hero-header.jpg

Преку објективот со Nehemias Colindres

Фотографот и режисер, Nehemias Colindres, ги споделува неговите три најдобри водичи за снимање видеоснимки: снимање вињета, совети за режисери и преку објективот.

Кога прв пат почнав да размислувам за овој проект, веднаш се возбудив. 24 часа во Берлин за отсликување на срцето и душата на градот преку објективот на камерата.

Сакав да ја купам EOS C300 од Canon за која имав слушнато многу добри критики. Таа се рекламира како надградба на EOS 5D Mark III од Canon, но јас сакав лично да се уверам во тоа, не можев да се потпрам на просечните водичи на Vimeo. Сакав да дознам дали може да се прилагоди на мојот начин на снимање.

Затоа ги користевме EOS C300 од Canon и EOS 5D Mark III од Canon, во комбинација со постари модели на примарни објективи K-35 од Canon. Јас вообичаено користам постари објективи, па затоа бевме импресионирани од квалитетот на стаклото и сликите што ги снимивме.

Кај сцената од концертот, немавме многу контрола врз начинот на кој се одвиваа работите, па затоа моравме да бидеме подготвени да снимиме сè. Успеавме да снимиме неколку важни портрети од членовите кои внесоа повеќе чувства во филмот.

Кога ја снимавме танчарката, моравме да внимаваме на нејзиниот танц кој повеќе беше еден вид на интерпретација отколку кореографија. Ја насочував во некои аспекти за да снимам одредени слики и движења, но постојано трчавме со неа и се обидувавме да ја следиме, а камерата одлично си ја заврши работата.

Оваа сцена ја снимавме со 50 слики во секунда и тоа многу ни помогна бидејќи некои нејзини движења беа толку брзи што ако снимавме со помала брзина публиката нема да ги забележи. Камерата одговара за снимање и на нејзиниот стил, а при обработката успеавме да внесеме уште повеќе чувства.

Целиот филм го снимивме во текот на истиот ден. Пред да почнеме, поразговарав со Steve Ellery – бизнисменот во последната сцена - и му зададов предизвик. Не му кажав каков треба да биде крајот.

Секогаш сакам да оставам простор за оние прекрасни грешки што ќе го издигнат филмот на повисоко ниво. Панкерите беа ангажирани на улица и им кажав да прават работи што секојдневно ги прават. Тие обично си ги потстрижуваат косите, па одлучив да го снимам тоа. Генерално, сакав да ги набљудувам нив и нивниот животен стил без да им давам премногу инструкции, а сметам дека одлично си ја завршија работата.

Можам да заклучам дека EOS C300 од Canon дефинитивно претставува подобрување, но ако ви треба флексибилност, би ви препорачал да снимате и со EOS 5D Mark III од Canon бидејќи нуди одлична флексибилност при слаба осветленост.