Alan Rowan stands on the side of a hill, with yellow gorse bushes, grassy fields and a river in the valley behind him. He holds a compact camera to take a photo of the natural view.

Полноќен шетач: како Munro Moonwalker снима планински пејзажи

Кога Alan Rowan, новинар во национален весник, заврши со својата смена на полноќ, беше премногу возбуден за да спие. Како страстен планинар, откако ја напушти канцеларијата се упати веднаш кон шкотските планини. Искачувајќи се во темнината, го гледаше изгрејсонцето без никој наоколу и се спушташе додека остатокот од светот се будеше.

„Една од најубавите работи при будењето во ова време од ноќта е тоа што денот заживува заедно со вас,“ вели тој.

The sun sets over a low mountain landscape.

Уникатниот начин на живот на Alan му одговарал толку многу, што го живеел 20 години, вградувајќи ја својата страст за планините во работниот распоред и искачувајќи вкупно околу 300 врвови во ноќите.

Сега, како хонорарен новинар и автор, Alan има издадено две книги за своите полноќни авантури, а моментално работи и на третата, во која пишува за својата мисија да искачи по една планина на секоја полна месечина оваа година.

Неговата страст за ноќно качување подразбира дека неговиот ранец е секогаш спакуван и подготвен за поаѓање на кој било од највисоките врвови на Шкотска – авантури што ги документира како Munro Moonwalker на својот блог и социјалните мрежи.

На неговите патувања секогаш го придружува компактен фотоапарат од Canon, доволно мал за да го смести во џебот од јакната и со него да ги долови планинските пејзажи. „Секогаш е подобро да имате што помалку багаж, па затоа сакам да понесам одличен џебен фотоапарат,“ вели Alan. „Одам да ги видам планините и да фотографирам, а не да фотографирам додека сум на планина - постои разлика. Не сакам да се занимавам со менувањето објективи и слични работи. Затоа џебните фотоапарати се совршени за моите потреби.“

"Секоја слика раскажува своја приказна - таа е дневник на местата на коишто сте биле и на она што сте"

Alan го користеше фотоапаратот PowerShot SX740 HS за да ги овековечи спомените на планините. Освен што е пренослив и едноставен за користење, фотоапаратот се одликува со голем број моќни функции, од снимање 4K-видеоснимки до извонредниот оптички зум до 40x, што значи дека може да ги фотографира деталите во близина, но и дивиот свет и објектите во далечината.

„Фотографирањето е навистина важно за мене,“ вели тој. „Секоја слика раскажува своја приказна - таа е дневник на местата на коишто сте биле и на она што сте. Таа исто така е начин да им го покажете на луѓето она што го пропуштаат. Многупати кога ќе се искачите на планината, си помислувате, „Ќе беше одлично тој-и-тој да можеше да го види ова.“ Тоа е одлично наследство - фотографиите ќе се пренесуваат на идните колена и се надевам дека и моите внуци ќе уживаат да го гледаат она што сум го правел.“

Советите за фотографирање во природа на Alan

1. Понесете голем зум

Искачувањата на Alan го водат на места од кои може да ве фати вртоглавица и на кои доколку сакате да бидете безбедни, мора да се движите по добро познатите патеки. „Добриот зум значи дека кога ќе забележите диви животни како елени или грабливи птици, можете многу да им се приближите,“ вели тој.

„Ако видите некое животно на неколку километри оддалеченост, не можете да тргнете кон него за да го фотографирате бидејќи во меѓувреме тоа ќе си оди. Мора да можете да ја снимите фотографијата од онаму каде што сте.“

A rusty red boat sits in the middle of a lake on a sunny day
A close-up of the boat’s hull shows flaky red and blue paint with a metallic texture.

Canon PowerShot SX740 HS се одликува со оптички зум до 40x во компактно куќиште, со што овозможува детално снимање на далечните објекти, а технологијата ZoomPlus дигитално го удвојува оптичкиот зум за да се добие 80x со помало намалување на квалитетот во споредба со другите дигитални зумирања. На сликите прикажани погоре е користен зум од 80x за да се долови 'рѓата на трупот на брод во далечината.

Тој дури му овозможува на Alan одблизу да го снима небото навечер. „Работам на книга во која се работи за искачување на планините при полна месечина,“ вели тој. „Фотоапаратот со моќен зум ми овозможува да снимам фотографии одблизу.“

2. Бидете подготвени за акција

Режимите за групно снимање може да бидат навистина практични во планините. „Се наоѓате во огромен пејзаж, но честопати може да забележите движења на голема оддалеченост и имате само неколку секунди да преземете нешто,“ вели Alan. „Ако забележите движење во зеленилото, треба брзо да го доловите. Затоа, брзината на континуирано фотографирање Canon PowerShot SX740 HS ви дава огромна предност при снимањето на случувањата.“

Соодветен за фотографирање објекти во движење, од диви животни до школски спортски активности, овој режим за групно снимање со брзина од 10 слики во секунда доловува поголем дел од приказната.

3. Погрижете се да ги снимите фините детали

Слични написи
11 tips for city break photography

11 совети за фотографирање во градот

Како да извлечете максимум од вашиот фотоапарат во градот, доловувајќи ги духот и атмосферата на урбаната џунгла со неколку едноставни совети и трикови.

„Кога сте на врвот на планината, пред вас има прекрасна глетка која вие мора да ја доловите на најдобриот можен начин,“ вели Alan. Затоа е многу корисно да имате фотоапарат со можност за фотографирање со голема деталност. „Снимањето 4K-видеоснимки го доловува секое движење на тревата. Кога снимате во 4K, ги регистрирате малите детали кои во спротивно би исчезнале.“

Режимот за 4K-видео на Canon PowerShot SX740 HS нуди остра резолуција и овозможува снимање фотографии од видеоснимките. Alan открил и дека функцијата за снимање видеоснимки со забрзано движење е исто така одлична. „Снимањето со забрзано движење е одлично за изгрејсонца и зајдисонца. Може да го снимите променливото светло и различните бои во многу долга низа.“

4. Споделувајте во движење, каде и да сте

A purple and grey landscape lies on the floor with walking poles and a camera on top of it.

„Споделувањето стана многу, многу важно,“ вели Alan. „На социјалните мрежи, луѓето со нетрпение очекуваат да објавам нови приказни. Понекогаш кога нема да ги објавам, луѓето веднаш прашуваат, „Ја чекав оваа објава, каде е?““

Поврзувањето со Bluetooth и Wi-Fi на Canon PowerShot SX740 HS му овозможува на Alan да ги споделува своите слики во движење и да го поврзе фотоапаратот со својот мобилен телефон за да може да објавува новости од планината. Сликите автоматски се префрлуваат на неговиот телефон со помош на функцијата за автоматско префрлување на апликацијата Canon Camera Connect, а тој може и географски да ги означи своите фотографии преку GPS-приемникот на телефонот пред да ги објави на својот блог и на социјалните мрежи.

5. Користете стабилизација на слика за остри слики од дивиот свет и макро слики


Без разлика дали Alan ја фотографира својата внука како си игра во градината, или пак снима орел кој лета високо на небото, за него интелигентната стабилизација на сликата на PowerShot SX740 HS од Canon е од непроценливо значење за стабилноста на снимките и острината на сликите. Тој вели дека функционира подеднакво добро кај макро снимките како и кај движењата.

„Фотографирам одблиску гасеници, пеперутки и секакви работи за мојата внука и ѝ ги покажувам,“ вели тој. „Таа се радува и тоа нѐ поврзува. Одлично е тоа што сака да истражува. Ако имате млада генерација што се интересира за природата и природниот свет, тогаш нема ништо подобро од тоа.“

A macro shot shows bluebells with wet grass behind.

Напишано од Lucy Fulford

Слични написи



Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Погледнете ги сите написи
  • Canon
  • Get Inspired
  • Како Munro Moonwalker фотографира планини со PowerShot SX740 HS