Фокусирани HD видеоснимки

DSLR фотоапаратите од Canon можат да ви помогнат да добиете одлични резултати при снимање видеоснимки. Тие ја дефокусираат заднината и ги нагласуваат објектите. На тој начин можете да добиете неверојатни резултати додека ги фотографирате своите пријатели, деца или во нашиот случај, дивите елени.

Кога снимате видеоснимки или фотографии, користењето поголема вредност на ISO ќе ви помогне да ги совладате предизвиците што ги наметнува слабата осветленост.

Кога снимате видеоснимки, најважно е да го држите фотоапаратот стабилно. Ако користите стандарден статив, статив со една ногарка или цврста подлога за потпора, ќе добиете поголема стабилност при снимањето. Кога се поместувате, правете го тоа полека и рамномерно за да се избегне чувството на избрзаност.

Фокусирањето може честопати да биде тешко. Но, нашата технологија за хибриден CMOS AF II автоматски го прилагодува фокусот за да можете јасно да ги доловите подвижните објекти. Тоа е исто како да имате на располагање ресурси за професионално снимање.

Фокусирани HD видеоснимки при слаба осветленост