Снимање видеоснимки со филмски изглед

Постигнувањето на филмски изглед кога снимате видеоснимки е вешта уметност. Рамномерното фокусирање – кое овозможува вашиот главен објект да изгледа остро во вашиот кадар - е еден од начините за постигнување професионален изглед.

Сепак, оваа техника може да биде тешка за изведување без доволно вежбање. Доколку сакате да започнете, обидете се да фокусирате статичен објект додека одите кон него и прилагодувајте го објективот за да го држите постојано остар во вашиот кадар.

За да го привлечете вниманието на вашите гледачи кон главниот објект, земете го предвид заматувањето на заднината во вашите снимки додека го држите главниот објект во фокус или, пак, за широки снимки може е најдобро сите елементи да бидат во фокус.

Нашите најнови фотоапарати можат да помогнат во надминувањето на предизвиците од движењето на фокусот при снимањето, благодарение на технологијата за фокусирање со хибриден CMOS AF III. Таа овозможува рамномерно и автоматско следење и значи дека вашиот субјект секогаш ќе изгледа остро, дури и кога се движи низ вашиот кадар. Некои фотоапарати од Canon, исто така, имаат екран на допир за да ви помогнат едноставно да го префрлувате фокусот од еден на друг објект без да го допирате вашиот објектив. Треба само да го допрете вашиот објект на екранот за да го донесете во фокус. Резултатот претставува појасна видеоснимка со врвен изглед и филмско чувство.

Снимање слики со филмски изглед