Shooting a vignette with Nehemias Colindres

Снимање вињета со Nehemias Colindres

Фотографот и режисер, Nehemias Colindres, ги споделува неговите три најдобри водичи за снимање видеоснимки: снимање вињета, совети за режисери и преку објективот.

За снимање на некоја сцена, или „вињета“ како што се нарекува во комерцијалниот свет, треба внимателно планирање и разбирање кое се стекнува со тек на време.

Штом ги создадете параметрите (визуелни примери кои претставуваат што сакате да постигнете) и наративот (пишаниот опис за тоа што ќе се случува во вињетата), треба добро да знаете што сакате да постигнете.

Направете распоред за да ја означите секоја снимка, имајќи го предвид објективот што сакате да го користите за сликата. Не грижете се ако не знаете да цртате, дури и обичното скицирање може да ви помогне во визуелното претставување на конечната вињета.

Може да користите и слики од сцени од други филмови што мислите дека ќе ви одговараат како референтен материјал. Запомнете, ова не е крадење. Сепак, сите ние си влијаеме меѓусебно. Вие нема да измислите нова уметност на снимање, но можете да ја надополните тековната со ваше поглавје.

Пред да започнете да снимате, најдобро е да го разгледате движењето на камерата и да го поделите со ознаки и да знаете што сакате да постигнете во сцената.

Потоа ќе треба да минете низ сцената заедно со актерите. Во зависност од квалитетот на актерите, јас ги упростувам задачите или работам со нив и им давам предизвици со кои и тие ќе придонесат нешто повеќе. Независно од нивото на искуство, вие сте задолжени да им зададете емотивна или ментална цел.

Тие мора да сфатат во каква состојба треба да бидат. Сакам да го водам актерот низ сцената, но и да го набљудувам преку камерата. Потоа се обидувам да пронајдам одредени снимки, а понекогаш наидувам на неочекувани идеални слики што не сум ги планирал. 

Откако ќе ја снимам сцената во една снимка, доловувам одредени детали што можат да ја надополнат сцената со поинакви елементи. Изборот зависи од вашиот стил и од видот на филмот што го снимате. 

Потоа се подготвувам за портрет. Портретите можат да внесат енергија во вашето дело, но притоа мора да се погрижите актерот или субјектот да се чувствуваат удобно. Давајте им совети. Јас најчесто им кажувам на актерите да се свртат настрана, да вдишат длабоко, а потоа да се свртат кон камерата и да издишат. Ако на тој начин не го постигнам саканиот изглед, тогаш им ја менувам положбата и ги замолувам да го променат изгледот на лицето. Ако не го добиете саканиот резултат по неколку слики, тогаш е подобро да престанете да се мачите. 

На крајот, вашата вињета треба да се разложи доволно за да добиете колку што е можно повеќе опции при уредувањето. Можеби ќе ви се допадне како единечна слика, но ако сте поискусни во уредувањето, тогаш можете да внесете елементи и од вашиот стил. 

Многу е важно да ги контролирате сите аспекти, но важно е и да знаете кога да престанете и да им дадете малку слобода на луѓето околу вас, почнувајќи од вашите субјекти па сè до настаните што можат да се појават случајно.

Запомнете, добриот режисер е добар исто колку и процесот на размислување и планирање што се применува во нивните филмови.