagePROGRAF додаток за Photoshop им овозможува на корисниците да извезуваат 16-bit RGB слики, обработени со Adobe Photoshop, директно во печатачот imagePROGRAF
- Poster Artist (по избор) Poster Creation ви овозможува леано да креирате атрактивни постери, благодарение на 1.000 шаблони и слики.

Едноставен за ракување



iPF5100 е конструиран имајќи ги предвид корисниците. Покрај автоматската корекција на искривувања, голем ЛЦД екран постојано ги потсетува корисниците за користениот медиум и за нивото на мастилата, за осигурена продуктивност без престан.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePROGRAF iPF5100, неговите функции и можности.