Позната и под името „Calcio Fiorentino“, насилната игра „Calcio Storico“ (историски фудбал) се игра само во Фиренца во јуни и само помеѓу четири екипи што ги претставуваат четирите квартови на градот.

Играта потекнува од XV век и на почетокот ја играле само аристократите, а понекогаш дури и тогашниот папа. Насилството својствено за играта потекнува од насилното доба. Семејните ривалства во средновековна Фиренца (градот на прочуените Медичи) честопати создавале хаос.

Современиот натпревар - две полуфиналиња по кои следи финалето - се одржува на песочниот плоштад пред црквата Santa Croce од XIV век.

Правилата се едноставни. Педесет минути откако ќе пукне топот, две екипи од по дваесет и седум мажи се обидуваат да ја префрлат топката преку ограда од 1,2 метри (4ft) на краевите на теренот и со тоа да постигнат гол (caccia (поен)). Ако промашат, противникот добива половина поен.

Натпреварувачите смеат да ги користат и рацете и нозете за да ја подадат топката и смеат да ги попречуваат противниците со боречки зафати - или на кој било друг начин. Пролевањето крв е неизбежно. Се губат нерви. А сепак, на некој начин се задржуваат достоинството и почитта.

Победничката екипа не крева голем сребрен пехар, туку добива крава како награда.

Calcio Storico е само една од интересните, необични и возбудливи можности што ги нуди светот ако сте расположени да истражувате малку подалеку, да свртите на друг агол, да тргнете лево кога вообичаено одите десно. Canon ве кани да ги откриете и доловите со фотографии или со подвижни слики. Come and see.