Canon imagePROGRAF iPF655

imagePROGRAF iPF655

Овозможувајќи врвна продуктивност и постигнување на одлични резултати во сите CAD/GIS средини, iPF655 е печатач со голем 24”/A1 формат кој со сигурност ќе ве импресионира.

Придобивки

  • Компактен дизајн кој ќе ви заштеди простор
  • Следење на трошоците и враќањето на инвестицијата со софтвер за пресметка на трошоците
  • Практичен пристап од предна страна
  • Висока продуктивност влучувајќи “Hot swap” замена на патроните со масло без прекини во работењето;Функција за несоодветен медиум
  • Исклучителен квалитет и прецизност
  • Компатибилност со HP GL/2 и HP-RTL
  • 80Gb HDD за лесно управување со печатењето

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon imagePROGRAF iPF655

Дизајниран за едноставно користење


iPF655 е дизајниран за вклопување во било какво CAD/GIS опкружување. Компактниот тенок дизајн и користењето од предна страна, ќе ви овозможат да го поставите печатачот било каде – па дури и веднаш до ѕид за да заштедите простор во вашата канцеларија.
Големиот LCD контролен панел располага со графички анимации и е сосема лесен за користење. Отпечатените материјали автоматски се поставуваат еден врз друг во корпата со голем капацитет која го спречува нивното оштетување, а постои и практичен тајмер за следење на времето кое е потребно за довршување на печатењето.

За средините со повеќе корисници е вграден хард диск од 80Gb за складирање на задачите за печатење и за да се олесни обработката на големи векторски датотеки.

Висока продуктивност


Можете да очекувате исклучителна продуктивност со печатење на A1 скици и работни верзии за само 24 секунди. L-COA технологијата за обработка на слики на Canon и гигабитното етернет поврзување нудат врвна репродукција на секаков вид материјали, почнувајќи од архитектонски планови па сè до географски информации.

Продуктивноста во мрежните опкружувања се одржува благодарение на функцијата за несоодветен медиум. Притоа се користи хард дискот. Кога одредена задача е испратена да се отпечати со различен медиум од вчитаниот, корисникот е информиран преку оперативниот панел и му е дадена опцијата да го откаже печатењето, да продолжи со печатење или да го промени медиумот. Во меѓувреме, iPF655 продолжува со извршување на другите задачи кои се наоѓаат во редот.

“Hot-swap” патроните со мастило овозможуваат замена на кертриџите со мастило без прекини во работењето при тоа постигнувајќи максимална продуктивност.

Економичен и ефикасен


Вградената функција за пресметка на трошоците нуди прецизно следење на цената по испечаток и комплетниот трошок за вашиот печатач и ви овозможува да ги прегледувате податоците преку драјверот на печатачот или да ги вчитате во CSV датотека заради користење во вашите сопствени датотеки или системи. Можете да изберете економичен режим кој троши помалку мастило, додека eMaintenance софтверот на Canon автоматски ги открива механичките проблеми и ниското ниво на мастило, директно поврзувајќи се со сервисниот центар на Canon за максимално користење без прекин во работата.

Исклучителен квалитет и прецизност


Реактивниот обоен-и-пигментиран систем на мастила во 5 бои на Canon овозможува живописни бои и најостри тенки линии, додека новото мастило со магента боја дополнително ја подобрува црвената палета. Со точност од +/- 0,1% како и минимална широчина на линија од 0,02mm, прецизноста е загарантирана. За максимален ефект сликата се прикажува со резолуција од 2.400 x 1200 dpi, благодарение на фините глави за печатење со 15.360 млазници.

Изработен за работните процеси со големи потреби


iPF655 е компатибилен со HP-GL/2 и HP-RTL, вклучувајќи регулатори за палеттно и линиско испишување. Покрај HDI драјверот за корисниците на AutoCAD и Microsoft Office, на располагање ви стои и дополнителна компонента за директно печатење во Word, Excel и PowerPoint.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePROGRAF iPF655, неговите функции и можности.