Canon SmartLF Gx+T 42

SmartLF Gx+T 42

Идеални за продукциски и комерцијални намени, Smart LF Gx+ 42 и Gx+ T42 скенерите ви овозможуваат висококвалитетно скенирање и копирање на големи документи во боја или црно-бел формат, на брз и едноставен начин, без отстапување на работата на надворешните субјекти.

Придобивки

  • Скенирање на документи со голем формат - 42" макс. ширина на слика и 46" макс. ширина на документ
  • Висока продуктивност - скенирање до 12" во секунда
  • Висок квалитет - CCD технологија и скенирање со висока резолуција од 1200dpi
  • Скенирање на дебели медиуми - до 20mm (само GxT)
  • Енергетска ефикасност - усогласеност со Energy Star

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Canon SmartLF Gx+T 42

Висококвалитетна репродукција на слики


Репродукцијата на живописни бои и фини детали е од исклучителна важност кај комерцијалните и продукциските опкружувања. Smart LF Gx+ 42 и Gx+ T42 користат CCD технологија и имаат резолуција од 1200dpi, овозможувајќи ви прецизно скенирање и копирање, при што се добиваат светли и детални документи и слики.

Висока продуктивност


Во продукциското и комерцијалното печатење, брзината е исклучително значајна, бидејќи колку повеќе корисници ќе услужите, толку поголема ќе биде вратената инвестиција. Gx+ 42 и Gx+ T42 се дизајнирани за голема продуктивност, со можност за скенирање до 12 инчи во секунда во црно-бело и 4 инчи инчи во секунда во боја.

Непосредно започнување со скенирање и копирање


Smart LF Gx+ 42 и Gx+ T42 се "plug & play" уреди кои се испорачуваат со SmartLF софтверот "за директно извршување" - софтверски пакет кој ви овозможува брзо и лесно да го инсталирате уредот и веднаш да започнете со скенирање и копирање.

Енергетска ефикасност


Gx+ 42 и Gx+ T42 се усогласени со Energy Star, со можност за исклучување при мирување со што се гарантира минимална потрошувачка на енергија.

Можност за поврзување во мрежа


Гигабитното етернет поврзување значи дека вие лесно ќе можете да ги поврзете Gx+ 42 и Gx+ T42 на вашата деловна LAN мрежа, овозможувајќи брз и ефикасен трансфер на фајлови.

Работа со дебели медиуми


SmartLF Gx+ T 42 скенерот вклучува моторизиран систем за подебели медиуми кој овозможува скенирање на документи помеѓу 2mm и 20mm, вклучувајќи и слики поставени на Foamex и Kappa плочи.

Спецификации за производот

Дознајте повеќе за Canon SmartLF Gx+T 42, неговите функции и можности.