За ова искачување користевме обучени професионалци и безбедносна опрема со дозвола од сопствениците на имотот, ве молиме да не се обидувате да копирате или пресоздавате никакви елементи од искачувањето.

Уживање и споделување на вашите фотографии и видеоснимки

Со текот на годините веројатно ќе соберете стотици фотографии со драгоцени спомени, од различни фотоапарати, мемориски картички и уреди. За да можете полесно да управувате и да уживате во нив секогаш кога ќе посакате, одлична идеја е да ги ставите сите на едно место.

Корисен совет за водење евиденција на толку многу слики е да ги прегледате вашите фотографии веднаш откако ќе ги снимите. На тој начин постои помала веројатност да ја оптоварите вашата колекција со слики кои повеќе нема да ги гледате. Размислете внимателно кои од нив сакате да ги зачувате. Ако ги погледнете на голем екран ќе можете да видите повеќе детали и тоа може да влијае врз вашата одлука за тоа кои се најдобри.

Canon Connect Station нуди едноставен начин за чување на вашите фотографии и видеоснимки на едно место, за да уживате во нив со пријателите и семејството на HD телевизорот во домот. Допрете го вашиот фотоапарат од Canon со динамички NFC за безжично да ги префрлите вашите слики или да увезете датотеки користејќи мемориска картичка или USB кабел. Connect Station, исто така, може да се користи за лесно споделување фотографии на социјалните медиуми и на албумите на интернет како irista, за безжично печатење и организирање многу спомени од различни уреди.

Споделете ги вашите фотографии