Печатете и споделувајте од секоја локација

Понекогаш треба да ги отпечатите фотографиите снимени при слаба осветленост за да ги видите сите мали детали што ги доловил вашиот фотоапарат од Canon. Изработувањето физички примерок од фотографија на којашто сте работеле напорно ќе придонесе и вие и другите да ја цените повеќе. Денес печатењето не мора да вклучува напорно префрлување на датотеките во компјутерот, поврзување печатач и испраќање на фотографиите за печатење.

Ако вашиот фотоапарат од Canon има вграден Wi-Fi, тогаш можете да печатите директно со печатачот PIXMA од Canon или да направите резервна копија од омилените снимки во услугата Cloud.

Потоа можете да го користите софтверот Easy Photo Print+ за да печатите фотографии преку паметниот телефон или таблет-уредот директно од Facebook или Flickr или, пак, од апликациите за складирање на интернет како Dropbox и Google Drive.

Исто така, фотографиите можете да ги праќате кон печатачот во вашиот дом, во форма на поштенска картичка од тоа што сте го фотографирале. На тој начин, кога ќе се вратите дома ќе можете гордо да ги прикажете омилените снимки снимени при слаба осветленост.

Печатење фотографии снимени при слаба осветленост