Права и услови & политика за приватност

Правила и услови за Canon Gallery

Овие Правила и услови ќе ги ажурираме повремено. За сите промени на овие Правила и услови ќе ве известуваме преку објавување на промените на интернет. Исто така, ќе ги користиме сите методи на комуникација што сте ги навеле за да ве информираме за значајните промени на овие Правила и услови, доколку има такви промени. Ако продолжите со користење на Canon Gallery откако ќе ги објавиме промените на овие Правила и услови, тогаш се согласувате да ги почитувате ажурираните правила.

1. Што претставува Canon Gallery?

Canon Gallery и Canon Showcase се веб-страници со кои управува Canon и кои се наменети за приказ на содржини генерирани од корисниците (или UGC). Со создавање сметка преку постапката за регистрација, ќе можете да ги вчитувате и испраќате вашите дигитални содржини, како на пример, фотографии и/или слики („Содржини“), во Canon каде што ќе бидат јавно прикажани во Canon Gallery. Canon може да ги прикаже вашите Содржини на Canon Gallery ако вашите Содржини ги исполнуваат овие Правила и услови и се соодветни за јавно прикажување.

По создавање на сметката ќе добиете iD код од Canon. Овој iD код од Canon ќе ви биде потребен при секое вчитување и испраќање какви било содржини што сакате да се прикажат на Canon Gallery. iD кодот од Canon што го имате или што ќе го добиете може да се користи и за пристап до други услуги од Canon што се достапни на интернет. За целосната верзија на Правилата и условите за користење на вашиот iD код од Canon, ве молиме погледнете тука [http://www.canon-europe.com/consumer-accounts/tandc/]. Преостанатите Правила и услови на оваа страница се однесуваат на веб-страницата Canon Gallery и начинот на кој можете да ја користите и претставуваат дополнување на целосните Правила и услови што се однесуваат на вашиот iD код од Canon. 

2. Кој може да користи Canon Gallery?

Откако ќе направите сметка, ќе можете да испраќате Содржини што ќе се прикажат јавно на Canon Gallery, доколку се наоѓате во Европа, Средниот Исток и Африка и сте на возраст од 18 или повеќе години. Секој може да пристапи и да гледа содржини од Canon Gallery. Меѓутоа, само сопственик на сметка може да вчитува и испраќа Содржини во Canon Gallery. Сопствениците на сметки на помала возраст од 18 години, само со дозвола од родител или старател, имаат право да се регистрираат и/или да направат сметка и да испраќаат Содржини.

3. Користење на вашите Содржини

Потврдувате дека вашите Содржини се ваши лични оригинални дела, не се навредливи или незаконски и не прекршуваат ничии права (вклучувајќи ги и правата за приватност).

Вие ги задржувате сите авторски права за сите Содржини што ги испраќате, но се согласувате дека Canon може да ги прикажува вашите Содржини во Canon Gallery, Canon Showcase, на платформите за социјални медиуми на Canon (http://www.canon-europe.com/about_us/social-networks/) и на веб-страниците на Canon во регионот EMEA („Веб-страници“) без никакви трошоци и засекогаш.

Canon ќе ве наведе Вас, сопственикот на сметката, како автор на Содржините што ги испраќате доколку ги прикаже тие Содржини на Веб-страниците. Ако не сте автор на Содржините што ги испраќате, тогаш треба да добиете согласност од авторот за да ги испратите Содржините под вашето име и за да бидете наведени како автор на тие содржини.

4. Како може Canon да ги користи вашите Содржини

Canon го задржува правото по сопствена и апсолутна желба да одлучи дали ќе ги прикаже сите Содржини што ги испраќате. 

Сите испратени Содржини ќе ги провери Canon, или назначен агент, за да се утврди дали Содржините се соодветни за прикажување на Веб-страниците. Canon може да одлучи да не прикаже одредени Содржини што ќе ги испратите поради многубројни причини, па затоа ве молиме да не се навредите или вознемирите доколку Canon одлучи да не ги прикаже вашите Содржини.

За да можат одредени Содржини да се прикажат на Веб-страниците, Canon можеби ќе треба да ги отсече, да им ја намали големината или да ги промени вашите Содржини на некој друг начин поради условите за приказ на Веб-страниците. Со испраќање на вашите Содржини, се согласувате Canon да може да ги менува вашите Содржини таму каде што Canon ќе смета дека е потребно.

5. Canon го задржува правото да контактира со Вас

Canon може да посака да контактира со Вас за одредени Содржини, на пример, ако Canon посака да ги искористи вашите Содржини во Canon Showcase. Поради тоа, се согласувате Canon или агентот што ќе биде назначен да контактираат со Вас преку адресата за контакт што сте ја впишале при создавањето на вашата сметка. 

6. Права на трети страни

Треба да добиете согласност од сите сопственици на права во улога на трети страни за вашите Содржини пред да ги испратите за јавно прикажување на Веб-страниците.

Сопственик на права може да биде име на компанија или бренд во улога на трета страна, лице што е прикажано на сликата или некоја позната градба. Треба да бидете сигурни дека ги имате сите потребни права и согласности пред да ги испратите вашите Содржини за прикажување. При испраќање на Содржините, Canon ќе „смета“ дека ги имате сите потребни права и дека сте добиле согласност од сите луѓе или брендови прикажани во Содржините. Canon нема да прифати никаква одговорност за прекршување на правата на третите страни со прикажување на вашите Содржини на Веб-страниците што можат да произлезат од вашето испраќање на Содржините и ќе ви ги препрати сите барања од третите страни.

7. Вашата одговорност

Вие сте одговорни за Содржините што ги испраќате.

Доколку некои Содржини што ќе ги испратите содржат нелегални материјали, Canon го задржува правото да ги проследи тие Содржини и вашите податоци за контакт до соодветните власти за понатамошна истрага. Поради тоа, се согласувате Canon да ги открие вашите податоци за контакт на соодветните власти во случај да испратите нелегални Содржини.

8. Вашите лични податоци

За повеќе информации за начинот на кој ги користиме корисничките информации, ве молиме погледнете ја нашата Политика за приватност на кориснички податоци.

9. Одрекување на одговорност

Canon се оградува, до максимален степен дозволен според законот, од сите услови, гаранции, репрезентации или други правила што се однесуваат на испораката или наводната испорака, неуспехот за испорака или доцнењето во испораката на какви било услуги поврзани со Canon Gallery или Canon Showcase, или какви било е-пораки поврзани со Canon Gallery или, пак, дека услугите се точни, целосни или ажурирани, што со помош на Дел 9 можат да имаат влијание помеѓу Canon и Вас, или на кој било друг начин можат индиректно да произлезат од или да бидат дел од овие Правила и услови, или какви било колатерални договори, независно дали се пропишани со закон или на некој друг начин. Разбирате и се согласувате дека користењето на Canon Gallery е на ваш ризик и дека Canon не гарантира дека Canon Gallery или каква било електронска комуникација поврзана со неа, или каква било услуга што е испорачана ќе ги задоволи вашите потреби или дека Canon Gallery нема да подлежи на прекини или грешки. Сите содржини или услуги што се испорачуваат преку или со помош на Canon Gallery од Canon се „ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ“ и се испорачуваат на принципот „ТАКА КАКО ШТО СЕ ДОСТАПНИ“ и Canon нема да врши никакво застапништво или усвојување, независно дали е директно или индиректно, во однос на Canon Gallery за содржините или услугите што се вклучени во, или достапни преку, Canon Gallery. Canon го задржува правото по своја желба да менува или повлекува од употреба какви било содржини или услуги што се нудат како дел од Canon Gallery.

10. Одговорност

Canon и која било друга компанија од групацијата Canon, како и сите нивни службеници, директори, вработени, акционери или агенти, се ослободуваат, до максимален степен дозволен според законот, од сите одговорности и обврски за каква било причинета загуба или оштета која може да ја претрпите вие или која било друга трета страна, (вклучувајќи без ограничувања, какви било директни, индиректни, казнени или последователни загуби или оштетувања или, пак какви било загуби на приход, профит, добра волја, податоци, договори, пари или други загуби и оштетувања) кои можат да произлезат од или се поврзани на каков било начин со деловниот прекин, и без разлика дали се поврзани со прекршок (вклучувајќи и небрежност без ограничувања), договор или на кој било друг начин со Canon Gallery или се поврзани со употребата, неможноста за користење или со резултатите од користењето на Canon Gallery, какви било електронски комуникации поврзани со Canon Gallery или какви било испорачани услуги, какви било веб-страници поврзани со Canon Gallery или материјалите на тие веб-страници, вклучувајќи, но и не ограничувајќи се со загуби или оштетувања поради вируси што можат да ја нападнат вашата компјутерска опрема, софтверот, податоците или слично поради тоа што пристапувате до, ја користите или пребарувате во Canon Gallery или преземате какви било материјали од Canon Gallery или какви било други веб-страници поврзани со Canon Gallery. Тоа нема да влијае врз вашите законски права.

11. Заштитен знак на Canon

Никој не смее да ги прикажува или користи на каков било начин заштитните знаци или лого ознаките на Canon или групацијата Canon без претходна пишана дозвола од Canon.

12. Конфликт на закони и форум

Овие Правила и услови и сите други спорови поврзани со нив ќе бидат регулирани од страна на законот во Англија и Велс, а споровите поврзани со овие Правила и услови ќе се решаваат во судот на Англија и Велс.

Како корисник, може да ви биде дозволено да ги пренесете судските постапки во вашите локални судови и тие да се одвиваат на вашиот јазик. Ќе ви биде дозволено локалната организација за кориснички совети да ве советува за вашите права. Овие правила и услови не ги ограничуваат вашите законски права.

13. Податоци за Canon Europa N.V.

Canon Europa N.V.
Bovenkerkerweg 59
1185 XB Amstelveen
Холандија
Тел. 0031 20 545 8545
Факс 0031 20 545 8222
Регистарски број на компанијата: 33166721
VAT бр.: NL005916343B01

14. Авторски права

Авторски права © Canon Europa N.V. Сите права се задржани. Строго се забранува копирање, дистрибуција, одново издавање или менување на какви било информации, слики и заштитни знаци што се појавуваат на Веб-страниците.