Доловување на моментот

Доловувањето совршена снимка при фотографирање движења не зависи само од подготовката, туку и од изборот на самиот момент. Кога се работи за фотографирање спорт, треба да бидете запознаени со околината за да бидете на вистинското место, во вистинско време и со соодветна опрема за да го доловите моментот. Посетете го однапред местото на кое ќе се одржува настанот за да видите од каде и како можете најдобро да ги обликувате снимките.

Треба да имате и познавање за спортот што го фотографирате. Ако фотографирате фудбалски натпревар, на пример, обидете се да ги забележите вообичаените шеми на движење. Многу е полесно да снимите одлична фотографија ако можете однапред да предвидите дека ќе се случи нешто.

Понекогаш работите се случуваат толку брзо што нема време да реагирате. Вклучете го режимот за континуирано фотографирање во комбинација со континуираниот автоматски фокус AI Servo. Потоа насочете го фотоапаратот кон вашиот објект и притиснете го копчето за блендата до половина за да започнете со следењето. Кога ќе го притиснете копчето целосно, ќе снимите група фокусирани слики кои ќе ја зголемат веројатноста да ја добиете совршената снимка.

Брзината е различна кај различните модели на фотоапарати. На пример, EOS 7D Mark II се одликува со беспрекорен систем со огледало и бленда, како и со процесорот за слики DIGIC од Canon кој овозможува да фотографирате со неверојатна брзина од десет слики во секунда.

Фотографирање движења - Доловување на моментот