Далечинско снимање од нови агли

Најкреативните слики најчесто се постигнуваат со гледање на сцената од поинаква перспектива. Тоа може буквално да значи стоење над група луѓе за да снимите групна фотографија, добивање безбеден пристап до најгорниот кат на вашата канцеларија за да го снимите градскиот пејзаж или едноставно држење на фотоапаратот над вашата глава за време на некој концерт. Иако снимањето слики на овој начин можеби не е секогаш практично, понекогаш може да биде исплатливо.

За среќа, нашата технологија за далечинско фотографирање ви овозможува да снимате фотографии од интересни агли и да ги надминувате вашите креативни граници. Можете да станете дел од кадарот кога снимате групни портрети или извонредни автопортрети, да снимате непредвидливи објекти на одредено растојание, како што се дивите животни, без да ги вознемирувате.

Повеќето наши најнови фотоапарати сега овозможуваат едноставно користење на вашиот паметен телефон како визир. На тој начин ќе можете да го контролирате фотоапаратот далечински. Едноставно поврзете го вашиот мобилен уред со фотоапаратот и активирајте ја апликацијата Canon Camera Connect. Ако имате NFC, тогаш само допрете ги двата уреда за да ги поврзете. Кога ќе го поставите фотоапаратот на стабилна подлога или на статив, ќе можете да го обликувате кадарот, да го прилагодувате фокусот и останатите поставки далечински преку вашиот паметен телефон. Тоа ви нуди слобода за истражување креативни агли и за создавање поинтересни приказни.

Далечинско снимање фотографии