burano-italia-estelle-moreau.jpg

Запознајте ги сурферите: Tao, Alex и Karina

Откако ќе се навикнете на првичниот шок дека има бранови на река среде Минхен, ви следува уште еден шок од оние кои секојдневно сурфаат на нив. Покрај едноставните забелешки на новаците наспроти извежбаните ветерани, до израз доаѓа и личноста која секој сурфер ја носи со себе на брановите. Се сретнавме со тројца од најпрочуените локални сурфери на реката Ајсбах за да ја раскажеме нашата најнова ‘Come and See’ приказна, City Surfers.

Tao, 33, кој преку ден работи како индустриски инженер, има две европски првенства под појасот и е најбрзото нешто на реката Ајсбах. Највпечатливо кај Тао е колку лесно прави да изгледа целата работа. Како да е во бестежинска состојба на штицата, тој си игра со бранот, никогаш не се бори со него. Објаснува, „Кога сурфам на бранот секогаш се обидувам да не размислувам за ништо. Знаете, тоа едноставно се случува, во тоа и се состои сурфањето, да го ослободите умот кога сурфате“.

Tao зборува за сурфањето како тоа да е повеќе филозофија отколку спорт, опишувајќи го како низа на неповторливи моменти: „Мислам дека совршениот момент зависи од самиот момент, знаете. Доаѓате, а таму има само двајца или тројца луѓе, врне снег, ноќе е, сончево е, но најважно е вашето внатрешно чувство. Секој бран е различен, секој момент е различен, невозможно е повторно да се долови истиот момент“.

Alex и Karina се двојка која се споила поради реката Ајсбах. Karina објаснува, „Кога јас и Alex заедно сурфаме на бранот, тоа е нашиот предизвик, бидејќи имаме нешто што го споделуваме и во што уживаме и што го сакаме, тоа е за нас вистинската работа“.

Alex, 37, локален фотограф и снимател, сурфа овде речиси цела деценија, но неговата љубов кон сурфањето дошла од неговото детство во Бразил. Тој вели, „Почнав да сурфам кога имав 5 години, татко ми ме стави на штицата и оттогаш сум навлечен“. Продолжува, „Сурфањето во градот е неверојатно, мислам, вакво опкружување не може да се најде на друго место. На ниту едно друго место на светот нема да најдете речен бран во самиот центар на градот“. Alex покажува храброст на вистински шоумен, но според него, овде не се работи за тоа дали ве гледаат или ви се восхитуваат. „Ова е спорт каде што е потребно да пронајдете хармонија со природата за вистински да уживате во него. Како спорт, малку е индивидуален, но можете да сурфате и заедно со добрите пријатели и добрите луѓе. Тој всушност го истакнува најдоброто во мене бидејќи тогаш сум во својот елемент, а тоа е водата.“

Karina, 25, е сосема поинаква. Оваа пргава студентка на спортски науки е апсолутно бестрашна на водата. Таа вели, „Видов една штица за сурфање на пазар, а отсекогаш сум сакала да сурфам, но немав пари да отидам на некоја далечна дестинација, па така ја набавив за 50 евра и решив да ја испробам на Ајсбах по секоја цена. Едноставно отидов таму, ја ставив штицата во вода, врнеше снег, и си реков - еве ме“. Пет години подоцна, Karina е европски шампион.

Разгледајте го нашето интерактивно доживување City Surfer тука.