Правење резервна копија од вашите драгоцени спомени

Вашите фотографии и видеоснимки се бесценети. Тие се спомени од неповторливи моменти кои не можете повторно да ги создадете - затоа е неопходно редовно да правите резервна копија од нив. Сепак, не е секогаш лесно да се пронајде време за избор и зачувување на најдобрите. А колку подолго остануваат на мемориската картичка или во вашиот паметен телефон, толку е поверојатно дека ќе бидат изгубени или заборавени.

Токму затоа опциите за складирање на интернет нудат спокојство. Вчитувањето во услугата за складирање Cloud или во вашите омилени социјални мрежи значи дека вашите спомени нема лесно да се загубат. Нашите најнови фотоапарати со синхронизација на слики, сега можат да проверат дали има нови слики и да ги вчитаат во претпочитаната услуга Cloud или на социјалните медиуми како што се Flickr, Google Drive или irista од Canon. Исто така, можете да изберете вашите слики автоматски да се зачуваат во вашиот компјутер, паметен телефон или таблет-уред.

Доколку сте заинтересирани за правење резервна копија од вашите фотографии на интернет, разгледајте ја irista. Таа е платформа основана врз Cloud која ви овозможува да правите резервна копија од вашите збирки со фотографии и да уживате во нив како никогаш досега.

Направете резервна копија од фотографиите