A group of friends pose holding sparklers, facing the camera with their faces illuminated by the sparkler light.

Фотографирање забави

Како да снимате креативни фотографии од забави

Една од најдобрите работи за празничната сезона се забавите и настаните на кои се собираат пријателите или семејството за да се забавуваат, танцуваат, релаксираат и разговараат. Без разлика дали одите на средба со пријателите или на раскошна божиќна прослава со целото семејство, знаењето како да ја фотографирате забавата и веселбите на креативен начин ќе ви овозможи да создадете трајни спомени. Со овие корисни совети и техники ќе снимате извонредни фотографии од забави кои ќе ги споделуваат и ќе им се допаднат на сите.

1. Изберете ги најдобрите подесувања на фотоапаратот за забави во затворени простории

На забавите често има слабо осветлување и објекти во движење, па затоа е важно да проверите дали фотоапаратот е соодветно поставен за фотографирање во вакво опкружување.

Не треба да користите блиц, но ќе треба да проверите дали брзината на блендата е доволно голема за да го долови движењето. Поставете брзина на блендата од приближно 1/160 сек. или минимум 1/250 сек. и проверете дали решетката е релативно широко отворена (помал f-број). Поставувањето на ISO на средна или висока вредност, како ISO 3200 или ISO 6400, исто така ќе биде од корист.

2. Поставете го блицот под соодветен агол

Доколку користите блиц, поставете го на таков начин што ќе ги истакнува објектите. Доколку користите Speedlite блиц, наместо да го насочите директно кон тоа што се обидувате да го доловите, насочете го кон таванот за да светлината се одбива кон објектите. Ова не само што ќе создаде поприродно осветлување, туку и на вашите објекти ќе им биде поудобно.

Speedlite 470EX-AI, првиот блиц со интелигентно автоматско одбивање на светлината во светот, го избира оптималниот агол на одбивање преку процена на вашето опкружување и автоматско закосување на главата на блицот за да ја одбива светлината во соодветната точка на ѕидовите или на таванот - овозможувајќи ви да се фокусирате само на фотографирањето.

Доколку вашиот фотоапарат е опремен со Wi-Fi и можете да најдете надворешен блиц со можност за безжично поврзување - или доколку не користите безжично поврзување, но имате кабел за поврзување надворешен блиц - тогаш можете да го поставите блицот на една страна и можете да го активирате далечински.

3. Распрскајте ја светлината од вашиот блиц

Друг начин да добиете извонредни резултати од вашиот блиц е да користите капаче за распрскување на светлината или мал уред за меко осветлување врз главата на блицот. Ова ќе ја распространи и омекне светлината од блицот, овозможувајќи ви да добиете поприродни тонови на кожата додека го замрзнувате движењето.

4. Обидете се со неочекувано фотографирање

Сликите со позирање си имаат свое место, но ако сакате да доловувате природни изрази на радост на забава, неочекуваното снимање е вистинскиот избор.

Подолгиот објектив, како EF-S 17-55mm f/2.8 IS USM од Canon, ќе ви помогне да опфатите подалечни објекти во кадарот и ќе ви овозможи да фотографирате без да биде премногу очигледно дека фотоапаратот ви е насочен кон некој човек конкретно. Од истата причина, треба да го исклучите светлото за помош при AF на фотоапаратот.

Наместо да го користите блицот на фотоапаратот кога фотографирате неочекувано, подобро е да користите широка решетка и умерена-до-висока вредност на ISO за да објектите останат остри и фокусирани.

Не треба да користите блиц, но ќе треба да проверите дали брзината на блендата е доволно голема за да го долови движењето.

Слични написи
related article - OUTDOORS

ОТВОРЕН ПРОСТОР

10 совети што ќе ви помогнат да снимате подобри фотографии од огномети

Од најдобри подесувања на фотоапаратот до вклучување на вашето семејство и пријатели во кадарот, еве како да ја фотографирате радоста и магијата на огнометите.

Party Photography - related article 1

ХРАНА

Запознајте се со фотографот за храна Mike Tsang, кој снима вкусни движења

Снимањето движење отсекогаш претставувало страст за Mike Tsang, кој работи во Лондон како фотограф за гурманска храна. Прочитајте го нашето интервју со Mike за да дознаете како го замрзнува движењето за да ги долови кратките моменти.

related article - ACTION

АКЦИЈА

Снимање спектакуларни паркур движења со Samo Vidic

Спортскиот фотограф Samo Vidic ги споделува неговите совети за фотографирање паркур и урбани спортови.

5. Научете како да доловувате врвен ефект на замаглување

Без разлика да се работи за бројни трепкави светилки на божиќни елки или за обична свеќа, празничниот период е исполнет со блескави светилки кои може да ги претворите во прекрасни светлечки топки во заднината на вашите фотографии, со правилно поставување. Јапонскиот збор „bokeh“ се користи за да се опишат естетските особини на овие дефокусирани светли површини.

Заматените светли површини во заднината може да бидат големи и апстрактни или помали и појасно дефинирани, а може да бидете и креативни и да ги обликувате заматените светли површини во форма на ѕвезда, срце или новогодишна елка - дознајте како во видеозаписот погоре.

Ефектот најлесно се постигнува кога објективот ви е поставен на најшироката решетка, како f/2.8 или f/2, што ви овозможува да бидете мошне селективни за тоа каде фокусирате за да можете да го истакнете вашиот објект наспроти заматената заднина. Но, пријатни заматени светли површини може да добиете и со користење на помали решетки, како f/5.6. Засилете го ефектот со зголемување на растојанието помеѓу објектот и заднината или со приближување до вашиот објект.

6. Намалете ја брзината на блендата за да доловите заматено движење

Иако поголемите брзини на блендата ќе ви овозможат да снимите остри фотографии од објектите во движење, алтернативен пристап е да користите многу помала брзина на блендата за да создадете движење во сцената со статични објекти.

Поставете брзина на блендата од приближно 1/10 сек. или 1/20 сек., доколку фотографирате рачно и проверете дали статичниот (или релативно статичниот) објект јасно се гледа во сцената. Од голема корист е ако вашиот објектив има стабилизација на слика, бидејќи ќе овозможи сликите да останат остри при помали брзини на блендата. Некои фотоапарати имаат вградена IS и во тој случај стабилизацијата на слика на фотоапаратот ќе функционира со секој објектив.

Доколку користите статив, ќе можете да користите многу помали брзини на блендата за да го постигнете овој ефект. Активирајте ја блендата со користење на жично или безжично далечинско активирање, апликацијата Canon Camera Connect или на режимот за тајмер за снимател.

A woman throws her arms back amidst trails of light

7. Доловувајте траги од светлина на подиумот за танцување

Со контролирање на тоа кога фотоапаратот го активира блицот за време на експозицијата, можете да доловите разнобојни траги од светлина кои ја пренесуваат атмосферата на забавата на креативен начин, додека објектот останува остар. Изберете мала брзина на блендата од приближно една секунда и изберете помеѓу режимот за синхронизација со прва или со втора завеса во менито со опции за блицот на фотоапаратот.

Синхронизацијата со прва завеса е зададена опција на повеќето фотоапарати. Таа го активира блицот на почетокот од експозицијата и снима секакво заматување пред објектот. Синхронизацијата со втора завеса го активира блицот на крајот од експозицијата, снимајќи траги од светлина и други детали зад објектот.

8. Фокусирање на помалите детали

Не заборавајте дека сликите од прославите не мора секогаш да бидат исполнети со луѓе. Фокусирањето на помалите детали, без разлика дали се лампиони на елка, украси на маса за ручање или други предмети кои се застапени на прославата, може сè уште да биде ефективно во пренесувањето на атмосферата и значењето на настанот.

Доколку не можете да се доближите доволно блиску до вашиот објект со објективот што го користите, тогаш користете макро објектив, како EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM од Canon, EF-S 60mm f/2.8 Macro USM од Canon или EF 100mm f/2.8L Macro IS USM од Canon. Во меѓувреме, релативно широката опција, како EF-M 28mm f/3.5 Macro IS STM од Canon (за фотоапарати EOS M), ќе ви овозможи да се доближите, но сè уште овозможувајќи ви да доловите поголем дел од опкружувањето за да дадете контекст.

Напишано од Matt Golowczynski

Слични производи

  • Canon
  • Get Inspired
  • Како да снимате креативни фотографии од забави