Доловување на атмосферата при слаба осветленост

Не секогаш ви е потребен DSLR фотоапарат и статив за да ја доловите атмосферата на сцената при слаба осветленост. Иако таквото поставување ќе ви обезбеди одлични резултати, можно е да ви ја ограничи подвижноста. А тоа не е идеално кога, на пример, го фотографирате животот во дивината.

Користењето компактен фотоапарат може да ви понуди поголема слобода за да се движите помеѓу снимките и местата за снимање.

А, ако поседувате некој од многубројните компактни фотоапарати на Canon со HS систем, и со него ќе можете да постигнете одлични резултати при слаба осветленост. Моќниот процесор DIGIC и сензорот со голема чувствителност на системот HS овозможуваат прецизно доловување на реалната атмосфера и боја на моментот, исто како што ги гледате. Тоа значи дека можете да фотографирате сцени во самрак или темнина и да добиете избалансирани снимки.

Ако користите компактен фотоапарат како PowerShot G7 X, со неговиот поголем сензор и објектив со широк отвор на блендата, можете да добиете снимки со кои би се гордеел и корисник на DSLR.

Фотографирање при слаба осветленост