burano-italia-estelle-moreau.jpg

Приказната на бранот

Полноќ е, се наоѓате во центарот на градот; да сурфаме!

Чудно е чувството кога за прв пат ќе се најдете на Ајсбах во Минхен. Над вечерната врева на градот одеднаш слушате неверојатен наплив на вода, гледате луѓе кои се надвиснале од мостот, гледајќи надолу, и веќе сте заинтересирани. Погледнувате преку работ и ги гледате нив, сурферите.

Минхен во Германија е домот на речното сурфање од 1972 година, кога Arthur Pauli прв сурфаше на Floßlände. Иако има неколку места за сурфање во Минхен, Ајсбах („леден поток“ на германски) ги привлекува сурферите секој ден и ги воодушевува гледачите од целиот свет. Затоа ви ја раскажуваме нашата најнова приказна ‘Come And See’, City Surfers.

Оваа река долга 2 километри, одвоена од реката Исар, тече низ најголемиот парк во Минхен, Englischer Garten. Постојаниот бран е создаден со прецизно поставени бетонски блокови на дното на реката. Импровизираниот систем со штици и јажиња дури и им овозможува на сурферите да го обликуваат бранот. Како што вели Alex, еден од нашите сурфери, „Разликата помеѓу сурфање во океанот и во реката е дека во океанот бранот ве турка, а во реката бранот ве влече, така што распределбата на вашата тежина на штицата е различно“. Звучи опасно? Па, и е. Тоа не е место за сурфери-почетници, всушност, до 2010 година било нелегално да се сурфа на реката Ајсбах, а на конструкцијата за бранови ѝ се заканувало уривање сè додека локалната заедница не потпишала петиција за нејзино зачувување.

Овдешната заедница е блиску поврзана и очигледно е дека оние кои сурфаат на бранот се неверојатно мотивирани да го заштитат. Новаците не се добредојдени сè додека не се докажат на еден помал бран, неколку стотини метри подалеку по течението на реката. Karina, уште една од нашите сурфери: „Ако влезете, влезени сте, но многу е тешко да влезете“.

Неверојатно е да се набљудува невербалната политика на Ајсбах; демократското, уредно застанување во ред на сурферите, тивката тензија на натпреварувањето која прекинува само кога се оддава признание за одличен потег со тропање на штиците. Иако секој сурфер сам се справува со бранот над кој постојано поминува, сепак сите сурфери на одреден начин се поврзани.

Разгледајте го нашето интерактивно доживување City Surfer тука.