Wilder Story by Loraraine Poole

Вашите фотографии ќе ни станат омилени: Луѓе и портрети

Од задоволни лица на балтичките плажи до занаетчија покрај морето кој се задлабочил во работата, овој месец ни испративте прекрасни портрети и ни прикажавте интересни луѓе од најдалечните краеви. Ова е нашиот избор од сликите што ги споделивте во нашата Галерија.

Dreams of the Sea од Nikolai Pogodin

„Оваа фотографија ја снимив во Вислански Провлак (Vistula Spit), на брегот на Балтичкото море – најзападниот дел на модерна Русија и Источна Прусија. Овде можете навистина да ја почувствувате историјата – местото изгледа како воопшто да не дошло во допир со модерниот живот.

Додека се шетав на брегот, покрај делумно уништените воени хангари Luftwaffe, здогледав момче кое седи на ѕид од тули покрај водата. Тоа зјапаше во тиркизното море, како да размислува за минатото на местото и за сопствената иднина. Ваквиот контраст ми се допаѓа, а исто така и сликата со квалитет како од соништата која всушност отсликува сурова реалност. Ме потсети на моето детство.

Оваа слика ја снимив со мојот EOS 6D од Canon и објективот EF 24-105 L IS USM. Најчесто фотографирам во форматот RAW во режим за приоритет на решетка. Оваа слика ја снимив со f/9, ISO 100 и фокусна должина од 35mm.“


Mr Potter од Lorraine Poole

„Минатиот август отпатував во Лајм Реџис во Дорсет, Англија бидејќи една моја фотографија учествуваше на изложба. Кога пристигнав, дознав дека веќе се продала и веќе не беше изложена. Бидејќи имав многу слободно време, одлучив да го разгледам овој прекрасен приморски град и да пронајдам одлични прилики за фотографирање на локалните луѓе и туристите. Поминав покрај мала и темна колиба со ширум отворена врата и, бидејќи сум многу љубопитен, влегов за да видам што има внатре. Некој локален грнчар привршуваше со изработката на чаши што сакал да ги продаде. Изгледаше како стар морски грнчар, со престилка извалкана од глина, истоштен изглед и огромна брада. Беше сам и длабоко замислен во работата, опкружен со глина, длабоки и плитки садови и разни глинени предмети закачени насекаде по старите варосани ѕидови. Стоев и го гледав како работи и снимив неколку фотографии обидувајќи се да ја доловам неговата мирна природа и вештина.

За да добијам слика со многу контраст и детали, користев ISO 800. Сакав максимално да ја искористам светлината внатре и не сакам да користам блиц. Избрав решетка од f/4.5. Она што ми се допаѓа во портретот е грнчарот во својата природна средина. Тоа дава прекрасен контекст на неговата личност и вокација.

Оваа фотографија ја снимив со мојот EOS 6D од Canon и објективот EF 24mm-105mm L од Canon.“

Споделете ги вашите слики

Дали сакате да прикажеме ваша фотографија тука? Темата на следниот месец е игра со светлина. Доловете го изгрејсонцето, снимете ја магијата на самракот или бидете смели и експериментирајте со вашиот блиц. Бидете креативни со светлината и споделете ги вашите фотографии во нашата Галерија.

Испратете ги вашите фотографии