Océ TrueProof

Océ TrueProof

Océ TrueProof е WYSIWYG, систем за пред печатарски проверки кои се прикажуваат на екранот кој функционира како виртуелен печатач, подобрувајќи и рационализирајќи го пробното печатење. Можете да ги прегледате сликите на страницата и да ја проверите прецизноста при печатењето – детално до пиксел ако е потребно – пред вашите задачи за дигитално печатење да се произведат.
Покрај тоа, за максимизирано совпаѓање на бои, TrueProof може да се надгради со опционални модули кои му овозможуваат софтверско и хартиено пробно печатење во боја. Со тоа на потрошувачот му се овозможува целосно решение за пробно печатење за дигитално производствено печатење во боја.

Придобивки

  • Ги елиминира трошоците поврзани со чекањето, потрошните материјали, кадарот и времето на поставување на производствен печатач за големи количини само заради пробни отпечатоци.
  • Со опцијата SoftProof на TrueProof многу непотребни пробни отпечатоци може да се избегнат. Прецизноста е поголема поради целосната симулацијата на печатач
  • Прегледот со пикселска прецизност вклучува симулација на проѕирна хартија, посебни области за бои и однапред испечатени формулари
  • Одредувањето на потрошувачката на мастила нуди витален и прецизен внес за пресметка на вкупните трошоци
  • Проверка на податоците за печатењето врз база на реалната состојба за печатење и според воспоставените норми (на пр. ISO 12647, G7) или прилагодени вредности
  • TrueProof V5.0 го нуди првото холистичко решение за работниот процес на пробното печатење во боја во индустријата за дигитално печатење.

Детални карактеристики

Погледнете подетални информации за Océ TrueProof

Флексибилно софтверско решение за пробно печатење за рекламни цели


TrueProof е сеопфатна WYSIWYG алатка за софтверско пробно печатење со пикселска прецизност која делува како виртуелен Canon IPDS или PCL печатач на големи количини. TrueProof може да осигура дека апликациите од надворешните извори се подготвени за производство пред да одат до печатач за физичко производство - со што се избегнува непотребното чекање поради дефектните фајлови или несоодветен распоред, а потрошувачите заштедуваат на трошоците и ги зголемуваат перформансите. Апликациите насочени кон TrueProof можат да се прикажат во целосна резолуција на печатење на екранот. Функциите како симулација на двострани страници или прикажување на однапред испечатени формулари ја прават TrueProof алатка за пробно печатење со сите функции специфични за уредот.
Покрај тоа, за максимизирано совпаѓање на бои, TrueProof може да се надгради со опционални модули кои му овозможуваат софтверско и хартиено пробно печатење во боја. Со тоа на потрошувачот му се овозможува целосно решение за пробно печатење за дигитално производствено печатење во боја.
TrueProof исто така се користи за да се одреди потрошувачката на мастилата и покриеноста со бои на апликациите, важен параметар во целосната пресметка. Во овој случај, користејќи ја функционалноста на оригиналниот печатач, TrueProof овозможува прецизна пресметка на покриеноста со бои и потрошувачката на мастилата.
TrueProof може да ги симулира сите типови на производствени печатачи на Canon со SRA контролор (на пр. VP5000, VS7000, VS8000, VS9000, серијата ColorStream, серијата JetStream, серијата ImageStream).
TrueProof Core е првично наменета за блиска интеракција со PRISMAproduction, но може да се поврзе на кој било друг IPDS/PCL излезен систем кој симулира производствен печатач од Canon за големи количини.