Canon imagePROGRAF iPF670

imagePROGRAF iPF670

Добијте комбинација од квалитет и економичност со овој брз печатач од 24” со 5 бои. Добијте поостри резултати за CAD/GIS проекти и постери со новото магента мастило.

Придобивки

  • Печатете големи обеми за пократко време
  • Компактно куќиште од 24”
  • Појасен квалитет кај CAD цртежите и компатибилност со HP-GL/2
  • Систем на LUCIA мастила во 5 бои
  • Ново магента мастило за репродукција на поширока палета на бои
  • Резервоари на мастило од 130ml кои можат да се заменуваат без прекинување на работата
  • Софтвер Direct Print & Share
  • Можност за користење на Cloud
  • Алатки за сметководство

Детални карактеристики

Подетално разгледување на Canon imagePROGRAF iPF670

Голема продуктивност


Добијте поголема продуктивност со iPF670 од Canon - компактен печатач со 5 бои и поголема брзина на печатење кој печати A1 формати во режим на скици за 28 секунди. Овозможете им поголема ефикасност на корисниците со новата функција за директен пристап до печатење со Direct Print & Share. Оваа помошна алатка им овозможува на корисниците да создаваат елементи за директен пристап до нивните најчесто користени поставки за печатење, а потоа да печатат со повлекување и ставање фајлови во нивните елементи за директен пристап.

Исклучителен квалитет и прецизност


Системот на мастила со боја и пигмент во 5 бои од Canon создава најостри и најтенки линии. Со прецизност од +/- 0,1% и минимална широчина на линија од 0,02mm, прецизноста е загарантирана. Добијте поживописни бои на CAD и GIS цртежите, како и црвен текст или слики со подобар квалитет за постери и POS, благодарение на реформулираното магента мастило на iPF680 кое опфаќа најширок спектар досега.

Подготвен за Cloud


Зголемете ја продуктивноста и олеснете ги работните процеси за печатење со imagePROGRAF Direct Print & Share, кој ви овозможува да печатите голем број видови на фајлови без потреба од апликации. Освен интеграција со PosterArtist, решението ви овозможува да вчитувате и преземате фајлови за моментно споделување, со лесен пристап дури и од мобилни телефони. Поддржано е и печатење преку апликации за iPad.

Економичен и ефикасен


Управувајте со трошоците за печатење на поедноставен начин со вградениот статусен монитор. Сметководствената функција на статусниот монитор ги собира фајловите за евиденција на задачите и автоматски ги пресметува трошоците по задачи или временски периоди. Можете да изберете економичен режим кој троши помалку мастило: тој е идеален за печатење на скици и работни верзии на документи.

Дизајн кој ќе ви заштеди простор


Искористете го вашиот простор на подобар начин со рационализираното куќиште од 24” на iPF670 од Canon, кое го прави совршен модел од основна класа за помали деловни простории или за оние кои сакаат покомпактен печатач со помали димензии.

Создаден за работни процеси со големи потреби


iPF670 е компатибилен со HP-GL/2 и HP-RTL и нуди можност за поставување на палетата и линиското испишување за работните процеси со CAD. Во испорачаниот софтвер спаѓа оптимизиран драјвер за AutoCAD и дополнителна компонента за Microsoft Office која ви овозможува директно печатење од Word, Excel или PowerPoint.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon imagePROGRAF iPF670, неговите функции и можности.